Марихуана - да или не?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

shepherd

Нов член
10 јули 2014
4
10
3
Ццццц ..прво како можете да верувате во се` што ќе прочитате на интернет или што ќе видите на некој документарец? Сигурно ви е јасно дека денес може кој сака што сака да објави на интернет ..па следствено за што и да побараш информација ќе добиеш еднаков број на за-аргументи како и оној на контраргументи.Уште повеќе, Jackal и компанија се обидуваат да не убедат во мноштвото на податоци, научни истражувања, статии и што уште не, за тоа како марихуаната била корисна и дека моќниците кои го вртат светов имаат некаков затскриен план или се работи за некоја теорија на заговор.. истовремено не прифаќајќи ги еднаквиот број на факти кои тежат на другата страна.Не велам дека не треба да се има став во врска со прашањево кој се разликува од "конзервативниот", но треба да биде јасно дека во било која расправа се ценат само аргументирани факти и докази, а не некакви антиципации и верувања.Па дури и да е онака како што вие сметате и верувате, т.е лицата кои се занимаваат со оваа проблематика имаат страв да проговорат за овие нешта..дали сметате дека докторите кои имаат познавање од оваа област не би ги подучувале споствените децата да ја користат марихуаната за нивно добро, или ете едноставно како превенција за одредени болести (ова го пишувам како дете од фамилија полна со доктори од најразлични области.. ).Дали навистина толку лесно верувате дека марихуаната е лек за рак?Дали сте навистина сериозни? Па ако марихуаната лечи рак, како тогаш Боб Марли умрел од истата болест?Споменувате употреба на медицинска марихуана.Прво прочитајте во какви услови се користи и во колкави количини..зашто не дај боже да дојдете во ситуација лекари да ви ја даваат истата.Се користи за намалување на енормни болки и притоа пациентот не се смета како способна и трезвена индивидуа(сакам да кажам дека на пациентот под дејство на ваква терапија не му е дозволено да одлучува ниту за самиот себе).Се утепавте споменувајќи ја Холандија.. ама очигледно читате селективно..и таму не може кој што сака да прави.Зошто како контраргумент не ги гледате другите земји кои ја немаат легализирано? Или тие имаат доволно пари и економијата им е развиена до тој степен да нема потреба да се доразвива? И како можете на ваков деликатен проблем, кој го става под знак прашалник човековото однесување во општеството од повеќе аспекти да гледата само на економската страна.Демек вие толку многу се загриживте за нашава земја и нејзината економска состојба. Многу е смешен фактот што се тешите со фактот дека цигарите и алкохолот биле поштетни, притоа честопати наведувајќи екстремни случаи. Не е работата што е ПОштетно, а што помалку.Зошто воопшто да правиш нешто што знаеш дека ти штети?На крај краева ако ништо не може да ве премисли и сметате дека вашето мислење е она вистинското..терајте по тој пат, но не влечете други со вас. П.С тоа -јас сум љубопитен по природа ..па пробав па ништо не ми е ... за мене е немање на карактер..затоа што сигурно од дома ти кажале дека не е добра марихуаната, а ти сепак си подлегнал на искушението(ако мене не ми веруваш, верувај дека од дома не ти мислат лошо :D).
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што имаат заедничко дилерите, нет троловите и лажните моралисти? Страв од легализација на марихуаната.
А тука е и користа. Првите материјална, вторите мастурбаторска, третите душевна.

http://grid.mk/read/news/507952576/...o-albanija-skokna-cenata-na-drogata-vo-grcija
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=FFEC3AFE9879B942AAB5A466FFF78904

Значи кило трева во РМ - 1500 евра.
Од друга страна нелегалноста има и предност. Што ќе прават сите ситни и крупни дилери ако се легализира и цената драстично падне? Ќе работат во пwewодбеничките фабрики за 150 евра месечно?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and diva orhideja

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Јас сум за легализација на марихуаната, иако во живот немам пробано. Посебно за медицинска марихуана со строго определени прописи.
Не дека марихуаната не е штетна, и алкохолот е штетен па се пие. Кој што сака да си купи дали легална или не легална ќе си купи.
На тој начин голем бизнис на државата и дилерите ќе биде на некој начин пропаднат. И во Америка некои држави ја легализирале а некои не. Марихуаната не лечи, но ја олеснува терминалната фаза на некои тешки болести.
Се што е легално нема причина да биде тајно и неколку пати поскапо.
Исто и со јавните куќи. Покрај тоа што се забранети, можете ли да кажете дека ги нема во Македонија?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and JaMi

