Последен гледан филм со рецензија

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Guardian Of The Galaxy

guardians of the galaxy movie poster.jpg

Одлично авантуристично sci-fi филмче. Група интергалактични криминалци ќе бидат приморани да се борат заедно против фанатичниот воин Ронан кој сака да завладее во универзумот. Филмот е преполн со (3D) ефекти, иако е крајно нереален по приказна, ефектите се неверојатно реални. Има екстремно многу акција, ни на момент не опаѓа динамичното одвивање на дејствието и ниту на момент не е ни најмалку досаден. Го препорачувам за тотално искулирање особено доколку имате така малку поголем плазма телевизор и така малку подобро домашно кино.

Трејлер.

П.С. Филмчево има одлична музика. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Gone Girl (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2267998/?ref_=nv_sr_1
И покрај тоа што не сакам да гледам филмови подолги од два часа, овој ми задржа внимание. Ок, имаше моменти и досадни сцени, но добар во секој случај. Башка тоа дека Бен Афлек ми е симпатија. :zelen
Филмов е заснован според бестселер на Џилијан Флин а Финчер е вистинскиот избор за ваква приказна.
Приказната започнува на денот кога брачниот пар Ник и Ејми ја прославуваат пет годишнината од бракот. Истата ден Ејми исчезнува а медиумите го прават Ник главен осомничен за нејзиното исчезнување. Постепено почнуваат да се откриваат нивните брачни тајни и сите пронајдени докази не му одат баш во прилог на Ник. Но се случува пресврт кој верувам никој од вас што го гледал не го очекувал.
Препорачувам, мада мислам дека јас бев последната тука што не го имаше гледано. :)
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Stonehearst Asylum (2014)
http://www.imdb.com/title/tt1772264/?ref_=tt_rec_tt

Се израдував кога најдов солидна снимка на kickass...
Уште кога ќе се спомне дека е правен според кратка приказна на Едгар Алан По, очекувано е да има интриги и мистерии. А уште поголем пресврт на крајот. Би го вброила во топ 10 за оваа година во мојата листа. :)
Приказната започнува кога младиот доктор Edward Newgate се вработува во ментална болница како психијатар, но наскоро открива дека работите и не се баш такви како што изгледаат. Тој не е запознаен со една неодамнешна промена на персоналот која ќе донесе ужасни последици во болницата. Всушност кога ќе го изгледате филмот вие ќе сфатите дека во цел филм работите не се такви како што изгледаат. Крајот дефинитвно ќе ве изненади.
Одлични дијалози низ целиот филм, одлични актери, костимографија...
Од мене има 8.5 оценка, овие од IMDb немаат поим. :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Non-Stop (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2024469/

Конечно филм што вреди бар да се спомне ко изгледан.
Бил е задолжен да надгледува еден од многуте летови кои одат од Њујорк кон Лондон. Борејќи се со сопствените демони, не ни насетува дека овој лет нема да е ко другите, сѐ додека не почне да добива пораки од мистериозен патник од авионот кој се заканува дека ќе убива по еден човек на секои 20 минути доколку не му биде исплатена одредена сума пари т.е. 150 милиони долари.
Бил прави сѐ што е во негова моќ да спречи трагедија, но среќата не е секогаш на негова страна, а и мотивите не се секогаш јасни ко што се чинат.
Сценариото е прилично напнато, има постојана акција и дефинитивно ќе ве остава постојано да се запрашувате, да погаѓате и да кроите теории.
Јас само во два наврати погодив. :place
Освен делот каде во типичен бедес стил пиштолот лета сред воздух, херојот го фаќа и го пука непријателот сред чело (не е јак спојлер, донт вори), ова е прилично кул филмче, онака, ко гилти плежр ми се овие со Лиам Нисон кај што е мадафакер, а Џулиен Мур ми е прекрасна актерка, мислам дека и ќеркичката ѝ е во филмот, неверојатно си личат. Од мене 8/10.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Searchers (1956)

http://m.imdb.com/title/tt0049730/

Уште една одлична вестерн приказна која е сместена за време на војната против индијанците.
Најдобриот американски вестерн филм, Џон Вејн, Натали Вуд и Вера Мајлс во главните улоги.

1868 година, после долго време поминато во војната Итан Едвардс се враќа во домот на неговиот брат, Арон. Кратко по неговото доаѓање, од страна на индијанците киднапирана е ќерката на неговиот сосед Ларс.
Итан заедно со мала група на луѓе тргнува во потрага по девојката. Длабоко на индијанската територија групата налетува на отпор, и е разбиена. Остануваат Итан, вереникот на девојката и нејзиниот брат да ја продолжат потрагата, сами против индијанците.

Уф, многу добар вестерн. Легендарниот Џон Вејн одличен како и секогаш. На многу филмски листи овој филм е меѓу првите 10, заслужено.

Сега откако изгледав неколку вестерн филмови, знам каде да го барам следниот филм за предложување. :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Puncture

puncture movie poster.jpg

Во филмот се работи за еден адвокат кој е тежок наркоман и кој ќе се нафати да работи на случај каде што еден човек измислил нов вид на безбедни шприцеви создадени за болниците кој никој не сака да ги отткупи. Интересна драма каде што може да ве погоди и претставата на приватниот живот и секојдневните борби на еден наркоман и воедно, трагичниот крај на една сестра. Веројатно најдобрата глума на Крис Еванс.

