Ненајавени гости

Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
45
Не сакам не најавени гости, тоа значи дека не ми го почитуваат времето.Јас никаде не одам не најавено. Во ера на мобилни телефони нема ниту една пречина некој да дојде не најавено .
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Ненајавените гости многу пати ми го имаат расипано денот.
На пример, требаше да одиме на излет, но уште наутро се „натокмија“ едни и дремеа кај нас некои четири часа...Пропадна излетот...
Остатокот од денот бев онака разочарана, млитава...
Оваа појава посебно може да нервира ако ненајавените гости се некои досадни... па ако се задржат многу, може човек да посака да ги убие...
 

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Кај мене дома е хотел промаја така да, не ми смета никој. Секогаш доаѓаат не најавени. Имам комшика што кога доаѓа не ни тропа, а боже пази да заѕвони. Влага госпожата слободно, нема ни да ми биде чудно некој ден и да почне да ми отвара по шкафови да види што имам. Исто како да си е дома :D
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Кај мене дома е хотел промаја така да, не ми смета никој. Секогаш доаѓаат не најавени. Имам комшика што кога доаѓа не ни тропа, а боже пази да заѕвони. Влага госпожата слободно, нема ни да ми биде чудно некој ден и да почне да ми отвара по шкафови да види што имам. Исто како да си е дома :D

Па шо не ја посвоиш, барем да знаете дека сте ваши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Не сакам ненајавени гости затоа што секогаш не сум расположена да чекам гости. Исто така сакам кога некој ќе ми влезе во куќа убаво да го нагостам , да спремам нешто, а ако се ненајавени немам време за тоа. Сакам да си го планирам времето, не мора некое посебно најавување, но барем 1-2 часа претходно да се најават. Ова се однесува за сите , и за поблиското семејство(браќа, сестри, родители). Најавувањето значи почитување на мојата приватност и личен мир. Не можам да разберам комшии секој ден да ми се мотаат по дома и да се однесуваат слободно. Ми пречи и мајка ми да ми се мота во мојата кујна или да ми прередува. Ненајавени гости-НЕ.
 

LaraBubaMara

Полноправен Член
6 февруари 2014
14
30
13
Во една прилика на моите ненајавени гости двапати ги поздравив :D Ме збунија!Аман бре луѓе 21 век,со сите можни комуникативни помагала,на некој да му се треснеш не најавен.Не ми се верува,се‘ има!
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Обожавам ненадејни гости - гости што не сум ги очекувал ни на крај памет дека би поминале. НЕ ми е воопшто проблем да застанам со било што што работам за да бидам со нив.
Ќе ме одморат од работата, секако ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Обично не најавени ми идат блиски луѓе кои исто ми се фаќа и да се најавиле и да не се најавиле. За нив е лошо ако не се најават може да не ме најдат дома па да им биде џабе патот до кај мене, инаку јас немам мака. Има само една комшика која не сакам ни на улица да ја сретнам а не па кафе да пијам со неа и тоа у моја куќа. Е неа ако ја видам дека иди на гости не ни отварам врата.