Rear Window (1954)
http://www.imdb.com/title/tt0047396/?ref_=nv_sr_1
Бидејќи сакам постари филмови овој ми е гледан повеќе пати, вчера го гледав пак иако знам што се случува
Во филмов се зборува за фоторепортерот Џефрис (Џејмс Стјуарт) кој патува низ светот во потрага по совршени слики. Освен сега бидејќи е заглавен во својот стан како резултат на скршената нога. Неспособен за работа или нешто друго Џефрис го има само друштвото на неговата девојка Лиза и домашната медицинска сестра Стела.
Со неговиот двоглед Џефрис почнува да ги следи неговите соседи во секој нивни чекор, по некое време поминато во гледање Џефрис е сведок на убиство, прашањето е дали он навистина го има видено убиецот или само си замислува.
Како што е вообичаено за неговите филмови, Хичкок не носи дирекно во средината на акцијата. Потребно е половина час за да почнете да се сомневата дека нешто се случува, иако во првите моменти од филмот личи дека е некоја романтична драма. Со толку време за запознавање на ликовите и со таков почеток ќе почнете да се грижите за ликовите и ќе сакате да знаете што ќе им се случи.
Џејмс Стјуарт уште еднаш докажува дека беше можеби најдобриот актер кој го имал Хичкок на располагање во целата негова кариера. Причината на ова е способноста на Стјуарт да се внесе во сите ликови кои ги глуми.
Ликот на Џефрис го прави интересен и несекојдневен херој, заглавен во својата инвалидска количка и мора да се потпира на помошта од неговата девојка и медицинската сестра, барајќи од нив да прават опасни работи.
Дефинитивно филмов ми е меѓу првите 3. Уште еден класичен трилер и ремек-дело од мајсторот на неизвесноста.
Оцена 10+