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ваквото уље знаеме сите ,барем медицината го потврди успехот на лечење кај некои видови на тумори и карциноми,да се купува единствено во медицински установи а не од улични продавачи кои го прават дома во несоодветни услови,ем нечисто ем без тој главен елемент,состојка тхц ,која е уствари лекот.На инернет можете да најдете и како се прави уљето,така да ако му треба на некој за не дај боже болест,само да не му дојдат дома полиција.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ваквото уље знаеме сите ,барем медицината го потврди успехот на лечење кај некои видови на тумори и карциноми,да се купува единствено во медицински установи а не од улични продавачи кои го прават дома во несоодветни услови,ем нечисто ем без тој главен елемент,состојка тхц ,која е уствари лекот.На инернет можете да најдете и како се прави уљето,така да ако му треба на некој за не дај боже болест,само да не му дојдат дома полиција.
Кај нас не е легализирано, во повекето земји не е, од причина што марихуаната и продуктите кои се добиваат од неа се сметаат за наркотични. Во некои болници во Холандија како терапија за рак на белите дробови на пациентите ин се дава и џоинт од чиста марихуана бидејки и со самото пушење на истата може да помогне.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Кај нас не е легализирано, во повекето земји не е, од причина што марихуаната и продуктите кои се добиваат од неа се сметаат за наркотични. Во некои болници во Холандија како терапија за рак на белите дробови на пациентите ин се дава и џоинт од чиста марихуана бидејки и со самото пушење на истата може да помогне.
Сето тоа е во ред,но ние не сме Холандија,размислуваме што би било кога и во Македонија би се легализирала.Македонците не почитуваат ниеден закон,ни законот за пушење,и сега замисли јас каде што работам,двајца да ми здуманат џоинт,отидов и јас хај фај.Јас не сум ЗА.
 

shepherd

Нов член
10 јули 2014
4
10
3
Добро е да се дебатира на темава и да се разгледа од повеќе агли како би можело..барем интуитивно да се дојде до некаков заклучок.Сепак мојот став е дека марихуаната е штетна(барем од гледната точка која подоле е опфатена). Постојат сведоштва на луѓе кои велат дека се излечиле од рак употребувајќи марихуана, но најголемиот број се рани првични резултати кои се манифестираат со ублажување на болките предизвикани од болеста .. што е идентично со дејството на медицинската марихуана. Не велам дека нема и такви кои тврдат дека целосно се излечиле и не можам да го оспорaм нивното тврдење.. ниту да го потврдам.Теоријата дека маслото од канабисот е лек за рак, кој се држи во "фиока" , како би можела фармацевската индустрија да прави пари од квази лекови држи вода (слично како и за лекот против бактеријата која го предизвикува кариесот).Но, сепак се прашувам како е можно да се држи во тајна нешто што денеска е толку актуелно и распространето во светски рамки.Има голем број на подржувачи на гореспоменатите теории и верувам дека секој од нив би го пробал овој лек доколку дојде во ситуација да му треба.Наспроти ова е фактот што бројот на заболени од рак е во континуиран пораст ( иако бројот на корисници на марихуаната исто така расте со галопирачка брзина).Дали сметате дека оние кои го кријат ова едноставно откритие би дозволиле излив на содржини од типот на различни рецепти и друго.. да го преплават интернетот? ТХЦ-то е состојка која не треба да "копате" за да ја најдете, а за оние кои се занимаваат со медицина, фармација и науките од оваа облст не е проблем истата да ја тестираат на канцер клетки и да ги увидат резултатите.На крај краева пак осатнува прашањето..како е можно Боб Марли да умрел од рак, а знаеме дека истиот користел марихуана.Дури и да се докаже некогаш дека ТХЦ-то е онаа спупстанца која лечи рак, гарантирам дека тоа нема да биде во онаа форма во која се милува да се конзумира.И еве, океј е според мене да се легализира за медицинска употреба (сепак лекарите се луѓе кои знаат во кои количини и како треба да се употребува, без притоа да предизвика значителна штета на организмот).Главното зад кое стојам јас..е нелегализација во општи рамки ..за немедицински потреби.Научно е докажано (лесно можете да проверите по најразлични медицински книги (посебно од делот неврологија)) дека континуираното користење на марихуаната штетно влијае врз мозочните ќелии.На крај краева се надевам дека сите кои пишуваат на темава виделе како изгледаат луѓето при користење на истата. Како би можело да функционира едно општество и како индивидуата би придонела во истото ако постојано дреме и е во некаква фаза на мускулна релаксација. Верувам дека утре не сакате некој надуван доктор да оперира над вас, или пак некој надуван шофер да ве превезува. Сметам дека треба да гледаме за општото добро, а не за тоа дали на дилерот ќе му ја расипеме заработувачката.Јасно е дека сето ова нелегално продавање и препродавање му одговара на некој од погорните слоеви од пирамидалната хиерархија.Сигурно сте забележале како пола скопски населби( не можам да говорам за другите градови) , буквално место воздух дишат марихуана. Не е полицијата толку проста и издлабена за да не го забелужува ова .. ама кој како си ја наредил..кој игра со големите печали пари, а оние ситните дремат по ќелии за другите.И пак ќе кажам.. сето ова на форумиве е чиста интуиција и антиципација од прибирањето на секакви факти од секаде..верувам дека не сакате на некого да му препорачате "лек" за чие дејство (во рамките на лекувањето болест) ни самите не сте сигурни.