Мене не ми пречат скоро воопшто пошто сметам дека така ненајавени може да дојдат само луѓето со кои сум најблиска, а не некој што бил на поминување еднаш во годината, па му текнало.
Тогаш мислам дека и јас не би била дома.
Од друга страна, мајка ми е чудо од човек за ова. Не е моментот дека луѓето ѝ пречат, не ги сака или што дошле ненајавени, туку за неа дома секогаш е недочистено, срамота, немало ова спремено, немало она, па ќе трча во продавница и мислам дека им прави да им е незгодно.
Дома е почисто од аптека. Се џогира по два пати дневно, прашина на два дена, влакна и трошки се збираат после секое чешлање и јадење, секоја година префарбуваме радијатори и врати, но не, за неа секогаш треба да е најавено (ако може дури денови однапред) за да може да спреми папучи пред врата, јадење, пиење, да се изгланца за гостите да може да си го гледаат одразот на секоја површина.
Ужас. Секој ден си наоѓа нешто „валкано“ и знам дека веќе се граничи со ОКР, но ако тоа ѝ помага и ѝ пополнува време, нема што да правам. Кренав раце од убедување.