Марихуана - да или не?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
а за оние кои се занимаваат со медицина, фармација и науките од оваа облст не е проблем истата да ја тестираат на канцер клетки и да ги увидат резултатите.На крај краева пак осатнува прашањето..како е можно Боб Марли да умрел од рак, а знаеме дека истиот користел марихуана.Дури и да се докаже некогаш дека ТХЦ-то е онаа спупстанца која лечи рак, гарантирам дека тоа нема да биде во онаа форма во која се милува да се конзумира.И еве, океј е според мене да се легализира за медицинска употреба (сепак лекарите се луѓе кои знаат во кои количини и како треба да се употребува, без притоа да предизвика значителна штета на организмот).Главното зад кое стојам јас..е нелегализација во општи рамки ..за немедицински потреби.Научно е докажано (лесно можете да проверите по најразлични медицински книги (посебно од делот неврологија)) дека континуираното користење на марихуаната штетно влијае врз мозочните ќелии.На крај краева се надевам дека сите кои пишуваат на темава виделе како изгледаат луѓето при користење на истата. Како би можело да функционира едно општество и како индивидуата би придонела во истото ако постојано дреме и е во некаква фаза на мускулна релаксација. Верувам дека утре не сакате некој надуван доктор да оперира над вас, или пак некој надуван шофер да ве превезува. Сметам дека треба да гледаме за општото добро, а не за тоа дали на дилерот ќе му ја расипеме заработувачката.Јасно е дека сето ова нелегално продавање и препродавање му одговара на некој од погорните слоеви од пирамидалната хиерархија.Сигурно сте забележале како пола скопски населби( не можам да говорам за другите градови) , буквално место воздух дишат марихуана. Не е полицијата толку проста и издлабена за да не го забелужува ова .. ама кој како си ја наредил..кој игра со големите печали пари, а оние ситните дремат по ќелии за другите.И пак ќе кажам.. сето ова на форумиве е чиста интуиција и антиципација од прибирањето на секакви факти од секаде..верувам дека не сакате на некого да му препорачате "лек" за чие дејство (во рамките на лекувањето болест) ни самите не сте сигурни.

Има разлика меѓу дебатирање и ranting. Понекогаш не многу голема, но значајна.
Општествата функционирале и пред марихуаната да биде ставена надвор од законот. Од Палеолит до фтора свецка. Пред некои 70-тина години. Општества каде марихуаната е делумно легална или е толерирана (Холандија, Португал, Уругвај, некои јуесеј сојузни држави) фунционираат неспоредливо подобро отколку Хунзистан. Јес` да Суарез каса ама не ќе да е од трева.

Примерот со надуван доктор, извини на израз е крајно дебилен. Зошто е крајно дебилен? Затоа што ако докторот е склон на напушавање ќе си купи нелегална марихуана и ќе се напуши. Дали е легална или не не прави разлика. Сигурно во Монтевидео во моментов напушени хирурзи касапат пациенти пошто е ете...легална.
Напушен доктор бе(facepalm)

Презумпцијата на некористење на наркотици ако се нелегални вс. нивно масовно користење ако се легални е триумф на неукоста.
Општо добро? Значи постоење на организиран криминал и корупција која е испреплетена со сите нивоа на власт е општо добро.
Секако, ако се спореди со некои замислени сценариа за `општо добро`...

Што е следно, банирање на хамбургери и помфрит пржен во завчерашен зејтин? Пошто е ... штетно...
Сериозно, колку раја умира годишно ради лоша исхрана? Треба робија да одат власници на сендвичари, ни ја сјебаа младината, никогаш нема да го вратиме Лерин со ваква раја, на шо личи ова, dokoga vaka...:frantic
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Toa со напушен хирург е тапа пример, дури и таму каде што е дозволена не е дозволено хирурзи да оперираат под дејство на опојни дроги и психотропни супстанци. Ама дека генерално раја се теши со тоа дека пушење марихуана е здраво е факт. Под здраво (барем јас што сум сретнал) се подразбира дека спречува и лечи канцери, обновува мозочни клетки и нервни завршетоци, па ме имаат убедувано и дека ја подобрува меморијата и уште многу слични работи. Јас стварно немам против никоја тревка и сметам дека е апсурдно да забрануваш растение, немам ништо против тоа кој сака да си пуши марихуана ама да се тешат со глупости имам против. На друга страна ги имаш ванаби уметниците кои се тешат со тоа дека марихуаната ја конзумирале големите уметници и тоа е патот до постанување прав уметник.
 
