Најнеомилени предмети секогаш ми биле општествените науки. Граѓанско образование постои само за перење мозоци и создавање нови верни кучиња. И преку глава ми е веќе од фалење на демократијата како најдобро уредување, трогателни говори за ЕУ и останатите глупости. И ако се смени системот, демократијата ќе биде една од „лошите“ државни уредувања, а ќе се зборува најубаво за новото уредување. Во општествените науки речиси се е двосмислено. Апсолутна вистина и реалност практичко не постојат.
Историјата ја сакам како наука, но начинот на кој се учи во училиште и податоците кои ги учиме се глупи. Многу. Наставиците лошо испрашуаат и учениците лошо знаат. Никој всушност не разбира нешто. Само онака блебетат. И би било убаво кога не би ги делеле работите на добри и лоши.
Ние учиме секакви неважни глупости за соседните земји, а поважните настани само се споменуваат некаде на крајот од страницата.
Географијата е нешто како природно-општествена наука, но ме нервира. Всушност не целата наука, туку делот со статистиките. Досадна ми е некако.
Мене не ме бидува за учење. Секој обид за учење ми завршува со фрлање на учебникот под телевизорот и одење на баскет.
Природните науки ми одат. Мразам кога нешто треба да учам. Ако нешто учиш, значи не го разбираш. Ако не си го разбрал од прва, нема ни од втора.
Природните науки никогаш не сум морала да ги учам. Никогаш не сум ги разбирала луѓето кои учат како ненормални за да сфатат нешто. Кога не би разбирала најверојатно би имала подарени двојки.
За разлика од останатите, никогаш не сум имала проблем со физиката, математиката, хемијата и биологијата. Математиката ја ставам во природни науки можеби затоа се применува во природните науки.
Оваа година победив на регионалниот физика и добив пофалница на републички.
Јазиците ми одат, иако сметам дека имаме глуп начин на учење. Не можеш да научиш јазик со учење структири на реченици и преведување. Кога треба да разговараш со некого на англиски сигурно нема да имаш време да преведуваш од македонски, па да се мислиш како беше структурата на реченицата во тоа и тоа време. Подобро е да се размислува на англиски, нели?
Физичко го сакам/мразам во зависност од спортот кој го работиме. За одбојка никогаш не ме бивало и не верувам дека некогаш барем малку ќе научам. Гимнастиката ми оди кога не се плашам, а најчесто се плашам.
Затоа кога работиме кошарка, ракомет или атлетика(или како и да се вика) ми е омилен час.
За уметностите може да се каже дека ме бива. Повеќе ликовна отколку музичка, но...
Цртањето никогаш не ми било проблем. Имам освојувано и награди. За пеење не ме бива ич, ама баш ич. Посетувам музичко училиште и затоа знам многу повеќе теорија отколку што се учи во училиште. Свирам клавир на сила, заради родителите.
Да речеме дека најглуп предмет ми е граѓанско а најубав физика. Тешко мене кога ќе почнеме да учиме социологија. Чувствувам дека нема да ми оди.
Упс, претерав со пишување. Ама на часовите, кога е досадно немам друга работа освен да ги анализирам предметите.