Mama (2013)
Што допре раката на Гиљермо Дел Торо, нема утка.
Филмов остава простор за ептен измешани емоции, ни самата уште не знам дали ми се допадна како заврши, или не.
Откако ја убива својата жена и планира истото да го направи и со ќеркичките, мистериозно суштество го убива Џефри, оставајќи ги девојчињата сами во напуштена колиба сред шума. Пет години подоцна, тим ангажиран од страна на Лукас, братот на Џефри, ги пронаоѓа девојчињата во колибата, видно изгладнети и диви, но преживеани, ситуација која кај сите предизвикува бројни прашања и чудење.
Откако Лукас ќе добие старателство над децата, започнува мистеријата околу Мама, суштество за кое психолозите веруваат дека девојчињата го креирале во своите глави како заштитник. Но што ако Мама навистина постои и ги следи насекаде?
На моменти нереално и крипи, на моменти пак појавата и гласот на Мама ми беа урнебесно смешни, но воглавно е една навистина убаво склопена приказна која ја доловува оаа безусловна мајчинска љубов, но од сосема друга, мрачна перспектива која се граничи со лудило.
Крајот...не знам бе, мораше ли? Но земајќи го Дел Торо во предвид, не се ни очекуваше нешто поразлично.
Препорачувам. Солидна деветка.