Предлози и прашања поврзани со функционалноста на форумот

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
И јас лично сум за, единствено правило околу политика е, цитирам: „Црнобело форум“ нема да толерира политички теми и ставови кои директно или индиректно значат негирање на македонската нација, јазик и самобитност.
Ама сите тие теми веќе ги има - има тема околу тоа кое ни е потеклото, има тема за јазикот. Дупка во закон. :D
Не е споменато да не смее да се начнува било што околу политика. Дури секој на своја одговорност си пишува без да премине во црвените се подобри од плавите или ти си/не си Македонец што ги неќеш моиве, и дури нема лични навреди, не гледам зашто би немало.
Само би помогнало за поголема раздвиженост. (think)
Целата работа се врти околу тоа што политиката и партијата се толку испреплетени што скоро е невозможно да не се изостави едното од другото. Реално еве сега сме малце луѓе (едно 15тина) кои би дискутирале за дневните политички теми, и горе доле имаме некаков став неутрален каде не добиваме партиска директива (и бонус сокче со сендвич :zelen) за да го клукаме форумот за нечиви политички игри на шах. Но полтрончињата намирисуваат онаму каде може да се плукне повеќе. Реално ситуацијата е до толку мизерна кај нас во земјава што се користи секој ќош за отварање фронтови/партиска политичка пропаганда. Донекаде и ги разбирам луѓето што „питачат по штабови“ иако кутрите не знаат за ништо подобро од лепење плакати и дрндање на врхушката.
Со тоа што ќе ја подотвориме славината и им дадеме дозвола на таквите да пишуваат, ние не само што дозволуваме да се дискутира политика, туку им даваме дозвола на оние плакатолепачи безмилосно да си го промовираат својот идеал ѓоа ми ти ова е пазар па се` е дозволено.
Едно е да ја има клаузулата во правилникот и понекогаш да се прогледа низ прсти за некоја тема која бара лично гледиште, него ли да нема воопшто никакво правило и буквално да е дозволено секаква политичка дискусија. Затоа што прво, се наоѓаме во политичка криза моментално и секое место е „потребно за фронт“, второ не е ова као легализација на дрога па што сака нека праи членот си прави на себе штета. Тука се инволвираат многу повеќе работи, ресурси и луѓе, и некој може да одговара кривично ако ја прејде границата. А форумов треба да биде последно место за такви работи. За полтрончињата ете имаат портали, фејсбук, твитер.... Дискусиите секогаш ќе завршат со подебелиот крај.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
У право си Сале, не да не, али идеалите и заслепеноста се туркаат и по најобична тема ко СДК, се влечат по џипови во цркви, низ образование, итн.
Еве на претходнава страна што пишале за бомбите, е сосема океј тема за информирање и дискусија, која може да се држи под контрола баш ради таа некоја неутралност што ја има, а оној што ќе никне со „montirano e vie ste site retardirani sorosoidi sto neja razbirate dobrata namera zad ova“ и ќе предизвикува на вреѓање наместо аргументирање, нема да биде ништо поразличен за толерирање и санкционирање од Јеховини Сведоци вс. Православни или оние што спамаат по Интернет Заработка или Љубов и Секс ко да е личен огласник.
Знае да биде доста интересно ако се има на ум да не се става толку при срце нечие форумско мислење пошто истото не ни го менува животот.
Е сеа, тој дел знае да е easier said than done, и тука е сосема оправдан скептицизмот. (worried)
Тоа + што сме know-it-all Македонштина.

Ако сте/сме посериозни за таков подфорум, ќе се најде чаре, ако не, џабе шта би било кад би било.
 
