Ај те молам во прва прилика напиши вака збор два за форум сељак,или па не,а?
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
Не дека те фрлам со ова да бодеш во очи,чисто дека добро знаеш да ги доловиш ефектите,јас и да пишам нема да скокнам ниту еден детал,оти ич не сум ситничар
![Не бев јас (wasntme) (wasntme)](/images/emoji/wasntme_animated.png)
,ама нема да знам да ги доловам баш како што треба.
Ако сакаш па,напиши ми го во пп јас ке го објавам,нека се врз мене камењата и на никој нема да кажам кој е афторО.
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
Шала на страна ама постои и таа подгранка во стеблото Сељак.
Немаш гајле бе Мелчи, и стапови и камења нека фрчат, мене ретко мува ме лази.
А и онака е и претходно побарана таа анализа. Тражили сте - гледајте.
Иако се кладам дека ќе осамне текст со „сајбер/форум сељанка“ во кој ќе бидат опишани моите карактеристики.
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
Ако досега не ме замразиле, сега ќе пукне.
Внимание!
Ликовите во постот се општи и фиктивни. Секоја сличност со вистински форумски фаци е случајна.
Форумов е релативно нов, па поголемиот дел карактеристики ги имам воочено низ постариве форуми, ако ви е од некаква утеха. Ако не, здравје.
Форум сељак е всушност табула раса.
Табула раса од аспект на тоа што кога ќе се зачлени е баш празна, неиспишана табла која подоцна се гради врз основа на тоа како ќе го перцепираат другите.
Во почетокот е сосема ненападен. Обично прво се активира во форумските игри и оф топик теми, кај што се упикува на минимум 5 години помали женски за да прибере багра обожавателки со кои ќе си го имаат „на ти го, дај ми го“ за понатака да му е полесно да ги освојува форумските тврдини.
Штом ќе ги собере тие неколку околу себе, на ред е походот кон другите теми и форумски ликови.
Секако, голем плус е ако е поканет од некој другар со стаж со кој полесно ќе освојуваат во тандем.
Тогаш, наоружан и со неговата мала армија, тој се активира и по посериозните теми кажувајќи работи кои ги чул, а не ги дочул, и почнува да ствара тензија помеѓу останатите членови.
А тогаш, ко гром од ведро небо, се избацува некој да му се контра. Некој со кој во подоцнежните форумски патешествија ќе станат или најдобри другари или мразачи до својата форумска смрт.
Секако, како и погореспоменатите Double S, и овој ценет примерок е наследник на Ајнштајн, па затоа секогаш, со секој пост, тој е во право, а другиот е најглуп на свет.
Најголемиот број оф топици потекнуваат од него и најобично се содржат од 2-3 збора, пуштање со квази-романтика по членки од форумот или расправање со некого, а потоа дотичниот пцуе и крева галама што бил опоменат.
Нормално, и во овој случај другите се прости што воопшто се осмелиле да му укажат.
Послободниот јебо си зема слобода веднаш да се активира во темите за секс, каде што тој, со своето огромно искуство на клатикурцање, ќе дели совети и ќе навлажнува дундиња со екстра секс-гуру постови. И понуди, секако.
Ако веќе таму е прифатен добро, тој станува форумска фаца и веќе егото му е over 9000, па си дава за право да се самопрогласи за форумски шериф. Тука, помирните од него ќе почнат да се повлекуваат и ќе му се клањаат на секој пост само за да не ги нападне во некоја тема, оти ќе им е страв дека нема да знаат да се одбранат.
Доколку пак јебо го фатат на мајтап и сложно го отераат кај што му е местото, истиот или се смирува и иде во нормала, или го напушта форумот. Сепак е win-win ситуација. (Од тука ми е и погорниот муабет за табула раса и перцепцијата.)
Секи за свој ник бира нешто јебозовно и маженствено, нешто што ќе ја покажува неговата сила, а истовремено ќе делува и привлечно за дамите. Бројот 69, ко додаток, е веќ врхунац на сексуљавоста.
Аватарите се променливи и се ствар укуса, па затоа нема да ги коментираме, иако во најголемиот број случаи тоа се развиени и полуголи хардкор батици. Не одговарам.
Секоја нова членка ја пречекува со „Добредојде, секси аватар, итн“, а потоа следи лична порака. Од љубезност де.
Следно, и’ ги лајка сите постови на избраничката (или избраничките, оти од што е јак ги има повеќе одеднаш) и на секое и’ потенцира дека е царица и најјака за кажаното, а за возврат го очекува истото + јавно величање околу тоа колку е он фин.
И сè така дури не се зачлени некоја нова што ќе му се види свеж, неистражен и интересен плен.
Нели, нему сите женски му се обраќаат оти го посакуваат.
А во секој нов машки член, секи гледа потенцијална конкуренција, па затоа трча да му се сконтра уште на првиот пост на новајлијата. Затоа што он е шерифот и не смее друг да му ја земе славата!
Е, ама ако е и другиов мајчин, тогаш станува интересно за целиот форум. Дури не дојде до соодветна санкција, секако.
Многу јак дета
љ - наводно за ништо и никого не го боли, а манијакално чита сè и се вреѓа и крева узбуна при најмало и случајно пронаоѓање во нечиј пост. Ама битно он ќе нагласи дека не го боли патлакот!
Ако има уште - бујрум, мене веќе видот ме издава.
Доколку ги има (а тоа сигурно), сите критики и Шарко понуди пратете ми ги по ПП, да не ствараме работа на модераториве.
Ах, имам премногу слободно време.
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)