Втора класификација- градски сељак.
Оваа групација се далеку полоши од селските сељаци. Значи не седат пред коперација и не пијат пиво во импресивни количини ама затоа пред излегување се прават дамла за да бидат опуштени во дискотеките. Е сега тука вино домашно се пие четворица 3 литри го пиат за два часа се слуша Харис Џинович и Аца Лукас уз пијанката и се излегува со црвени заби како некој зомби кои штотуку вечерале па одат да се забавуваат. Собиранката се прави од 4 до 5 души максимум зошто ако се повеќе не ќе ги пушта вратарот. Уз возењето до дискотеката се пуштаат срцепарачките песни и се дерат кој погласно тоа ти е како некоја акапела со неартикулирани вокали без диафрагма, по пат не е лошо да се манијачи по девојките и да се свире од време на време, а на некои примерни шофери мора да им се блиндира и да се пцуе ,зошто го кочите собраќајот кога нема толку фрекфенција по улиците.
Се стигнува пред дискотека тука се групираат по двајца и претежно чекаат девојчина за заедно да влезат со нив. Одредени групи сељаци се познаваат со вратарите и ноншалантно влегуваат мислиш градот го освоиле. Е сега се влегува внатре и се прави еден круг од озбилни фаци кои одвреме на време прошептуваат меѓусебно за некоја утакмица што ги заебала и колку сега се изреволтирани. Претежно застануваат до неколку неполнолетни девојки и започнуваат конверзација од типот: од кај сте вие , многу сте убави, како се викате, што ќе се напиете да ве почастиме... односно напети прашања во најопуштена атмосфера.
Ако успеат да ги излажат да ги однесат на некое место на кое потполно се вклопуваат во средината ќе ги фатат, ако не цела вечер ќе ги прашуваат нехумористични прашања. На секое прашање постои под прашање и тоа нема крај, пример.
Здраво јас сум Перо, како се викаш?
Девојката- Симона.
Од каде си?
Девојката- Од тука.
-Што работиш?
Девојката- Ништо.
-Каде поточно живееш?
Девојката- Видобишта.
- Го знајш Гоце боксерон таму шо живејт?
Девојката- него знам.
-Абе имат брат Спасе во водовот работит, го знајш само не ти теквит!?
Девојката- не го знам.
-Морат да го знајш, него сите го знает, и еден друг војнички другар имам од таму Кире се викат 2003 заедно служевме, го знајш?
-Девојката- не сум слушнала.
-Другаркати од кај е?
Девојката- исто и таа од видобишта.
-Шо не зборвит?..итн.
....... Цела вечер крстозбор се решава........ нема крај.....Ти шо одкај зш познаваш беше каде дојде овде вечерва да те малтретирам?
Почесто се наметнуваат и се сликаат со девојките за успомен и напоменуваат дека сликите одат на фејсбук и да се тагирани на сликата.
Наредно кога ќе се помеша црвеното вино со дупол коњак има лошо дејство стануваат агресивни, тука секој потег на девојките асоцира на секс, секое машко во дискотеката асоцира на непријател....безпотребна љубомора.
Околу облеката може и да не ги препознаеш ама околу однесувањето која аура ја имаат на километри се познава.
Многу често проводот го поминуваат во полициска станица, борба од фрустрација дека некој бил способен да има девојка.
Теорично се договараат- пиеме да се опуштиме пред излегување, одиме запознаваме пичина ги земаме дома ги сексаме и утре на кафе да си споделиме секс моменти.
Практично испаѓа- Пиеме се глупираме пред другите, малтретираме девојки, си одиме после на бурек и утре на кафе да зборуваме за пијанството.
Утредента сите на кафе со изветоперени фаци, ни од црвен крст не може да им помогнат девојки да си фатат.
За овие карактеристично е:
- глуп си ако работиш за 200 евра.
-глуп си ако читаш книги и слабо користиш фејсбук.
-глуп си ако одиш во дискотека а немаш намера да ебиш нешто.
-рокот, попот, металот се чиста глупост... или техно или турбофолк е права ствар.
-од книги само порно списанија, ливчина од спорска и тоалетна... Виктор Иго, Шекспир, Толстој се непознати, НЛО мистерија.
Доста е и за овие многу внимание им посветив.