Јеховините сведоци, заработувачите, и слични ним се бројат во промили додека овие се бројат у проценти. И тоа знаеш какви проценти? минимум 35% од населението. Бројките се ненормални, плакатолепачкото занаетчиство е дојдено до дереџе да ти егзистира фамилија колку лепак ќе потрошиш и на колку метри квадратни ќе залепиш плакат, што доведува до очајност кај тие 35%. И не е душевна храна као кај троловите и секташиве, ова е гола егзистенција за жал.
It will be easier than done можда на почетокот додека глутницата не се настрви на нас додека им го даваме просторот за некакво прехранување. Но на просјак не треба да му дадеш пари, бидејќи тој ќе купи лепак. Подобро однеси го некаде заедно да џапнете по една кифла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Навистина не Ви ја гледам причината да не се отвори тема за политика...убаво би било кога секој ќе има прилика да ги образложи своите ставови а истовремено да прочита туѓи.Нема да се бара професионалци на ова поле и ќе треба можеби построги правила но членовите ќе можат да се "позабават" со политички дискусии и тоа не само од домашната политика туку и од светската политика и друштво.Дискусиите би се воделе со аргументи а не со емоции.:)
 
Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
59
1,028
34
Дали само мене не ми ги отвора јутјуб видеата на форумов ? На било која тема да влезам денес каде има јутјуб видео не ми отвара а приметив и слики некој не ги прикажува.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дали само мене не ми ги отвора јутјуб видеата на форумов ? На било која тема да влезам денес каде има јутјуб видео не ми отвара а приметив и слики некој не ги прикажува.
До тебе е нешто. Провери си го браузерот т.е. пробај со друг браузер, апдејтирај флеш, чисти кеш и провери некоја екстензија да не блокира медија.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И јас лично сум за, единствено правило околу политика е, цитирам: „Црнобело форум“ нема да толерира политички теми и ставови кои директно или индиректно значат негирање на македонската нација, јазик и самобитност.
Ама сите тие теми веќе ги има - има тема околу тоа кое ни е потеклото, има тема за јазикот. Дупка во закон. :D
Не е споменато да не смее да се начнува било што околу политика. Дури секој на своја одговорност си пишува без да премине во црвените се подобри од плавите или ти си/не си Македонец што ги неќеш моиве, и дури нема лични навреди, не гледам зашто би немало.
Само би помогнало за поголема раздвиженост. (think)

...а сите нации во светот се замислени концепти, реални колку и еднорози :zelen, технички ова правило е бесмислено ама тоа е друга прича...

Инаку подобро би било да има таков подфорум него да нема, сосема е можно да се појават `активисти` само што нема потреба од толкава дефанзива, исто би било да се укине подфорумот за љубов и секс пошто може да се регистрира педофил или оној за животни пошто може да се зачлени зоофил :rofl
Ако се деси тоа е веќе друго прашање, тогаш би можело или требало да се реагира, така и со евентуално отварање на политика...
 
Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
59
1,028
34
Во потфорумот Култура и уметност да се стави дел за хоби и колекционерство.
Сакав да пишам таква таква тема ама нема соодветно место.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Во потфорумот Култура и уметност да се стави дел за хоби и колекционерство.
Сакав да пишам таква таква тема ама нема соодветно место.

Постои подфорум Хоби, мислам дека би можел тука да отвориш тема за колекционерство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and Marcello

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Чисто онака од досада, немам ни гости дома за велигденов, но ајде да започнам како и секој религиозен човек па Христос воскресе!

Сакам да прашам со функционалноста на форумот и нивните модератори т.е методот кој го користат за казнување. Најпрвин нека бидат фини и храбри кога ќе казнат со поени, да стигнува известување дека сум казнет. Типот ме казнува со изјава/причина дека неколку пати сум бил опоменуван - КОГА?

Второ, методот на казнување изгледа Ви е најлесен кога ќе се казнат двајцата и без притоа да не се обрни внимание за што се "дискутираше" со дотичната орхидеја, не ми текнува како и беше точно никот, па ваљда не сме многу да знаете која е.

Модераторот вика било офтопик, а ние како што реков, разговаравме во склоп на темата.

Значи најпрвин не казнува неправдено затоа што сме биле офтопик- А НЕ БЕВМЕ, и сум бил опоменуван- НИКОГАШ. И пак ќе речам пред да казните некого и доделите поени "како локуми", размислете еднаш,два пати... кој е иницијатор на таа конверзација која е остваривме, уствари не ни беше конверзација, ја препрашав три пати едно исто прашање на кое немаше одговор.

Се надевам ке ме удостоите со еден долгометражен одговор... @Makedonec @ipopovski

Со почит, поранешен Mjolnir