Годината на празните `одови. Еден голем процент и по своја вина, но многупати поради извисувањата во 5 до 12.
По успешната 2012та оваа имав зацртано доста планови, догаѓајки, но по некој сплет на околности повеќето се растурија при самиот крај. Првиот квартал беше релативно размрдан поради работата, така да ретко да наоѓав слободни часови за креативно мислење. Во вториот квартал - времето кога го собирав плодот од првиот, почна малку раскалашното живеење, честите дружби, непланираните патувања низ Македонијата... Третиот квартал поминат во денгуба (поради совпаѓањето со летниот одмор). Тука буквално нит креативност, нит желба за подобрување. Јуни - судир со еден сегмент за реалноста и прифаќање на истата како дел од животот
Крајот на септември - нагло нарушување на здравјето, страв од губење на животот, борба за истиот, влегување под режим. „Возобновување“ на едно старо пријателство.
Октомври. Свадби, дипломски, дружби, зачестени излегувања. Еден од најисполнетите месеци иако здравјето не е во највисока форма. Сепак креативните мисли на повидок, желба за живот онаков каков што самиот си го налагам.
Ноември. Топол и студен. Да се комплетира целата мисла на пропаднати планови, тука го додавам пропаднатиот дочек на едно другарче од Кина. Ослабнат 15кг, но кондициски тек допрва се доградувам, го дочекав декември завиткан во ќебе и дебели плетени чорапи. Студено е, кројам планови за иднава година, не толку високи како минатата, но доволни за добар старт. И да... прв пат после година дена настинат со блага кашлица.