Мислам дека постепено изумира сељаштвото, иако е можно да сум во заблуда пошто не сум женско
(најјака констатација денеска) не за друго - жените се многу поизложени на симптоми на сељачизам, посебно по угостителски објекти, плажи па и автобуски станици.
Ги нема оние класични појави како долг нокт на малиот прст, златен зуб, 4-5 прстени од по 200 денари на рака, златни ланац со трењерка, спојлери на југо и 1000 вати звучници на голф тројка. Иако се уште можат да се забележат цедеа на ретровизор мислам дека златното доба на сељачизмот некако пројде...или сега се камуфлираат подобро.
Кога ќе можеш сподели со нас некој испад на сељачана како цитираниот
(молба и за другите форумџики) ако сакаш, нормално
Пааа...50-50 си во право.
Имаше по нет фина поделба на класичен vs. модерен сељак, каде модерниов го мрази класичниот.
Мене модерниве ми се многу нафурани и нималку интересни, додека на класичниов ќе му простиш пошто бар од срце ќе те изнасмее.
Не знам за другиве места, ама бар по Куманово и Скопје не е изумрен сељачизмот, иако по Скопје чинам владеат овие помодерните, а златно Куманово во голем број уште ги крепи класичните. Не знам, немам начекано оттогаш нешто вредно ко погорниот. Единствено вчера на цигара излезе еден набиен, со дебел, златен ланец и истетовиран крст позади на вратот. Ама тоа и не е нешто спектакуларно веќе.
И еден баце од секјурити со наочара на врат. Не на ланче, па да виси, него баш на врат ставена однапред, а рачките позади си штрчат.
Си имам и колаж за кумановскиве.
@Ranta заебаваш со ова „тоа што гледате сељачко,
е вашата мрачна страна“? (каков заклучок, I don't even...
)
Тогаш, I am the overlord of eternal darkness, јбг.
Сечиј животен стил е подложен на стереотипи и критики. Ако некој знае да го претстави тоа хумористично, нека ме заебава до 101 и назад, ќе му се придружам со задоволство. Сељаци, хипстери, металики, бубалици, кремци... не за џабе постојат поимите. Нормално дека можда се предобри луѓе, никој тоа не го чепка или оспорува, али сите си припаѓаме во одредена група според карактерот и си имаме фалинки што се некому смешни.
Јас почитувам кога некој прави нешто и му причинува задоволство, ама навреди не поднесувам.
Нам искомплексираниве задоволство ни е да анализираме сељаци еве.
На манијаци им е задоволство да силуваат, на серискине убијци да сецкаат жртви, на ИСИС да се разнесуваат. Задоволство им е? Да, ама ништо од тоа не е за почит пошто почитта се заслужува, а баш спорниве т.н. сељаци во огромен број се чаталат како секој ги знае и почитува, а веројатноста дека направиле нешто вредно за почит е обратнопропорционална со големината на фалбата (освен ако се важи што истепале некој три пати помал од нив или учествувале во борба со питбулот што го третираат ко предмет).