Последен гледан филм со рецензија

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Bound for glory (1976)
http://www.imdb.com/title/tt0074235/

Интересно филмче за Вуди Гатри, пејач на традиционални амерички фолк стил кој си пишувал сам песнички и сам ги пеел и свирел.
Чудна особа, од една страна добродушна и добронамерна на граница на наивност но од друга страна не одбиваше прилика да ја изневери жена си, не дека сам бараше прилики ако некоја му се пушташе - не одбиваше.:kafe

Гадни времиња на големата депресија, згора на тоа некој временски феномен со огромни бури од прашина кои зафаќале цели градови, работа слабо, плати за никаде, закана од глад...и така Вуди отиде од вукојебината накај Калифорнија шверцувајќи се во возови за да најде некаква работа и да им праќа дома на жената и деците по некоја пара.
Немаше намера да гради музичка кариера, си пееше за своја душа или за рандом присутна раја ама случајно го забележа еден лик музичар од синдикат кој се бореше за права на работници и го однесе на пробно пеење (тогаш радио станиците немале ленти па морало лајв да се пее) и малку по малку Вуди стана познат низ Калифорнија.

Си зеде куќа под кирија и си ја доведе и жената и деците во калифорнија, конечно да поживеаат раат малку.
Пошто не сакаше да си гази по принципи а газдите бараа да прекине со песни посветени на радничка класа - си даде отказ во радиото што беше дочекано на нож од страна на сопругата која немаше слух за некакви принципи во едно такво време што е и разбирливо до некаде.
Типот имаше и навика да оди по неколку дена на шверц со воз, да се мота меѓу црнци и разни ликови `од дното` нешто појако од него го тераше да се дружи со оние уништените од капиталистичкиот систем кој смртно го презираше.
Кога се врати од една таква `експедиција` ја пронајде куќата празна, сопругата ги собрала трите деца и го напуштила...

Арно ама Вуди имаше агент кој процени дека може да го пробие на ниво на САД, да почне да снима плочи и да држи големи концерти во Њу Јорк и остали познати места, Вуди имаше скоро заборавено на тоа кога агентот се појави со договорени тезги за јака пара а тука беа и договори за плочи, конечно прилика да се обогати...

Вуди Гатри е духовен татко на панк-рокот, многу негови песни се препеани од армија бендови и изведувачи покасно, после неговата мачна смрт од наследна генетска болест која ја покосила и неговата мајка и неговиот дедо и прадедо :eek

Чудна атмосфера како човек да е таму, многу добро одбрани улоги и епски добра сценографија, човек се осеќа како прашината да влегува низ телевизорот.
Главна улога Дејвид Карадин, многу симпатично доловен лик, мешавина помеѓу екстремно ангажиран за своите принципи и ај донт гив а фак став со гитарата на рамо и усната хармоника во џеб, секогаш спремен да скокне на црно во некој вагон и да замине во непознат правец...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Good, the Bad, the Weird (2008)
http://m.imdb.com/title/tt0901487/

Каков филм. :rofl
Корејски римејк на Добар Лош и Грд. Тројца се во потрага по Кинеското богатството кое не ни постои. Едниот не го интересираат пари туку сака да го убие Лошиот, другите двајца ги интересираат пари ама нема ништо да најдат.
Во потрагата се вклучуваат и локалните банди и јапонската војска. Урнебесно. :)

Последната сцена со тробојот е смешки. :rofl
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
James Dean (2001)
Иако е невозможно некој да го портретира Џејмс Дин, морам да признаам дека Џејмс Франко одлично се изборил со улогата. Многу емотивно и достоинствено раскажана приказна.

