Во налет на досада и свежа инспирација, да се пишат и неколку збора за онлајн сељакот т.е. Double S - Сајбер сељак.
И онака во претходните постови прочитав „А што со форум сељаците?“, па да видиме малку општо за релацијата секи-интернет. Let's see...
За него најважно е да делува ко богаташ. И јебо. Опционално паметен.
Иако за себе тој е најпаметното суштество после (а може и пред) Ајнштајн, Тесла и Стивен Хокинг, сепак ретко се решава да игра на таа карта од страв дека најјакиот аргумент против некого ќе му е „Глуп си, јас сум во право *внеси опционална навреда, пцуење и опалување девојка и фамилија по список.*“
Онлајн секи знае само за фејсбук и скајп, оти мсн веќе не е во мода.
Ако е од постарите генерации, на времето висел на мирц со ник sexsi_boy_25cm_cam, а сега носталгично го користи истиот за на скајп. Оти ваму му носел среќа де, а и трејдмарк му е.
Секи на фб има 5000 пријатели од кои 90% се женски претставнички на неговата сорта и тук-таму по некоја што случајно навеала да го има во/на листа. Останатите 10% се другарите кои ги има ставено за браќа и со кои меѓусебно се величат.
Каверот му е обично со неговиот идол Вин Дизел или Шварцернегер од млаѓе дане, по могучност пропратен со лајф инспирејшнал реченица кажана од дотичниот у поетски занес.
Друга опција е газлеста женска покрај јака кола. Уште поарно - неговата кола или мотор, секако, ако ги има.
Трета опција што може да влезе во кадар се цела багра брајча крај колата + куче, најчесто од расите германски овчар ака волчјак, пит-бул или доберман. Во поретки случаи и хаски. Битно да е јако ко нив де.
Наш јебо на профилната обавезно покажува колку е имашен преку демонстрирање на горенаведените кола и/или мотор до кои е гордо застанат и подуен ко жаба за да изгледа покрупен. Екстра филинг на голото торзо додава крнтија ланецот (најчесто крст) на тотално завунета или тотално соголена, пилеќа груда, а по могучност и тетоважа за помафијашки филинг.
Рамбовки више не се во мода оти он е толку развиен што не го ни збираат, па мора да шета полугол. Прчење бицепс е голем плус, но е опционално т.е. во зависност е од тоа што јебич сака да истакне во прв план. Секако, тука е и незаборавната Миле Китич цвикера за екстра мафијашки изглед, а ако дал Господ и по некоја и
љадарка, или уште појако - долар/евро во рака.
А ако веќе држи пиштол (од братучед му, на дијаболи) и пасош, бидете сигурни дека е апла убица и најверојатно трговец со бело роб
ље, па затоа немојте многу да се закачате со него и остатокот од неговата долина на волци, оти ќе ве решат и ќе ги шверцуваат мајка ви и сестра ви!
Баграта секогаш има еден водич а ла Полат - идолот и сите потајно сакаат да се ко него.
Понекогаш може да се најде и слика од
Алка Поне, Алпа Чино, оној од Ране и остали идоли.
Неговата верна дружина е секогаш тука да коментира:
„bratcee si grmis! glavna faca niz grad! vidi fraer! jako kolice! ejjj decko, koj bese ti be? nesto mnogu si poznat! more gazda! bravo sefe! koga ke me povoziss?
“ итн.
На секи секој прв статус му е околу тоа колку е јак и ненадмашен, колку дундиња завртел и колку грмеле со брачата сношти, дрва и салати се правеле, a сето тоа е пропратено со крнтија од музиче, по могучност српски рап од калибарот на Сандокан. Секако, чек-ин во локалната биртија е задолжителен, доколку секи, у налет на узбуџење, знае да се снајде на мобилниот.
А после долу следат потврдни коментари од браќата-грмежи.
За него најголемо сајбер достигнување е кога
снајка ќе му стегне лајк на слика или објава, што автоматски за него значи дека истата сака да му запее на микрофонот. Друго нема, он е пожелен!
Коментарите му се најчесто од типот: Cccc bomba mackica, uste ja falam dotebe, sto bi ti pravel uff
А без да е свесен, најчесто преку социјалниве читачи се издава дека чита за голиот газ на Станија, цицките на Карлеуша и коментира у стил: Jaka baceee, dobra cicka drzi ohh.
Јебо истовремено боцка и пишува на минимум 10 женски од кои девет му удараат корпа, а десеттата го игнорира.
Кога ќе го доживее тоа фијаско, опалува статус: Шо ве е**м, курви, сега се правите важни, а колку пати сте ми дале.
Ако ни толку не му се мисли, ќе цитира нешто од Слаткар и смета дека ги навредил сите, им го покажал местото.
У случај да е поромантичен примерок, тажи или спушта ѕвезди со песните на брат Аца, маестро Синан, царот Китич, једини Шаулич, најјаката Цеца и остала компанија срцепарајучих поета.
И секако, браќата се пак тука за поддршка и да го потсетат колку е фраер.
Има уште многу за разглабување, а да не ги заборавиме ни понежните претставнички, ама за тоа во друга прилика.
У продужетак, ќе ве оставам да се дивите на уметноста на претставник од горенаведените.
You'll thank me later.
Има и фб страна, али тоа ко ценета информација, само по порака може да се добие.