Добро е да се дебатира на темава и да се разгледа од повеќе агли како би можело..барем интуитивно да се дојде до некаков заклучок.Сепак мојот став е дека марихуаната е штетна(барем од гледната точка која подоле е опфатена). Постојат сведоштва на луѓе кои велат дека се излечиле од рак употребувајќи марихуана, но најголемиот број се рани првични резултати кои се манифестираат со ублажување на болките предизвикани од болеста .. што е идентично со дејството на медицинската марихуана. Не велам дека нема и такви кои тврдат дека целосно се излечиле и не можам да го оспорaм нивното тврдење.. ниту да го потврдам.Теоријата дека маслото од канабисот е лек за рак, кој се држи во "фиока" , како би можела фармацевската индустрија да прави пари од квази лекови држи вода (слично како и за лекот против бактеријата која го предизвикува кариесот).Но, сепак се прашувам како е можно да се држи во тајна нешто што денеска е толку актуелно и распространето во светски рамки.Има голем број на подржувачи на гореспоменатите теории и верувам дека секој од нив би го пробал овој лек доколку дојде во ситуација да му треба.Наспроти ова е фактот што бројот на заболени од рак е во континуиран пораст ( иако бројот на корисници на марихуаната исто така расте со галопирачка брзина).Дали сметате дека оние кои го кријат ова едноставно откритие би дозволиле излив на содржини од типот на различни рецепти и друго.. да го преплават интернетот? ТХЦ-то е состојка која не треба да "копате" за да ја најдете, а за оние кои се занимаваат со медицина, фармација и науките од оваа облст не е проблем истата да ја тестираат на канцер клетки и да ги увидат резултатите.На крај краева пак осатнува прашањето..како е можно Боб Марли да умрел од рак, а знаеме дека истиот користел марихуана.Дури и да се докаже некогаш дека ТХЦ-то е онаа спупстанца која лечи рак, гарантирам дека тоа нема да биде во онаа форма во која се милува да се конзумира.И еве, океј е според мене да се легализира за медицинска употреба (сепак лекарите се луѓе кои знаат во кои количини и како треба да се употребува, без притоа да предизвика значителна штета на организмот).Главното зад кое стојам јас..е нелегализација во општи рамки ..за немедицински потреби.Научно е докажано (лесно можете да проверите по најразлични медицински книги (посебно од делот неврологија)) дека континуираното користење на марихуаната штетно влијае врз мозочните ќелии.На крај краева се надевам дека сите кои пишуваат на темава виделе како изгледаат луѓето при користење на истата. Како би можело да функционира едно општество и како индивидуата би придонела во истото ако постојано дреме и е во некаква фаза на мускулна релаксација. Верувам дека утре не сакате некој надуван доктор да оперира над вас, или пак некој надуван шофер да ве превезува. Сметам дека треба да гледаме за општото добро, а не за тоа дали на дилерот ќе му ја расипеме заработувачката.Јасно е дека сето ова нелегално продавање и препродавање му одговара на некој од погорните слоеви од пирамидалната хиерархија.Сигурно сте забележале како пола скопски населби( не можам да говорам за другите градови) , буквално место воздух дишат марихуана. Не е полицијата толку проста и издлабена за да не го забелужува ова .. ама кој како си ја наредил..кој игра со големите печали пари, а оние ситните дремат по ќелии за другите.И пак ќе кажам.. сето ова на форумиве е чиста интуиција и антиципација од прибирањето на секакви факти од секаде..верувам дека не сакате на некого да му препорачате "лек" за чие дејство (во рамките на лекувањето болест) ни самите не сте сигурни.