При крајот на летово почнав да ја посетувам страната ASOS сé почесто и почесто, да си сочувувам работи што ми се допаѓаат. Не дека нарачував, туку ми служеше како начин на правење "листи" на работи кои сакам да ги најдам низ Скопјево, или нешто што наликува на нив (како што е секогаш случајот кога црпиме инспирации од интернет, нели).
Кога дојде есен и видов дека слабо можам да најдам такви работи какви што ми се допаѓаат, какви што барам, си направив една мала порачка, колку да видам како се одвива сето тоа, колку може да и се верува на страната, време на испорачка, итн.
Платив само колку што чинеше тоа што го нарачав, ни евро повеќе. Shipping-от беше (и сеуште е) бесплатен. Нарачката ми стигна за 8 работни дена т.е 10 дена и ми го донесоа пакетот до врата, убаво спакуван, се на свое место.
Ова беше некаде почеток на Ноември. Од тогаш имам направено вкупно 5 нарачки, од коишто втората беше голема, повторно без никаква грешка. Последната ми беше пред неколку часа.
Имам нарачувано од уште две страни, HUF и RiverIsland, меѓутоа во последно време ги запоставив бидејќи на ASOS го наоѓам тоа што ми треба. Од други страни не сум нарачувал, а и сега за сега не планирам. Цените, времето и начинот на испорачката и квалитетот на робата на ASOS ми е супер.