1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Марихуана - да или не?

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Jackal, 28 февруари 2012.

  1. the.boy

    the.boy Истакнат Член

    Зачленет на:
    11 јуни 2013
    Мислења:
    68
    Допаѓања:
    71
    Доб
    Добро,
    Доколку јас дадов мислење, не значи дека е тоа став :)
    На што се должи ова реакција не знам, но мислам дека погодив работи кои повеќе ја одалечуваат легализацијата на марихуаната одколку придонесуваат кон тоа.
    Како и да е, ова е форум и баш ми е драго што може да се прочита различно мислење.
    Јас, и покрај твоето емотивно образложение, останувам на ставот мој...се додека некој поубедлив не ме убеди во спротивното...
    Како и да е, го сметам за моралнен последниот дел од мојот пост, на кој ги советувам тие кои не пробале марихуана, да не ја пробаат истото. Тоа е мој совет, и од 10 потенцијални марихуанџии доколку само еден го послуша мојот совет, сметам дека сум ја постигнал целта...
    Не може нешто кое со закон е забрането да биде убаво за употреба.
    А за економскиот аспект...доколку пријателе сметаш дека парите се најбитна работа, и на било кој начин си го запамтил тој основен постулат на економијата, тогаш за пари се би направил...и ова покажува повеќе за тебе одколку за мене :)
     
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266

    Дека твојот пост е резултат на мислење.... е предмет на дебата, а дали имаш став, треба да се одлучиш, бидејќи си малку контрадикторен, види болдираното.:D
    Реакцијата не е нешто посебно остра, само што се заморни муабети непоткрепени со никакви факти кои се сведуваат на LELELE BRAD MARIKUANATA.
    И пак се враќаме на основата, дека ваквото мислење е исто со она на дилерите и наркомафијата, т.е. лицата кои би изгубиле најмногу со легализација.И на нарко-босот и тебе тоа ви е задничко, страв од легализација. На првиот поради тоа што ќе остане без профит, тебе поради лажен морал.
    Политичарите само учествуваат во поделбата на профитот и носат се порестриктивни закони, кои само ја наголемуваат цената.
    Како човештвото живеело со легални дроги 7.000 години? Само во последните 60-70 дрогите се нелегални. Зигмунд Фројд на пример, сосема легално си купувал Кокаин во аптека. Знам дека ова ќе ти делува нестварно но тоа е само резултат на неинформираност. Или орвелијански - `Денес сме во војна со Истазија, отсекогаш сме биле во војна со Истазија.` Денес дрогата е нелегална, отсекогаш дрогата е нелегална.

    Што мислиш дека освен парите е во игра кога станува збор за дрогата? Гоблини? Лепрекони? Славејчиња кои потпевнуваат по гранките?

    Има луѓе на кои им е убаво тоа што во моментот е забрането со закон. Нивна работа, се додека не штетат на некој друг. Некому е убаво да ждере хамбургери, да лока кока кола и да јаде сникерс. Вените, артериите, срцето, желудникот и бубрезите не би се сложиле со тоа, но кој ги прашува.Легално, но штетно. Некој пак сака да се надува. И што со тоа?
    Можно е да не можеш да го перцепираш тоа, но тоа е факт. Ни јас не можам да перцепирам како некои работи на одредени луѓе им прават задоволство, но тоа е, секој со своето.
     
    На TheNagual и Succubus им се допаѓа ова.
  3. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    the.boy не ме сфаќај погрешно, репликата не е напад на личност, туку на ставот. Можеби малку грубо делува, зачинето со иронија и сарказам, но сепак е само дискусија, немам ништо против оној на кого му реплицирам. :)
     
    На True_Blood и slb_bobo им се допаѓа ова.
  5. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Во ред, имаш деца?! планираш да имаш деца?! секако дека ДА, е сеа кога синти ке наполни 14-15 години ке почни да пуши марихуана(како ние што почнавме да пушиме цигари од мали) јас децата едноставно не сакам ЦИГАРА ВО УСТА да стават а камо ли МАРИХУАНА....
     
  6. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Сакаш да каеш кој дува ке нема деца ? : ) joooj брат
    цигаре е поштетно од џоинт, па цел сфет пуши како турчин : )
     
    На 4FUN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Не не, не реков кој дува ке нема деца, туку сакам да речам, само едноставно ме можам да замислам моите деца задутре да користат наркотици...
     
  8. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ааааа сори ја лошо разбра : )
    па брат боље да дуваф легално него нелегално, и такој знаемо дека ск комај сфи млади пиеф пушиф дуваф, пороци кило
    плескаф се у седмо осмо, сфе е изопачено брат нели
    И ск проблем ли ке е ако гу купуеф траву од трафику, него од дилера, па рација, алфаши курци палци инспектори
    Ке се дува исто и да е легална и нелегална, зависи само од поединца како сфе тој ке си га сфати
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835

    Да, планирам да имам деца. И планирам и дека тие деца ќе бидат љубопитни, и не само цигара и марихуана, и многу други работи ќе сакат да пробат. А тоа дали ЈАС или ТИ нејќеме, нив тоа не ги спречува да не пробат. :) Со среќа на воспитувањето на децата! Нејќам да продолжам, оти одеме оф топик.
     
  10. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Зошто да не на пример во друштво некаде на одмор, или кога гледате некоја јака комедија, па убаво да се изнасмеете...
    Немам ништо против додека се употребува со памет, а не како на пример една моја бивша другарка ептен забега од тревата. Почна да пуши секој ден по три пати,неколку години па се опседна со некои мистични прашања, па убедена беше дека таа ги знае ситеодговори-тревата и ги кажала : )
    Па почнаа сите да ја избегааваат, да ја зезаат, остана сама и пропадна. Затоа да, ама со усул..
    Дека е зависност не е, не е ни дрога на крај краева, па и ако помага во лечење на некои болести, што да не ја конзумираме бар два-три пати годишно?
    Онака за здравје : ))
     
    На parvati и Harmonija им се допаѓа ова.

Сподели: