Не сакам ненајавени гости затоа што секогаш не сум расположена да чекам гости. Исто така сакам кога некој ќе ми влезе во куќа убаво да го нагостам , да спремам нешто, а ако се ненајавени немам време за тоа. Сакам да си го планирам времето, не мора некое посебно најавување, но барем 1-2 часа претходно да се најават. Ова се однесува за сите , и за поблиското семејство(браќа, сестри, родители). Најавувањето значи почитување на мојата приватност и личен мир. Не можам да разберам комшии секој ден да ми се мотаат по дома и да се однесуваат слободно. Ми пречи и мајка ми да ми се мота во мојата кујна или да ми прередува. Ненајавени гости-НЕ.