Последен гледан филм со рецензија

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Secret Life Of Walter Mitty

The Secret Life of Walter Mitty.jpg

Интересна авантуристичка драма со хумористични елементи. Волтер Мити е еден обичен досаден маж кој не направил ништо посебно во својот живот. Тој живее монотон рутински живот и редовно бега од реалноста преку секојдневното фантазирање за нештата околу него. Кога се наоѓа на работ да ја изгуби својата работа и жената која долго време ја сака, се решава повеќе да не сонува за подобар и повозбудлив живот и тргна во луда авантура. Режисер на филмот е и самиот глумец Бен Стилер. Мене многу ми се допадна филмчево, дури ме натера да подразмислам за мојот живот.

 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Fierce Creatures
Филм за лицемерито и желбата за профит на големите корпорации. Кога еден тајкунг ќе ја купи зоолошката градна ќе даде ултиматум или 25 % поголема заработувачка или ќе се затвори. Директорот на зоолошката ќе реши за таа цел во неа да се чуваат само крволочни животни затоа што стравот привлекува. За тепање време солиден 6/10.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Private Resort
Опуштена комедија двајца другари кои се на одмор во еден хотел и ќе западнат во разни неволји. Солиден хумор и доза на еротика за тепање на време е добар 6/10
Private Lessons
Ова е најверојатно прв филм на тема за педофилија :) Приказната е 16 годишник сака да ја легне згодната куќна помошничка , а таа и шоферот имаат план да го ограбат татко му , но нема да биде така лесно како што се надеваат. За тепање на време добар дека е нешто посебно не е 5/10.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
In Secret

large_oKf2lWFzJzk4F9mT699uJ58KUiG.jpg


Се работи за една девојка која е несреќно заробена во брак без љубов со нејзиниот болен братучед. Деновите ги поминуа рутински затворена зад пултот во нивната мала продавница и служејќи и на својата свекрва (и тетка) се до еден момент кога го запознава Лорант пријател на својот маж и со кој се впушта во страсна афера која ќе има трагични последици. Дејството се одвива во Париз некаде 19 век...мене ми се допадна , интересен драма трилер...
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Zapped!
Па ако прво го имате гледано вториот дел ќе се разочарате од првиот дефинитино. Очекував поинаков развој ама тоа е за приказната : Барни е ученик кој опсесија му е науката и во лаботаријата одгледува цвеќиња за директорот а позади нив марихуана. Еден ден случајно ќе подготви пијалок со кој ќе може да поместува предмети. Понатаму гледајте 6/10,

Overboard
Дин е столар кој еден дек ќе биде повикан да поправи плакар кај богатата Џоана. Таа е многу дрска и разгалена , па нема да му плати и ќе го исфрли од бродот. Сепак судбината ќе ги спои кога Џоана ќе заврши во болница со амнезија , а тој ќе го види тв прилогот каде се бара некој кој ја познава. За одмазда тој ќе и каже дека се вика Ани и е негова жена.. Супер филмче 8/10.
 
Последна промена од модератор:

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Lost Place
Lost_Place_Plakat.jpg

Филмов е немачки :) категоризиран е како хорор мистерија ама е далеку од хорор...Четворица студенти наивно тргнуваат во еден камп следејќи некоја божемна мапа за скриено богатство, нешто како игра... ќе налетаат на една од H.A.A.R.P. станиците на САД ...ама ни сами нема да бидат свесни во што ќе се впуштат...
За среќа нема да има чичко со секира или некои створови месојади, па нема ни масакри ни крв до колена...
Интересен, невообичаена е приказната...
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Salt
Ау каков филм! Не сум голем обожавател на акциони филмови ама овој ме бендиса делумно. Елвин Салт е докажан детектив се додека еден ден не заробат русин кој ќе каже дека се спрема атентат на рускиот претседател за време на неговата посета на САД , а убиството ќе го изврши токму руски шпион кој работи во ЦИА со име Елвин Салт. Од тука почнува целата брканица релативно добар филм само претерано со тоа при толку вртења на колите таа да искочи без гребаница е стварно претеризам! 7/10.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
HouseSitter

Класика мислам нема утка кога Стив Мартин е во прашање. Имено несакатае да сте во кожа на Њутан Дејвис кога неговата девојка Беки ќе му каже дека несака да се омажи за него , а тој изгради цела куќа само за нив. Неколку месеци подоцна тој ја запознава Гвен која тој мисли дека ќе помине само една ноќ со неа , но таа му ги замрсува сметките кога ќе се всели кај него со приказна дека е негова жена. Според мене опуштен филм комедија романса 8/10.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Трансформери 1,2,3 (2007-2011)
Процедурално јадење трици, морам....
У принцип сум по тие малку (пост)апокалиптични срања, па си го пуштив маратонов као мало потсетување, иако своевремено изгледан ми беше по кината. И да.... фан сум на Викачот (Starscream) пошо го имав ко копиљ и си играв старворс со него.
Филмот се консумира искључиво според редоследот, у спротивно испаѓа дека Мегатрон го замрзнуваат луѓе, Оптимус Прајм испаѓа поголем дудлач од порано а Bumble bee се трансформира во стара крнтија. not cool!
Приказната е као Црно-бела проекција на општеството, едни лоши, други добри и луѓето у средина као колатетала (особено Американците - кутрите тие што заслужија). И да... вечната борба и двосмисленост на доброто и злото.
Прајм Оптимус, лидер на добрите (автоботи се викаа да?) со карактер на проценка на... карактер ( :zelen: ) тој ги прави клучните грешки само за да се снимат две продолженија, ништо повеќе. Али си владее.
Bumble bee - good puppy, Поштуе газда, не му љубомори шо овој брка згодни цури, cute kind-a-way... И Шеви. Амер продукт.
Ши(ј)а ЛаБело(в)улф - оној. Е тој. Транс-аш.... оќу пишким-неќу пишким... И како сврте бе две згодни цури, ај кажи ми сеа?
Меган Фокс - Катерина Ивановска во Трето полувреме. Лупнале модел во блокбастер. Ништо ново. Глума сакс.
Џон тортуро - ох тортурооо...
Викачот. Трансформер што е практично неуништив. Ја мислам треба и оскар за улижување да му се даде.
Мегатрон. Uber-massdestruction-motherfucker-V-for-Vendetta трансформер. И се појавува некаде во втората третина на првиот дел. Sucks.
IronHide - мојот фаворит во филмов. Punk-ass bitch ломи коски, не замара со непотребни дијалози.
Речет - Ironhide со хипстерски цвикери.

Зошто да го гледате маратонов?
Јер, ефекти, ефекти и само ефекти. Close ups, фото сесии, реклами за Chevy, геџети, амерички туризам промоции, египетски туризам промоции, амерски едукативен систем на википедии и теории на заговори... и одличен саундтрак на (не)повторливиот Ханс Цимер.

Од мене една солидна 8ца пошо ионака ми се губеше време, иако филмот како оди од продолжение па натака декадира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
The Rite

upload_2014-6-30_16-31-5.jpeg

Филм со мојот омилен и единствен Ентони Хопкинс...Филм за егзорцизмот, свештеници кои се обучуваат за тоа во Ватикан и оние кои не веруваат во тоа и бараат научни објаснувања за таквите појави, се’ додека...:)
 
Последна промена од модератор: