1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Марихуана - да или не?

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Jackal, 28 февруари 2012.

  1. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    56 грама е тоа.
    Сите ја леегализираа само ние се криеме уште по дворови. Ехее тука да се легализира нема веќе цигари да се продаваат.
     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    3 баби пробуваат марихуана за прв пат. :zelen

     
  3. TheCat

    TheCat Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    379
    Моменталните ефекти по внесување на марихуана се забрзано чукање на срцето, дезориентација, намалена телесна координација, често проследена со депресија и поспаност. Некои корисници страдаат и од панични напади или анксиозност. Но, активната состојка на канабисот, ТХЦ, останува наталожена во масните ткива и органите како што се мозокот, половите жлезди(тестисите и јајниците), жолчката, црниот дроб и белите дробови.
    Што значи тоа? Дури и ако си престанал да користиш дрога, ти и понатаму можеш да ги искусуваш штетните физички и ментални несакани ефекти од дрогата, со месеци па дури и со години подоцна. Пушењето марихуана и хашиш предизвикува поголемо оштетување на белите дробови отколку пушењето тутун. Ризикот од рак на белите дробови е многу пати поголем за оние што пушат џоинт отколку за оние што пушат цигари. Чадот на марихуаната содржи 50% до 70% повеќе јаглени водороди кои предизвикуваат рак отколку цигарите, а еден џоинт е еднаков на 10 до 40 цигари со тутун. Редовните пушачи на џоинт често страдаат од бронхитис. Марихуаната ја менува структурата на клетките на спермата и на тој начин ја деформира, па затоа дури и мали количини на марихуана можат да предизвикуваат привремена стерилност кај мажите. Марихуаната може да го наруши менструалниот циклус кај жените. Бремена жена која редовно пуши марихуана или хашиш, може прерано да го роди детето со тежина и големина која е под нормалната. Проучувањата покажуваат дека менталните функции на луѓето кои многу пушеле марихуана, имаат тенденција да бидат нарушени или ослабени. Состојката ТХЦ во канабисот ги пореметува нервните клетки во мозокот, со што влијае на меморијата. Канабисот е една од дрогите кои предизвикуваат неприродна делба на клетките што предизвикуваат тешки наследни дефекти. Во последните 10 години, многу деца на корисници на марихуана се родени со намалена волност и способност за концентрација и следење на животните цели. Покрај ова, проучувањето покажало дека употреба на дрога во текот на бременост може да резултира во вродени дефекти, ментални пореметувања и зголемен ризик од леукемија кај децата.
    Поради тоа што може да се појави отпорност на оваа дрога, марихуаната ги поттикнува корисниците да преминат на појака дрога за да го постигнат истиот “хај“ ефект. Кога ефектите ќе почнат да исчезнуваат тогаш се преминува на појаки дроги за да се ослободи од несаканите состојби кои биле причина за првично да се земе марихуана. Дрогата го маскира проблемот за одредено време, чуството ќе избледи, а проблемот ќе остане и лицето ќе се чуствува полошо од претходно. 99,9% од корисниците на кокаин прво користеле марихуана. Размисли дали сакаш дрогата да го управува твојот живот...
     
    На ●Untouchable° му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 4FUN

    4FUN Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    894
    Допаѓања:
    1,987
    Ова ти е некоја копија од некое америчко мислење или лево горе европско западно мислење... ама не е твое лично мислење.
    Може и бледа копија од некое наше мислење, а тоа наше мислење е копирано од некое од горенаведените мислења.
    Да ти кажам зашто... кај нас нема никаква статистика дека корисниците од марихуана преминале на кокаин. Кај нас пред се тешко може да се најде високо квалитетен кокаин. Друго, имам комшија и воедно другар од детството, кој заедно со сега жена му конзумираат марихуана преку 10 години секојдневно, дури и си правеа трипови до Амстердам за поинтересни доживувања,девојката во америка некое време си живееше и од таму знам пренесе доста позитивни искуства... и што се деси? - имаат сега второ дете, како и првото така и второто се прекрасни здрави прави па дури и првото се роди со поголема тежина од нормалната. Затоа се што си копирала горе не ти држи вода, а највеќе дека марихуаната не е дрога, тоа е природно растение кое раѓа плод - цвет, а цветот се конзумира. Или тогаш и пиперките нека спаѓаат во групата на дроги, дека сите пиперки не се благи и здрави, има и многу лути пиперки, а со јадењето на многу луто знаеш што може да му наштети на човековиот организам? - земи пак некоја статија ископирај и дознај.
    Алкохолот повеќе му штети на организмот од марихуаната...Види, ракијата што скоро секој македонец ја има дома, си ја преработуваат за да ја добијат, а марихуаната сама расте... И зашто некој забранува нешто од природата јас да си го имам дома и што сакам да си правам, а алкохолот е легален 100%? - прочитај повеќе и за ова, тогаш со свој став одреди што е штетно а што не. Тенкју
     
  5. TheCat

    TheCat Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    379
    Ova pogore se fakti koi se vistiniti. Moeto mislenje e zasnovano na faktite koi se tocni, i dokazani, pred da doneses resenie moras da gi poglednes i mracnite i svetlite strani na nestoto. Inace i alkoholot e droga, zatoa sto e otrov i gi unistuva prirodnite vitamini i minerali koi sto se naogaat vo teloto i se potrebni za normalno ziveenje na covekot i stvara zavisnost. Vo red e deka marihuanata doaga od isusenite cvetovi i listovi na idniskiot konop, no taa e halucinogena supstanca koja go iskrivuva nacinot na koj nie nestata gi vospriemame i taka ni ovozmozuva da si uzivame vo svoj zamislen svet. Iskreno ne sakam da razgovaram na tema tvojte komsii, ama licno mislam deka imaat problem so koj nemozat da se soocat po sto posegnale po koristenje droga za da si ja ublazat bolkata, da se custvuvaat podobro ili pak da izbegaat od nekoja situacija za koja im se cini deka nema resenie. Idejata mi bese prvo da se informirate za vistinskite posledici sto gi ostava drogata vrz coveckoto telo i um, nekoj sto siri propaganda deka drogata e korisna, najverojatno ima licna korist od seto toa. Jas licno se boram za zivot bez bilo kakvi drogi(tuka spaga i alkoholot i legalnata droga sto se prodava po aptekite za smiruvanje na bolka ili ublazuvanje na depresija), a sekoj e odgovoren za svojata odluka i sekoj ke gi snosi posledicite koi proizleguvaat od taa odluka.
     
  6. 4FUN

    4FUN Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    894
    Допаѓања:
    1,987
    "Моите комшии" ги дадов за пример дека се жива вистина која ја гледам пред моите очи, а не факти кои се направени од некој на некого.
    Имам уште неколку пара од мојата најблиска околина кој денес имаат здрави деца и функционираат беспрекорно.
    Разликата помеѓу фактите и вистината е иста како сител (латас) и реалноста во нашата држава. Јас ке си се придржувам до вистината која ја гледам, твој и сечиј избор е на кого и како ке верувате и ке се огледувате.
    Инаку не ширам никаква пропаганда што да прават а што да не прават луѓето,секој нека си го направи вистинскиот избор што е најдобар за него.
     
    На TheCat му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheCat

    TheCat Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    379
    Tvoite komsii za tebe se primer, jas sebesi si sum najgolem primer, zatoa sto nikoj ne ja znae nikoj kakva e udolnicata, kakov e padot, kakvo e custvoto koga ke vidis deka cel svet ti se raspaga, ti se unistuva semejstvoto, vrskite so prijatelite, odnosot so partnerot, sve se rusi, a ti tones se podlaboko i podlaboko i edinstveno sto ti e na um e kako da zemes droga. Introvertiran si, site ti izgledaat cudno i deka ne mozat da te sfatat, mislis deka nikoj ne moze da ti pomogne vo taa situacija, osven ti samiot, a ti si zavisen i ti se cini deka ne mozes da zivees bez droga. I koga ke sfatis deka zivotot ti se raspadnal zaradi da bides "cool" vo drustvo ili zaradi toa sto ne si imal m*da da se sprotistavis, ili ne si bil dovolno informiran za kakva steta ti pricinuva toa sto go konzumiras. Mislam deka e ova e najmalce sto mozam da go napravam za covestvoto, da dadam iskrena informacija, bazirana na moe licno iskustvo, nikoj ne znae podobro kakov e patot i kakvi se mracnite strani na zavisnosta, od onoj koj sto bil zavisnik, go sovladal toa i sega zivee osloboden od drogi. Jas nemam nikakva licna korist od ova, no mi se cini deka celoto opstestvo bi imalo dokolku gledame realno na rabotite, i dokolku se najdat poveke licnosti koi sakat da pomognat vistinski nekoj da ja resi situacijata i da zivee normalen zivot.
     
  8. 4FUN

    4FUN Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    894
    Допаѓања:
    1,987
    Вистината е таа, најдобар пример е доколку го доживееш на своја кожа. Само не верувам дека сето ова ти се има десено од марихуаната, а јас конкретно само за марихуаната зборев. Кога почнавме за своја кожа, почнав да дувам на свој 16год, сега има скоро дупло... функционирам како и секој нормале што не конзумирал никогаш, а може и подобро реагирам на ситуации... Престанав активно (секојдневно) да дувам пред 3-4 години, едноставно немав време за тоа и потреба. Сега чат пат знам еднаш до два пати неделно да издувам некој комад, дали сам после работа дали со друштво, али не ми претставува никаква зависнот за утре да морам пак. Затоа и сум тако речи голем противник на тие што ја декларираат марихуаната за дрога и тоа па зависна дрога...нема врска, со цигарите си имам мака, нив неможам да ги оставам.
     
  9. TheCat

    TheCat Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    379
    Можеш да ја прочиташ мојата приказна ја постирав.
    Ти мислиш дека тебе марихуаната не ти штети и можеш нормално да живееш користејќи ја, не сакам да те инвалидизирам, тоа е твое мислење и најверојатно така функционираш, но запрашај се зошто после 3-4 години повторно си почнал да земаш :) Најголемата лага што сами си ја кажуваме на себе е "не сум зависен", "можам да престанам кога сакам" и "ова е последен пат" и секој пат ќе е последен се додека не откриеш што причинило ти да пристапиш кон користење на дрога во прв план и се додека таа ситуација не ја решиш (барем кај мене беше така). Ќе речам вака, на некои им е начин на живеење, на некои излез од секојдневието, на некои им е забава, а на некои богами и голем проблем, но вистината е една мора да постои неразрешена ситуација со која лицето не може да се соочи или да се справи и јас лично не прифаќам ниедно друго образложение. Кога јас ја решив таа ситуација, сега можам нормално да фукнционирам и да сум многу поспособна со здрав разум да донесувам решенија и не ми треба никаква супстанца да ме смири, опушти или да ми помогне за да дејствувам.
     
  10. TheNagual

    TheNagual Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 август 2013
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    8
    @TheCat
    Дали исто вака им морализираш и на луѓе кои повремено пијат алкохол, повремено пушат или повремено земаат дијазепами? Дали бараш државата да ги третира кривично? И зошто не? ;)
     

Сподели: