Последен гледан филм со рецензија

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Throw Momma from the Train
Не губете време со филмов по насловот и трајлерот изгледа одлично но е многу лош филм. Еден разведен писател на курсот кој го држи ќе се запознае со Лари кој има проблем со мајка му која не ја поднесува , па ќе му предложи тој да ја убие жената на писателот , а тој за возврат да ја убие мајка му. 2/10 Тапа
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Marina (2013)

MV5BMjE0ODk2NDk5Ml5BMl5BanBnXkFtZTgwMzEzMTg5MDE@._V1_SY317_CR12,0,214,317_AL_.jpg

Италјански филм (европски) кој го најдов случајно на војводинанет барајќи некоја драма.
На почеток семејството Гранада се сели од Италија во Белгија барајќи подобар живот во периодот после втората светска војна.
Тие во новата средина тешко се вклопуваат,младиот вљубеник во музиката Роко се вљубува во Белгијка (подоцна дознав дека овој филм е вистинска приказна) а татко му конзервативен човек има постојано борба со својот син кој сеуште мечтае да биде музичар а не рудар како татко му...

Филмот е интересен...на моменти се пронаоѓав,во некои ситуации...трае два саата па ако сакате да смените малку од овие американски-предосадни филмови еве ви можност.

Глумецот што го глуми Роко во повозрасни години страшно ме потсеќаше на Кристијано Роналдо:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
The Red Riding Trilogy 2009

173485-b-the-red-riding-trilogy---1983.jpg


Сирова, не особено нашмимкана прича, бејсд он тру сторис, квалитетна трилер сторија од британска продукција, сериски убиства, корупција, педофилија, борба еден против сите, култни сцени. Три филма, атмосферата мувлосана, депресивна и гадна, пренесена на екран ненормално добро, незаобиколно дело за секој љубител на трилери. За разлика од америчките има многу малку акција, но и во риал лајф криминалот акцијата не е толку честа.
Нема нешто познати актери дури и за бритиш стандарди, тука е само Шон Бин, познат од нет гифови како ликот кој вика `брејс јорселфс`...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Stolen
Јак филм иако има неколку претерани сцени генерално ми се допадна. Грабеж на банка ќе тргне наопаку кога полицијата ќе ја пресретне бандата , а еден од крадците ќе биде оставен додека се враќа по пленот во рацете на полицијата. Но парите нема да бидат во торбата па приказната продолжува 7 години подоцна кога сите очекуваат да ги извади парите кои наводно се сокриени , а поранешниот партнер ќе ја киднапира ќерка му за да ги добие парите. Одлично 8/10
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Lord of the rings: The return of the King
Пукнав од досада. Предвидливи случки, лошо светло и лоши бои, досадни разговори до немајкаде. Глумата ништо посебно. Преценет филм до немајкаде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
Throw Momma from the Train
Не губете време со филмов по насловот и трајлерот изгледа одлично но е многу лош филм. Еден разведен писател на курсот кој го држи ќе се запознае со Лари кој има проблем со мајка му која не ја поднесува , па ќе му предложи тој да ја убие жената на писателот , а тој за возврат да ја убие мајка му. 2/10 Тапа
теб
е бе пријателе па ништо не ти се аресува а само гледаш и пишуваш ee :D :D
јас Рамбо гледав ее таму пред една недела. добра класика хехе
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Dial M for Murder (1954)
http://www.imdb.com/title/tt0046912/


Уште еден добар филм на Хичкок кој ми е меѓу омилените. Има и римејк на филмов ама не е нешто добар. :zelen
Најпрво го препорачувам филмов на сите што сакаат добри трилери. :) Нема да потрошите залудно 1 и пол саат.
Иначе во филмов се работи за поранешниот тениски играч Тони Вендис кој откога открива дека неговата жена Маргот го изневерува и откога ќе украде едно од писмата кои она ги добивала, го уценува неговиот неговиот пријател да ја убие жена му Маргот. Но кога работите нема да одат по планот, Тони смислува план Б.

