Беше ова година која како што ми донесе радости, така ми донесе и несреќа и тага. Но, сепак..се трудам да го запамтам само најдоброто од неа иако понекогаш лошото знае да те изгори до срце.
Ќе почнам од роденденот кој една единствена личност ми го направи незаборавен и ми покажа дека оние кои навистина те сакаат ќе те сакаат таков каков што си.
По прекрасните мигови минати низ Хрватска со моите играорци и настапот во најголемата сала во која досега сум настапила. Таа трема, таа еуфорија, чукањето на срцето. Едноставо незаборавно.
По карикатурата што ја добив од нив како поклон.
По смртта на вујко ми кој претерано многу ми недостасува.
По летниот одмор и бескрајно среќните утра кои ги доживеав тогаш.
По многубројните проблеми кои ни се испречија на патот, како и напорите кои ги правевме со моите за да ги решиме најдобро што можеме.
Ќе го памтам него-кој ми беше и ми е поддршка во секое време. Без него и оваа година не би била таква каква што беше. И јас не би била таква каква што сум.
Кај сум јас овде во комбинација, м? На пример што полни 5 пати се видовме годинава со тебе и љубениот твој, те во Скопје, те во Прилеп? Е затоа нема ни јас тебе да те спомнам!
А инаку, јас мојата ќе ја помнам по (хронолошки подредено):
Најубавата новогодишна ноќ во животот (со тогашната љубена);
Ракометното првенство во Србија, петтото место и срцепарателниот пораз од Данска во последната секунда (која потоа стана и шампион);
Неделата помината на интернационален семинар во Штип, седум дена полни љубов, ултра-жешки страсти, но тука се случи и мојата прва, најлоша, и се надевам единствена vodka-story во животот;
Заебаниот крај на најдолгата, тригодишна врска (со веќе споменатата партнерка), во април;
Факултетската диплома;
Фантастичната дружба на Пивофест, три прекрасни дена;
Летните понеделнички Хавана-свирки... Priceless!
9-11 октомври... Тежок лапсус на приватно поле;
Неколкуте конференции и семинари каде се појавив како толкувач/преведувач. Истовремено и неколку признанија, пофалници и сертификати за различни достигнувања и придонеси (се ориентирам и пред, и по Пивофестот за ова);
Стекнато прекрасно пријателство кое интензивно го одржувам со пријателка со италијанско-англиско потекло;
Една прекрасна саботна вечер во Т-клуб со многу драга личност во мојот живот;
И заклучно вечерва, поздравување со братучед ми кој утре заминува на едногодишни пост-дипломски студии во Лондон... Ќе ми недостасува.