За разлика од овој новиот Life (2015) (ценето само според трејлерот, зато шо ниту го гледав а не вервам дека ќе го гледам) во кој Дејн ДиХан ем изгледа ем звучи тотално безвезно и извештачено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Црни Бомбардер (1992)

Актуелен и после децении од појавувањето, сублимација на балканската животна траума позната како вечна општествена транзиција а сето тоа доловено на оригинален иако со доволно холивуд моменти начин. Феноменален саундтрак оригинално снимен за филмот, можел да биде снимен и во 2016 и да биде тотално актуелен, свеж и јак. Само споредете ги муабетите на инспекторот за надворешни непријатели и само заменето го тоа со `соросоиди`.
А тоа многу тажен момент, тоа што четврт век после снимањето на филмот останува да биде актуелен. Камо да беше досега останат како историски куриозитет и на ниеден начин поврзан со денешната реалност, чисто филмски филм а не политичка и општествена Балканска пророчица.

Веројатно еден од најдобрите екс-ју филмови евер, снажна глума, легендарни реплики и јако разработени ликови.

И да, поимот`демокрацки мрак` ич не е изветвен од употреба, предвидена динамика на цела регија пред 24 години ич не е за потценување.
Филмчина.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
The INTERPRETER :cool: (wave) иинтересно филмче со Nicole Kidman i Sean Penn ..
Филмчето е цуце ! ;)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Mojave

mojave-poster-lg.jpg

Том заминува во кратка авантура во пустина во близина на Лос Анџелес, да помине време сам со своите мисли и да се обиде да дојде до заклучок што сака од животот. Утредента налетува на Џек и играта на глушец и мачор официјално започнува. Филмов не е претерано тензичен, но сепак би го опишала како психолошки трилер. Ако ништо дргуо, навистина не знаев како ќе заврши се до последниот момент на акција. Во најмала рака, филмов вреди да се гледа поради неговата беспрекорна кинематографија. Оуууукеј, и поради Garrett Hedlund. :zelen

 

ilievvski

Нов член
1 мај 2016
4
2
3
38
The Fourth Kind, 2009
Ако сакате хорор филмови кои спојуваат документарни материјали и филм, препорачувам да го гледате филмот без претходни пребарувања по интернетот. Мила Јововиќ во обид за реконструкција на паранормални појави фатени на камера во мало градче на Аљаска :ladno
Вонземјаните не се ''extraterrestrial'' туку ''extradimensional'', друга димензија, но тука меѓу нас.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Silver Linings http://www.imdb.com/title/tt1045658/
И така и така. Позитивен и покрај сериозноста на темата - кршливоста на човечкиот дух и ум и враќањето во „нормала“.
Она шо многу ме нервира во вакви приказни е моментот на „спасување“. Демек бој митс грл, погодени ко грнче и капаче, двајцата со слични фелери, на крајот се оправаат еден со друг. Ме нервира таа порака - зарем мора друг да те спасува? Шо ако нема таков? Оти посекако нема. Сам треба да си се „спасиш“, сѐ друго само создава лажна сигурност и негативна зависност.
И зарем мора другиот баш да има исти/слични маки за да те разбере? А шо е со останатиот „нормален“ свет? Како се надминува јазот меѓу таква личност и останатите луѓе? Ко да е единствено решение секој да си го бара својот сличен и да не ги замара другите....
На страна од тоа, онака, арно филмче за тепање време :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Burnt http://www.imdb.com/title/tt2503944/
Сосема пристојно филмче, убаво скоцкано, без некоја претенциозна глума, туку онака природна и со лес. Повеќе силни актерски имиња се појавуваат на кратко, секој е таман погоден на улогата, како совршена доза на зачини, шмекерски вклопено во самата приказна. Типот се бори со своите грешки, цели да го достигне совршенството, притоа осознавајќи дали и колку е такво нешто изводливо/потребно.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Limitless http://www.imdb.com/title/tt1219289/
Исто како и Lucy http://www.imdb.com/title/tt2872732/ мислев дека ќе се далеку поинтересни. Темата и во двата е иста, што би се случило кога би можеле да користиме 100% од мозокот, ниту едниот ниту другиот не одат подалеку од вообиачените клише идеи - дека е потребна некаква дрога за да се случи такво нешто, а кај има дрога има и лоши типци, бркање, тепање, убивање и дрн дрн. Можеле да одберат некоја поинаков пристап, вака ми беа поприлично досадни и ептен предвидливи.