а за оние кои се занимаваат со медицина, фармација и науките од оваа облст не е проблем истата да ја тестираат на канцер клетки и да ги увидат резултатите.На крај краева пак осатнува прашањето..како е можно Боб Марли да умрел од рак, а знаеме дека истиот користел марихуана.Дури и да се докаже некогаш дека ТХЦ-то е онаа спупстанца која лечи рак, гарантирам дека тоа нема да биде во онаа форма во која се милува да се конзумира.И еве, океј е според мене да се легализира за медицинска употреба (сепак лекарите се луѓе кои знаат во кои количини и како треба да се употребува, без притоа да предизвика значителна штета на организмот).Главното зад кое стојам јас..е нелегализација во општи рамки ..за немедицински потреби.Научно е докажано (лесно можете да проверите по најразлични медицински книги (посебно од делот неврологија)) дека континуираното користење на марихуаната штетно влијае врз мозочните ќелии.На крај краева се надевам дека сите кои пишуваат на темава виделе како изгледаат луѓето при користење на истата. Како би можело да функционира едно општество и како индивидуата би придонела во истото ако постојано дреме и е во некаква фаза на мускулна релаксација. Верувам дека утре не сакате некој надуван доктор да оперира над вас, или пак некој надуван шофер да ве превезува. Сметам дека треба да гледаме за општото добро, а не за тоа дали на дилерот ќе му ја расипеме заработувачката.Јасно е дека сето ова нелегално продавање и препродавање му одговара на некој од погорните слоеви од пирамидалната хиерархија.Сигурно сте забележале како пола скопски населби( не можам да говорам за другите градови) , буквално место воздух дишат марихуана. Не е полицијата толку проста и издлабена за да не го забелужува ова .. ама кој како си ја наредил..кој игра со големите печали пари, а оние ситните дремат по ќелии за другите.И пак ќе кажам.. сето ова на форумиве е чиста интуиција и антиципација од прибирањето на секакви факти од секаде..верувам дека не сакате на некого да му препорачате "лек" за чие дејство (во рамките на лекувањето болест) ни самите не сте сигурни.
Има разлика меѓу дебатирање и ranting. Понекогаш не многу голема, но значајна.
Општествата функционирале и пред марихуаната да биде ставена надвор од законот. Од Палеолит до фтора свецка. Пред некои 70-тина години. Општества каде марихуаната е делумно легална или е толерирана (Холандија, Португал, Уругвај, некои јуесеј сојузни држави) фунционираат неспоредливо подобро отколку Хунзистан. Јес` да Суарез каса ама не ќе да е од трева.
Примерот со надуван доктор, извини на израз е крајно дебилен. Зошто е крајно дебилен? Затоа што ако докторот е склон на напушавање ќе си купи нелегална марихуана и ќе се напуши. Дали е легална или не не прави разлика. Сигурно во Монтевидео во моментов напушени хирурзи касапат пациенти пошто е ете...легална.
Напушен доктор бе
Презумпцијата на некористење на наркотици ако се нелегални вс. нивно масовно користење ако се легални е триумф на неукоста.
Општо добро? Значи постоење на организиран криминал и корупција која е испреплетена со сите нивоа на власт е општо добро.
Секако, ако се спореди со некои замислени сценариа за `општо добро`...
Што е следно, банирање на хамбургери и помфрит пржен во завчерашен зејтин? Пошто е ... штетно...
Сериозно, колку раја умира годишно ради лоша исхрана? Треба робија да одат власници на сендвичари, ни ја сјебаа младината, никогаш нема да го вратиме Лерин со ваква раја, на шо личи ова, dokoga vaka...