Епа драги форумџии ни изминува и оваа година и останаа уште само 3 дена до крајот на истата.
Што е она што ви остави најголем впечаток во вашиот живот и по што ќе ја паметите оваа година која што изминува?
Јас морам да кажам дека и покрај тоа што имав многу убави моменти имаше и некои лоши и тажни моменти оваа година, но тие и не се толку важни иако ми оставија некаква трага во животот. Најпрво оваа година ќе ја паметам по многубројните успеси, интересните дружби и сл., а најмногу по мојот настап во МНТ кој што е едно несекојдневно случување не само за оваа година туку и целиот мој живот.
Епа, сега очекувам и вие да ги споделите ваши моменти од годинава која што изминува, а воедно ви ги честитам и претстојниве новогодишни и божиќни празници.