Завчера со дечко ми ги гледавме овие 2 филма:
Valentine's Day
Станува збор за повеќе парови и сингл индивидуи, раскинување и смирување, љубов и искажување на чувства. Целото дејствие е на денот на вљубените, од таму и името на филмот. Искрено, очекував повеќе од филмчево, но океј е за тепање време. Особено нешто што ми се допаѓа во филмов е екипата на глумци.
What Happens In Vegas
Овој го имам гледано порано, но сеуште ми беше смешен. Ја обожавам Камерон Дијаз во комедии.
Станува збор за една девојка и еден дечко кои ќе се запознаат во Лас Вегас. Откако ќе поминат заедно луда вечер со искачанки и пиење многу алкохол, утредента се будат и сваќаат дека се венчани. Истото утро, Џој (Камерон Дијаз) му дава паричка на Јек (Ештон Качер), а тој ја користи на автомат во казино, од кој освојуваат 3 милиони долари. Кога ќе се обидат да се разведат (алчни за парите), судијата ќе им даде "казна" да живеат заедно 6 месеци и да се обидат да го направат бракот успешен. Интересна романтична комедија.