Последен гледан филм со рецензија

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Sea of love
Филмов има пред знак 18+:rofl Незнам кој одлучува за предзнациве ама ја би го ставил во 12+ преку сила. За приказната Френк кој го глуми Ал Пачино е полициски детектив кој е веќе 20 години во службата и токму тогаш се случуваат сериски убиства на мажи кои преку оглас бараат жени. За да го фатат убиецот тој ќе објави оглас со специфично селектирани жени. Токму таму ќе ја запознае Хелен единствената на која нема да и земе отпечаточи. Филм солиден за тепање време 6/10.
Blow Out
Џек е тон мајстор и задолжен за специјални ефекти во филмовите. Една вечер снимајќи звук на ветер ќе сними и собраќајна несреќа на гувернер . Во колата ќе биде и Сали која Џек ќе ја спаси. Во болницата ќе добие инструкции да заботрави се што видел и слушнал таа вечер, но тој и понатаму ќе го следи инстиктот дека тоа е всушност убиство. 8/10
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
upload_2014-5-19_16-30-22.jpeg

Лесна драма, интересна на свој начин...
16 годишна девојка ќе се заљуби во својот млад и богами згоден професор (inlove)...Колку и да се опираше тој сепак се препушти на емоциите но не сосема...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Gone baby gone!
Мислам филмов е со страшен крај незамислив буквална мистерија. Патрик е приватен детектив кој ќе биде ангажиран да пронајде киднапирано девојче. На случајот работи и славниот детектив Џек кој ќе назначи уште двајца полицајци за да се најде девојчето. Изјавите се чудни , а Патрик ќе дојде до одредена предност пред полицијата , но ќе се соочи и со корупција во полицијата. Што ќе се случи погледенте 10/10.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Run Lola Run (Germany, 1998)

images


Си била една девојка која живеела во дисфункционално семејство и која своите емоции поради тоа ги посветила на својот дечко кој баш и не е најсериозен лик и успева да западне во голема невоља, делумно поради сплет на околности при кои девојката не успева да дојде на randes vouz point...и има уште 20 минути живот. Единствена шанса му е девојката на која и се јавува и бара помош... но дали вреди за 20 минути да се стави животот на коцка за некого, дали љубовта е искрена и тој би го направил истото за неа? 20-те минути се вртат неколку пати со различен исход во тек на филмот, мали ситници решаваат за сосема поинакви исходи, иако некои работи се константи (мајката алкос и таткото расипан гад)...за среќа константна ќе испадне и љубовта :)
Главни улоги Франка Потенте и Мориц Блајбтрау, режија Том Тиквер, буџет помал од рандом видео клип на мтв/вх-1.


Саундтракот е оригиџинал скор and is not too bad (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Mr. Brooks
Па да Ерал Брукс е еден угледен граѓанин со страшна тајна тој е зависник од убивање на непознати двојки со специфичен потпис. Полицијата него го нарекува убиец со отисоци токму заради неговиот потпис при вршењето на убиствата се оди добро додека една ноќ не го слика господинот Смит како убива една двојка. Дечкото има страшен предлог да го земе и него за следното убиство. Според мене добар крими филм со доста болно сценари и целата битка во неговиот ум што се одвива е за почит претставена 9/10.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Ugly Truth
Жарн комедија/ романса дали има неочекуван крај не би рекол у принцип е добро позната приказна крајот ама сепак филмот е добар. Аби е тв продуцент која се мачи да ја подигне гледанота на нејзините емисии. Една вечер на некоја локална тв станица ќе ја начека емисијата Грозната вистина која ја води Мајк експерт за тоа што мажите сакаат од идеалната жена. Таа ќе се јави во емисијата и нејзиното јавување ќе го направи ѕвезда заради што директорот ќе го вработи во тв станицата , а Аби ќе мора да ја работи продукцијата. Опуштено филмче со солиден хумор 7/10.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Превртено

Превртено е македонски филм кој го следи животот на Јан Лудвиг.
Јан е млад бунтовник кој во време на неморални вредности и искривено и ненормално општество, очајно и по секоја цена се обидува да се најде себеси.
Одбивајќи да игра по правила и да биде дел од обичниот, послушен и покорен народ, Јан премногу скапо ќе ја плати цената за да биде свој. На кратко тоа.

Ако сте човек кој во филмовите сака да бара и наоѓа скриени пораки, крикови и слики, да споредува приказни и да се наоѓа себеси или можеби околината и местото во кое живее-ова е вистинскиот филм.
Во спротивно во него ќе најдете само една досадна приказна со нејасен тек и филм полн со пцовки, насилство и секс.
8/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Lone Survivor

Lone Survivor.jpg

Филмот е направен според вистинка приказна. Станува збор за група американски војници кои идат во мисија да го заробат талибанскиот лидер Ahmad Shan, во јуни 2005. Не би издавала детали, но можам да кажам дека поголем дел од филмот (кој трае 2 саати) е пресметката помеѓу американските војници и талибанците на сред планини. Ми се чини како многу силно да се труделе да направат уште еден легендарен филм како што е Black Hawk Down, но според мене тоа е невозможна цел. Ќе го пофалам филмов бидејќи секој дел е претставен доста реалистично, има многу акција, екстремно многу пукање и крв. Се на се, ми се допадна, а кој е обожавател на BHD, најверојатно ќе најде интерес и во овој филм.

 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Disclosure
Филм со поука ако новоназначената шефица ти понуди секс немој да ја одбиеш оти си се зезнал :) . Приказната Том е одговорен за производство во компјутерска компанија . Тој очекува унапредување но место него ќе ја назначат Меридет која порано му била девојка. Таа ќе сака секс со него овој ќе ја одбие , но таа ќе го пријави за сексуално малтетирање. Понатаму е игра на нерви и типично сите и веруваат на жената никој на мажот :) Мислам дека можел и пократко да трае ама тоа е 8/10,
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Heaven's Prisoners
Значи прво имам забечешка за насловов зошто ми нема логика со приказната. Второ е зошто трае толку долго кога нема потреба најверојано дека не сум обожавател на филмови каде гледачот е во предност.
За приказната Дејв е полицаец кој е во пензија додека едрат со жена му Ани ќе се сруши авион, а тој ќе ги извлече патниците четворица мажи и едно девојче. Извештајот вели дека се најдени само тројца мажи тогаш Дејв тргнува по вистината која ќе му донесе проблеми. Што знам онака за тепање време топ е :) 7/10.