The Lord Of The Rings: The Fellowship Of The Ring
http://www.imdb.com/title/tt0120737/
Долго време ми стојат во пц сите 3 дела и до сега ги немав гледано, си мислев досадни ќе ми се ама сум се излажал
вчера ги изгледав по ред сите ама ме мрзи за сите да пишувам затоа само за првиот, другите кога нема да ме мрзи
Приказната во првиот дел на повеќето сигурно им е позната. На малиот хобит Фродо му е даден прстенот на Саурон и он треба да го однесе на Mount Doom за да го уништи. Но нема да оди сам, со него тргнуваат Гандалф, Леголас, Арагон, Боромир и неговите другари Мери, Сам и Пипин. Низ планини, снег, темни шуми и соочувајќи се со секакви опасности, мора да продолжат за да го уништат прстенот и да го запрат Саурон.
Малце за ликовите сега. Фродо е херој кој не е подготвен за задачата која му е дадена, но ако успее ќе го врати мирот во Middle Earth (глупо ми беше да го преведувам
). Неговиот другар Сем се обидува на секој начин да го заштити од сите опасности со кои се сретнуваат. Тука е и Гандалф кој е супер лик и игра улога како ментор на Фродо. Арагон, мистериозен лик кој брзо ја добива довербата на Фродо и станува важен лик во приказната.
Што се однесува на приказната, направена е супер и се добива јасна слика за сите лоши и добри ликови. Музиката ми се допаѓа најмногу, многу добро се вклопува со секоја сцена од филмот, и пред да го гледам филмов ми се допаѓаше ама сега уште повеќе.
Не зажалив што потрошив 4 саати за филмов, го препорачувам на тие што го немаат гледано ама изгледа само јас го немам гледано
.
Оцена му давам 10.