Трејлер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
How to Train Your Dragon (2010)

http://m.imdb.com/title/tt0892769/

Го даваа денес вториов дел од филмов и баш ми текна да си се потсетам на првиот. Вториот дел не го имав гледано, денес прв пат го гледав и супер беше, но да почнам од првиот. :)

Храбрите викинзи кои живеат на островот Берк секојдневно се бранат од нападите на змејовите. Малиот Хикап за разлика од неговите пријатели, сеуште не смее да учествува во тие борби, поради што и е исмеван од другите.
За време на еден напад на змејовите, Хикап успева да го погоди најопасниот змеј, Night Fury. Со надеж дека ќе му дозволат да се бори и дека ќе престанат да го исмеваат Хикап оди во шумата да го најде змејот. Го наоѓа заробен и наместо да го убие и да го однесе кај другите, тој го ослободува и сфаќа дека и змејот се плаши од него.
Змејот исчезнува во шумата но Хикап е решен да го бара повторно за да научи нешто повеќе за змејовите.
И втората потрага завршува успешно но наместо доказ за пријателите и останатите жители на островот, Хикап се спријателува со змејот и сфаќа дека змејовите не се толку лоши како што сите мислат. Тоа пријателство ќе го натера да му го промени мислењето на целото племе од островот Берк.

Многу добар анимиран филм, мојот омилен. Малку смешен, малку тажен а многу добар.
Многу изнапишав доста е, втториот дел е подобар од првиов ама за него утре. :)

Одамна не сум дал оценка на филм, еве за овој 10.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
How to Train Your Dragon 2 (2014)

http://m.imdb.com/title/tt1646971/

Како што кажав погоре, вториов дел ми е малку подобар, не го имав гледано и баш се изненадив кога го видов на тв.

Пет години поминаа откако жителите на Берк се спријателија со змејовите и сега живеат заедно. Хикап не е толку мал и сака да истражува нови места, за време на едно летање со неговиот змеј наоѓаат мистериозен предел за кој никој не знае.
Таму наоѓаат поголема група на змејови предводена од еден огромен змеј. Хикап се враќа во Берк и ги предупредува останатите, сите се спремаат за уште една борба против змејовите, како порано. :)

Малку ми е подобар од првиот дел затоа што, има повеќе акција и комедија, и крајот повеќе ми се допадна. Да не должам, 10 и за овој. :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
upload_2014-12-29_16-58-3.jpeg
Драмиште...
Ваква емотивна драма не сум гледала одамна... Ова е можеби единствениот филм од 2014 кој е навистина добар и кој вреди да се гледа и да се доживее...
Уште еднаш ми се потврди дека родителството е најтешката работа зашто има огромно влијание на развојот на детето...
Од трите сина, Хенк е средниот и е многу успешен адвокат...Живее луксузно, пред развод е, има мала ќерка и на сред судење дознава дека мајка му починала и се враќа во родниот Кливленд...
Таму се соочува со “духовите“ од минатото особено татко му од кој побегнал што подалеку...
Хенк е исфрустриран син, оној палавиот, неодговорниот, несфатениот, а сепак бил само млад дечко кој сакал да извлече што е можно повеќе од животот, а татко му кој е судија го казнувал на свој начин...дури и потолку години...
Има недостиг од татковска љубов, гневен е на него, го излудува, го дели од останатите два сина..
Толку мноу неизречени мисли, недокажани работи, тони и тони сокриени емоции кои заради два последователни трагични настани ќе испливаат на површина...
Ме иритираше тврдоглавоста кај судијата, ограниченоста, гордоста заради која последните 7 месеци од својот живот не ги помина со своите синови...
Мислам дека се расплакав најмалку трипати...Едноставно го разбирам недостигот од татковска љубов...
А Хенк (Р.Дауни Џуниор) изглуми феноменално...онакви емоции кај актер не сум видела долго време...особено ме погаѓа кога маж плаче од срце...мислам дека се заљубив во ликот ...
Чиста 10-ка!
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
The Hobbit: The Battle of the Five Armies (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2310332/
Имам пишано дека не сум фан на сагава, а и стојам на тоа, ама ајде, за атер на другар правев друштво во кино.
Што знам, ко за нефан и лаик, ми се допадна...онака, иако многумина се сложуваат дека е послаб од останатите. Мене брзо ми минаа тие 140+ минути, а тоа е можеби и затоа што уживав во глумата на Иан МекКелен, Мартин Фримен, па и гласот на Бамблфут Камбершер, колку што го имаше. :zelen
Ама осеќав дека Дел Торо вмешал прсти, едноставно вриштеа со негов белег некои сцени. Пак - сосема рандом претпоставка беше и тоа.
За ефектите веќе нема збор, посебно па дека во 3Д - држ ме мајко, ојдох во земјата на чудата. Алал.
Рецензија за Оскар...

Gone Girl (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2267998/
Актуелно филмчиште. Иии...никогаш не сум имала поголем нагон да млатам луѓе преку монитор!
Паузирав и си мавав фејспалм од нервоза во доста наврати.
Приказната е позната на повеќето - marriage gone bad, ама рииили бед, застрашувачки. Кармата е кучка, ама кучката има човечки облик.
Опасна, многу опасна игра ми беше на почеток, за со секоја наредна сцена повеќе и повеќе да тонам во неверување колку далеку може да се оди.
Бен никогаш не сум го сакала, ама улогава му беше солидна, а актеркава мислам дека првпат ја гледам, но е феноменална, секоја чест. Обожавам актери што те тераат да ги мразиш, значи толку успешно си ја играат улогата.
Имам неколку замерки за некои нелогичности, ама филм е сепак.
Наравоучение: Never stick your d**k in crazy.
Мене ми е еден од подобрите годинава. 9/10 ради крајот.