Сељаците јас ги класифицирам според повеќе карактеристики.
Да започнеме со методот за местоположба и потекло на истите.
-Селески сељак. Оваа групација сељаци се обединето племе со свој назив, дијалект и начин на изговор односно претставуваат хумористични оратори а начинот на интерпертирање е врв. Најчесто можат да се сретнат во коперација каде ждерат пиво, манијачат на баби и метат карти (не влечат- молкнат од купот карти). Е сега тука се збираат од 10 години па се до 60 и 100% популацијата се мажи. Кога се прави слава, визита или роденден на еден од членовите се збираат цело село кај славеникот и нај епик моментот е кога хуморот ќе го претворат во реметење на еден најквази сељак а дебатата се темели врз небулозните испади што ги промовирал во селото. Е пази сега тука сељаче од 12 години камен пијано го зафркава и исмејува својот дедо и тоа дирекно ин фејс. Ваков бонтон нема ни у Београду.
Стилот на облекување е барок стил (го почитуваат проектот на владата), тука може да напоменеме патики Адибас, Абибас, Мајк, Фума и слично, панталоните се препорачува да бидат од времето на ренесансата, семафорска кољуша, цвикера рејван темна одлична за ноќна журка, и црн каиш кој голем златен знак версаќе на силвер позадина.

Нивната природа се поклопува со нивната местположба, но некогаш знаат да направат исклучок така да се организираат со 4 лади ниви (без задни седишта кои се користат за дрва крадење- може да се најде грмушки, листови, и некоја гранка што не е сува и не може да се искористи за огрев), 2 стоедни најнова технологија на радио со у ес бе, едно такси мерцедес за да ги собере 7 поситни, и еден форд мондео на некој сељак печалбар со кој се проводуваат најхрабрите сељаци. Е сега од самиот старт до финишот едно 15 километри се тркаат и најчесто еден од стоедните излетува од пат и скоро секогаш има 8 повредени. Меѓутоа повредите како шинати раце, нозе, врат, крварењето не се сметаат за повреди, доколку нема посериозни сркшеници или смртни случаи се приклучуваат во другите коли и шоуто мора да продолжи. Кога ќе стигнат во град чуствуваат најголема тензија и само се причекуваат кој да оди прв, е тука некој што барем малку се познава со вратарите оди како Али Баба и позади него 40те разбојници. Застанува со вратарите , одма респект на сите и отворена дискусија: Шо прајш брату, кај си не има видено, шо ќе се напиеш...а? Пријателиве шо се на работа шо пијат...а?- тоа ти е мито како демек јас пијачка ти ќе ги пуштиш сите до еден, а утре всело јас ќе им се правам Ал Капоне.

Кога ќе среди работа со вратарите се понаша како да е газда на кафичот, одма фри стајл поза на шанкот. Кога ќе влезат внатре многу се страмежливи, само манијачат, пијат секој по гајба пиво и од досада наздравуваат на секој 2 минути во чест на некој празник што иде. Сепак сељачката аура е присутна и може да се почуствува. Оваа вечер секоја група од девојки е нападната со пијачки и музички исполнувања од истата гупа, но огранизаторот останува анонимен.
Голема среќа што секогаш ги напаѓаат турбо фолк локалите. За нив металците, панкерите, раперите, хипиците се исто срање (сатанисти, дрогираши) друга дефиниција сеуште не е измислена.
Најдобра машки вокали на сите времиња - Шабан Шаулич, Шако Полумента, Халид Бешлич итн.
Најдобри женски вокали - Стоја и Сека, другите се тапа.
Идоли- Денис Родман, Аркан, Милошевич, Путин, Ал Капоне.
-Градски сељаци- втора класификација
-И како трети се планинците.
Пс. Ме мрзи да пишувам, кога ќе имам повторно инспирација ќе го продолжам истото.