Филм од 1 и пол саат и скоро сите настани се случуваат во една соба. Мене ова ми е омилено кај овие филмови. Сценариото е предобро, слично како во некоја крими приказна на Агата Кристи. Интересно во филмов е што ќе ве натера да барате докази и решенија за тоа што следно ќе се случи или како ќе заврши некој од ликовите. Секоја сцена и секоја реченица е супер пренесена од страна на актерите, што значи нема шанси да ви биде досадно :zelen.

Во главните улоги се Реј Миланд како Тони Вендис а неговата жена Маргот ја глуми Грејс Кели. Перфектна глума од страна на двајцата, глумата на Миланд потсетува на едни од најдобрите актери на Хичкок, Грант и Стјуарт. Грејс Кели иначе има глумено и во Rear Window, исто филм на Хичкок кој е повеќе познат. Како и во тој филм така и во овој, предобро ја глуми жената на Вендис. Уште еден актер е Џон Вилијамс кој се појавува после пола филм и го глуми детективот кој доаѓа да го реши убиството. Не го знам многу овој актер ама во филмов не ми беше лош. :)
Тоа би било се, уште еднаш го препорачувам на сите што сакаат вакви филмови. Едноставно филм на Хичкок не може да не ви се допаѓа. Од мене има 10+ :zelen.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
The amazing Spiderman (2012)

Многу, многу подобар од првиот Спајдермен, може смешно ќе звучам, но овој ми беше некако пореален :D. Околу 2 часа трае филмот и за потполнување на време е супер. Највеќе го гледав поради Ема Стоун, многу ми е “јака“ како актерка, го симнав и вториот дел, но кино снимка е. 8/10

Walk of shame

Меган Мајлс е водителка т.е ги чита вестите, вереникот ја напушта и истата вечер заминува со другарките на забава. По многу испиени текили и што се уште не завршува во кревет со келнерот, по неколку часа ги слуша пораките на телефонот и дознава дека е отворено ново место за работа кое долго време го посакува.
Има само неколку часа да стигне до работното место и да се покаже во најдобро светло, но нема телефон, нема ништо,не знае каде се наоѓа,ги има само клучевите од колата.
Случајно го најдов филмот и ми се виде интересен и не згрешив со проценката.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Pretty woman
Со Ричард Гир и Џулија Робертс и моето прашање зашто бе значи зашто филмов трае 2 часа и нешто ситно ? Филм со ваква тематика заслужи подобра еротика и требало да се плати за Џулија да ги прикаже градите мислам нема смисла. За приказната Едмон е заколнат ерген кој се занимава со берзански шпекулации , Вивијан е проститука која сака да живее побогато. Случајноста ќе ги спои двајцата и Едмон ќе ја изнајми за да биде со него цела една недела во луксузен хотел. Типична романса со малку хумор 6/10.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
12 Angry Men (1957)
http://www.imdb.com/title/tt0050083/

Интересна драма која започнува со судењето на едно момче кое е обвинето за убиство, 12те членови на поротата треба да ја одредат неговата судбина. Сите знаци покажуваат на тоа дека момчето е виновно за убиството и скоро сите членови на поротата се убедени во тоа, освен еден. 8миот член на поротата мисли дека обвинетиот можно е да не е виновен и бидејќи го мисли тоа затоа он нема да гласа дека е виновен. Како што почнува да зборува за случајот почнува да ги убедува дека обвинетиот не е виновен. Но може ли 1 член да ги убеди останатите 11 луѓе да го ослободат обвинетиот, кога сите докази покажуваат дека е виновен.

Сите актери имаа добра глума, уствари не ни мислам дека имаше лоша глума од некој. Хенри Фонда кој го глуми 8миот член на поротата перфектно изглуми со тоа што остануваше смирен цел филм иако сите други почнуваа да стануваат нервозни. Таков и требаше да биде неговиот карактер кој го глуми, смирен во текот на целиот филм иако беше единствен што не се сложуваше со другите.

Интересно кај филмов ми беше тоа што толку многу работи можат да се случат во една соба. Во првите 10 минути филмот изгледаше малце бавно, почнав да мслам дека ќе ми се здосади :zelen, но после тоа кога почнаа да се докажуваат дали треба да е виновен или не, тогаш не ми се стануваше :zelen. Еден од подобрите филмови што сум ги гледал последниов месец, дефинитивно. :)

10 оцена :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Хоуп*