По што ќе ја паметам годинава која привршува како и моите планови за следната

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Годинава ми беше како плодна жетва. Од вработување на мојот брат и мојот дечко, завршување на 2рата година факс навремено со супер просек, до раѓањето на моето внуче од мојата прва братучетка. Летото ги видов моите први братучеди кои дојдоја од канада по 8 години (тоа беше вистинска среќа) . ааа и исто така ми дојде една иновативна бизнис идеја во глава и сега интензивно работам на нејзино остварување, кое би требало да биде во наредната година.
Единствена лоша работа по која ќе ја памтам 2012 година е тоа што мојот дедо почина, и навистина периодот беше болен за нас, но знаејќи ја неговата состојба и колку многу се мачеше, би било себично од нас да сакавме да е физички присутен а секоја негова секунда во живот да му биде мачна.
Се надевам дека наредната ќе биде поуспешна на професионално ниво, во љубовта уште поинтензивна, и нормално сите што ги сакам и цело мое семејство да ми биде здраво и живо . Друго ништо не ми треба да понесам во новата година, Само здравјето од оваа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and WomanInRed

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Јануари
- да положам барем 2 од 3 испити
- да се испијанам со домашно вино
- да се испијанам со домашно вино 2 дел
- да фатам женска
- да запишам втор семестар
Феврари
- да фатам женска(ако ретходно не су мго напрајл то)
- да се испијанам
- да седнам да учам
Март
- да се испијанам
- да се фрлам гол во снег
април
- да заебам пензионер во вотрник или петок
- да зебам пензионер втор дел
- да положам некој колоквиум
мај
-да фатам женска(последна шанса во оваа учебна година)
- да се испијанам
-разни активности кои вклучуваат пиење
Јуни
- да исположам се шо имам на факултет
- да најдам работа
Јули
- годишен одмор
август
- да доположам то шо ми останало на факултет
-пиење, пиење и уште пиење
септември
- да бидам втора година на ФЕИТ
- да фатам нова женска
Октомври-
-пиење пак
-разни активности
Ноември
- да положам барем 2 од 4 колоквиуми
- пиење
Декември
- да положам барем 1 од 2 предмети
- да го прославам родендено со број 20ка
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Годинава беше како ролеркостер.
Бев на врвот, а го допрев и самото дно. Сфатив дека имам само 1 живот, и еве ме туркам некако.
Дојдов до тој степен амбициите да ме изедат, се отфрлив заради нив, веќе не го правам тоа.

Сфатив дека животот е составен од повеќе нешта, и дека не треба да запоставиш се друго, за да стигнеш до одредена цел.

Во 2013 сакам само здравје, затоа што кога бев на праг и него да го изгубам, сфатив колку вреди:)
За другото, сама ќе си се погрижам.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Годината која фрли доза светлина во мрачниот амбис наречен живот. Или така замислуван, поради тоа што претходната 2011 беше најлошото нешто што можеше да се случи досега. Во 2012 се десија доста патешествија - клучно нешто за да човек се осеќа исполнето. Ниш во март, неколку мали екскурзии низ македонијава, дружења во голема мера со луѓе од разни краишта на светот
Годината коа стапнав тука, запознав еден нов круг на прекрасни луѓе. Пролетта кога заминав на море поради средување на куќата. Ново искуство и приказ на морето какво што не го знам. Летувањето повторно на истото место, во собир на скоро цела наша генерација роднини (од 18 до 36 години). Обновување на старите врски со истите, запознавање и продлабочување на семејните корени. Дружба воглавном од првиот до последниот ден на одморот. Едно прекрасно изненадување што една другарка успеа некако да најде начин да ме посети на море, според мене најубавите моменти поминати поради тоа што се уклопи со тогашната консталација на друштво. Есента работна, со инсталирање на Windows home edition (прозорци), и подоцна подновување со лап-топ. Засилено барање на било каква работа, без некој посебен успех, според мене најнегативното нешто што се има случено.
Резолуција за 2012 ми е да најдам работа како клучна точка. Со тоа би можел да размислувам подругачие, би бил можда понедостапен физички, но би размислувал повеќе рационално околу трошење на времето. А тоа значи дека би користел повеќе згодни моменти, би работел многу повеќе на себе за изградување како личност. Вака малку се чувствувам како тонам во жабокречина.
Резолуција по приоритет број 2 е стапување во посериозна врска. Доста беа врткањата навака натака, време е малку порешителен настап.
Точка број 3 довршување на она каде што застанав во името на науката и конечно стекнување на титула високо образование.
Тоа е се за сега..
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Па кога ќе размислам убава година ми беше 2012 ...доста убави работи ми се случија...
за следната немам некои особени планови... нека си иде све по својот тек...
само сакам убаво да ми почне(како што е замислата,здравје):sreken
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Едноставен наслов... Што сметате, како ја поминавте оваа година?
Дали успеавте да исполните макар еден од условите кои си ги имавте поставено на почетокот?
Дали имаше несакани последици?

Што понатаму?
Колку ќе се придржувате врз она што го имате замислено?
Дали ќе оставите се` на случајноста, или ќе размислувате два чекори уназад?
Во кратко кои ќе бидат вашите планови следната година?

Оваа година беше ептен убава за мене и само една цел не реализирав целосно ама и тоа ќе биде набрзо.
Си поставив високи услови и нај битниот го исполнив иако имаше несакани последици на почеток ама после како си се средија работите тоа е чудо едно :D
Наредната година ќе биде напета осеќам ама имам план да се вработам и да ми се свиѓа таа работа, да се потпишеме во матично со мажето и евентуално да се почне да се мисли за деца ама оваа ми е долгорочна цел, ако не се исполни наредната година не е страшно ;) Битно среќна да биде :zelen
 

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола
Оваа година ги исчистив сите 3 години од факултетот.. па ми остана оваа тековната 4та ..
летото си го поминав супер .. па поставените цели околу 80 % ми се реализираа.. баш добра година за разлика од предходните..
па имам само една желба за наредната да биде како оваа и малку подобра ... да дипломирам во Јуни најкасно до септември па здравје Боже работа .. и така ..:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Се ближи крајот на 2012 година. По што ќе ја паметите ?

Јас по дипломирањето и запознавање на нови луѓе.
Ништо посебно не ми се случи оваа година, се надевам дека во 2013 година ме очекуват поубави работи. :)
Ако е дупла темава клуч.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
2012 по некои настани:
Технички аспект: се подновив со дигиталка, звучници, секаква придружна галантерија, екстерен хард диск.
Оној друг аспект: Мојата бивша се омажи, се зачленив на ЦрноБело, добивме нов шеф на работа. Титулата Европски шампион на Челзи. Осум месеци бев прва смена, смртта на дедо ми (после 2 и пол години појдов во Крушево), календарска година без женска.
----
Кратко резиме, сум преспал цела година