Препораки за филм (општа)

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Во оваа тема препорачувајте филмови кои ви се допаднале, без разлика на жанрот. ОБАВЕЗНО НАПИШЕТЕ РЕЦЕНЗИЈА со што ќе ги заинтересирате останатите форумџии да го погледнат филмот, и ако сакате ставете трејлер :) Исто така ОБАВЕЗНО ПИШЕТЕ ГО ИМЕТО НА ФИЛМОТ бидејќи сликите и трејлерите често може да бидат избришани од сајтовите на кои се поставени.
 
  • Like
Реакции: Selma

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Parada
Филм за парадата на геј припадниците...нивната осуденост и нивната борба за своите права...;) Кој не го гледал обавезно да го гледа,има мн комични елементи плус Тони Михајловски глуми и е страшно комичен...:rofl
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Hereafter
http://www.imdb.com/title/tt1212419/?ref_=nv_sr_1

Драма која се врти околку 3 луѓе, еден американец медиум, една французинка новинар и едно момче британец, кои се допрени од смртта на различен начин. Режисер Clint Eastwood, главни улоги Matt Damon, Cecile de France и Bruce Dallas Howard.

 

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
62
18
Не е препорачливо да се гледа трејлер од филмов, најдобро ќе го доживеете филмов кога ќе го гледате „real-time“ :)

Филмот не е само со тепање. Ова многу го претпоставуваат поради името, дури и јас не го гледав филмов долго време бидејќи мислев дека е само со тепање. Иако има неколку сцени каде што има тепање (борење, или што и да е) - во филмот преовладуваат дијалозите и останатиот дел од сценариото.

Приказната е за еден нормален човек што пати од инсомнија и не може да спие. Инсомнијата го тера да „гледа“ некои работи што не се таму. Запознава еден продавач на сапун и...

Не е многу битна приказната колку што се битни филозофиите и психолошките забелешки за оптешството и луѓето. Неколку цитати:
"The things you own end up owning you"
"It's only after you've lost everything, that you're free to do anything"
"You're not your job. You're not how much money you have in the bank. You're not the car you drive. You're not the contents of your wallet. You're not your fucking khakis. You are the all-singing, all-dancing crap of the world."
оставам простор за ваша интерпретација на цитатите.

Мали ситници што многу ми се допаѓаат за филмот: името на главниот актер (нараторот) никогаш не го кажуваат во филмот и сеуште не е познато, на моменти - на милисекунда во филмот е прикажан споредниот актер, а на крајот од филмот има слика од голем к*р. Сериозно. Плус има и добар црн хумор во филмов.

Има уште многу мали, интересни, не толку битни факти за филмов, ама тие ќе ги прочитате откако ќе го изгледате филмов. Сигурно ќе сакате да знаете што е можно повеќе.

На крајот има голем plot twist што ви го менува цел филм.

9/10 моја оценка, а не би згрешил и 10/10 да му дадам. Мојот омилен филм.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Law Abiding Citizen - на типот ќе му го убијат семејството, па ќе го наместат во затвор. Од затвор цел град ќе го поремети. Страшно јак филм.
 
  • Like
Реакции: Scars, 4FUN and foREVer

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
The man from Earth. Не знам колку од вас би можеле да гледаат филм во кој е прикажана конверзација на повеќе луѓе и снимен е само во една соба, ама филов е меѓу моите омилени.
Beautiful Mind - по вистински настан, филм кој го опишува животот на еден од попознатите математичари Џон Неш. Обожавам шизофренички филмови:) Филмов е закон. Препорачувам.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,054
1,576
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
The man from Earth. Не знам колку од вас би можеле да гледаат филм во кој е прикажана конверзација на повеќе луѓе и снимен е само во една соба, ама филов е меѓу моите омилени.
Beautiful Mind - по вистински настан, филм кој го опишува животот на еден од попознатите математичари Џон Неш. Обожавам шизофренички филмови:) Филмов е закон. Препорачувам.
The Man from Earth ми е меѓу фаворитите во колекцијата. Небитно што цел филм е во една соба; не те остава да трепнеш до самиот крај.



Целестинско пророштво (2006). Направен според истоимената книга на Џемс Регфилд. Се работи за тим експерти кои треба да одгатнат едни древни списи кои црквата сака да ги уништи. Пораката е дека се во животот се случува со причина и дека треба секогаш да ја следиме интуицијата ... Доста добар филм според мене. Отвара прашања и тера на размислување.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
The Adventures of TinTin - ги надмина моите очекувања, си мислев дека ќе биде само префален поради Спилберг, но се излажав. Подолго време немам гледано така добар анимиран филм. Тин тин купува еден брод кој крие тајни кои ќе го воведат во неволји...

The Da Vinci Code - Одамна се спремав да го изгледам, и конечно го изгледав и можам да кажам дека ми стана еден од поомилените филмови, а и Том Хенкс е одличен во улогата на Роберт. Се случува убиство и Роберт (човек кој проучува симболи) е повикан од полицијата, бидејќи тој бил последниот на кој му се јавилa жртвата...
 
  • Like
Реакции: Faith

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
The Darkest Hour
Се изначекав за добра снимка, и кога го изгледав не сум многу воодушевен од тоа што го видов. Очекував хорор, а немаше ни х- од хорор. Повеќе е научно-фантастичен и им се допаднал на љубителите на овој жанр. Крајот за никаде. Може да се погледне само ако ептен нема што да се прави. Сепак ефектите (вонземјаните како се направени) се одлични и од таа точка на гледиште може да се погледне. Во филмот се работи за 5 луѓе во Москва кои започнуваат борба против вонземјани кои ја напаѓаат Земјата преку електричната енергија. Моја оцена 4/10.