Онлајн шопинг

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Во последниве години доста популарен е онлајн шопингот. Купување преку интернет.
Што мислите вие за ова? Сте купувале?
Многумина веќе целносно својата гардероба ја купуваат преку интернет. И навистина има огромен избор на се.
Плус често се наоѓа пониска цена, подобар квалитет.
Но кое е вашето мислење?
Сте пробале? Полесно е или потешко?
Или сепак се држите до она продавница си е продавница. Одиш, пробуваш, земаш, нема уткање.
 

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
262
369
63
Си имам купено патики адидас,ептен ми се погодени еве втора година ги носам,исто и саат на адидас си земав,ама многу за брзо ми се расипа и неможев батерија да си најдам таква, во Македонија немаше и сега така ми стои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ако е некој заинтересиран за онлајн купување облека, аксесорис, чанти, чевли и сл. по поефтини цени без плаќање поштарини и царини ви го препорачувам www.asos.com
Јас имам нарачувано, еве и сега на пат ми е уште една нарачка. Ако нешто ве интересира, слободно прашајте.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ако е некој заинтересиран за онлајн купување облека, аксесорис, чанти, чевли и сл. по поефтини цени без плаќање поштарини и царини ви го препорачувам www.asos.com
Јас имам нарачувано, еве и сега на пат ми е уште една нарачка. Ако нешто ве интересира, слободно прашајте.

А како иде процедурата со ова? Веројатно прво плаќаш па ти праќаат? Малце ризично ми е вака...иначе имаат мн убави работи и има денови кога има големи попусти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
сигурно не се плаќаат поштарини и царини? фала за сајтот. Ако има некој друг страна да сподели со нас за онлајн шопинг.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Прво плаќаш ти, па ти праќаат, нормално.:) Си внесуваш број од картичка и CVV2 број, вршат проверка и за една недела плус минус ти стигнува пратката.
Инаку, сајтот сам си рекламира бесплатна испорака. Е сега, ако пратката чини повеќе од 45 евра тогаш плаќаш поштарина, тоа си е од кај нас, за секоја испорака важи истото независно од каде е.
За да не дојде до тоа, доколку одбредеш производи кои ја надминуваат сумата од 45 евра, можеш да ги поделиш во повеќе нарачки. Ако пак одбереш еден производ кој чини повеќе од 45 евра, ќе си платиш поштарина... Значи, тие нема да ти наплатат, туку поштата наша си има таков принцип.
 

Ivance

Нов член
17 февруари 2012
12
5
3
29
Дали купувате од страни на фб како модни додатоци ,и ако знаете некој др пратете линк :)
 

Nemirna.

Активен Член
14 февруари 2012
116
84
28
Немам купено за сега ништо преку интернет и не би ни купила... Не ми е сигурно