shepherd

Нов член
10 јули 2014
4
10
3
Голема е разликата дали ќе биде легализирана или не ..и огромна е разликата дали законот ќе ти дозволува конзумирање на истата.И како што самите велите дека тоа се опојни дроги и психотропни супстанци.. зошто би се легализирале? И како тоа не прави разлика дали е легална или не? Нормално ако имаш намера да кршиш закони, ќе кршиш, пред да те стегнат со соодветна санкција..ако така гледаш на работи зошто да има нелегални работи .. и вака и така ако си склон ќе го правиш нештото, така? Тие работи постојат за да имаш страв од нештото и за ограничување во некои норми и начела кои сите треба да ги почитуваат.И не набројувајте држави кои може да се избројат на една рака каде што била делумно легална марихуаната наспроти остатокот од светот.И да, се согласувам дека има многу други нездрави работи ..како сендвичарите што ги наброја.Ама сте се запрашале зошто не се забранети? Затоа што тоа што ти ќе начукаш килограми, холестерол и што уште не, не ја афектира околината.И не кажувај приказни од типот "Презумпцијата на некористење на наркотици ако се нелегални вс. нивно масовно користење ако се легални е триумф на неукоста. " затоа што верувај не е неукост туку нешто што се вика статистика(не велам дека сите ќе земаат марихуана, ама бројот ќе се зголеми).Ги гледам луѓето кај мене од населба..се надевам и ти имаш кој да видиш..и такво млитаво, незаинтересирано однесување со изговор дека нив им е убаво ми е многи незрело и глупаво."Општо добро? Значи постоење на организиран криминал и корупција која е испреплетена со сите нивоа на власт е општо добро."..што сакаш да кажеш со ова.. дека ако се легализира ќе им го укакаме бизнисот..? И верувај дека Лерин побрзо ќе си го вратиш со армија дебели неко со армија која реалноста ја бара во некој трансцедентален простор.На крај баш ме интересира што мислиш..зошто ја забраниле марихуаната?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133

Има разлика од чиста марихуана и марихуаната која ја пушат наркоманчињата кај нас која е прскана со се и сешто. Кога би се легализирала марихуаната нема да се зголеми бројот на корисници туку ке излезат од сенка оние кои се прикривале дека консумираат, а напушен хирург или шофер не е ништо пострашно од хирург кој пред операција се напил дијазепам или некој друг лек за смирување, дрмнал една чашка ракија на ручек или хирург кој ја губи концентрацијата размислувајки дали неговиот фаворит ке победи на светско...
Има луге кои што одговорно ја консумираат марихуаната и има наркоманчиња што и гомно би испушиле ако им кажеш дека откачува и нивниот однос кон истата нема да се промени во случај на легализација.
Но сметам дека ако се легализира кај нас ке имаме придобивки и тоа од повеке аспекти. Прво ке осиромашат нелегалните дилери, а оние кои што ке можат легално да ја консумираат предпоставувам ке ја консумираат чиста без штетни додатоци, а и ке биде подобро се надевам доколку се употребува и во медицината ако навистина помага во лекувањето на тешките болести плус и самото легално одгледување на конопот ке допринесе за поголем развој на многу зејоделски гранки во нашата држава, а и придобивките во туризмот да не ги заборавиме...

Toa со напушен хирург е тапа пример, дури и таму каде што е дозволена не е дозволено хирурзи да оперираат под дејство на опојни дроги и психотропни супстанци. Ама дека генерално раја се теши со тоа дека пушење марихуана е здраво е факт. Под здраво (барем јас што сум сретнал) се подразбира дека спречува и лечи канцери, обновува мозочни клетки и нервни завршетоци, па ме имаат убедувано и дека ја подобрува меморијата и уште многу слични работи. Јас стварно немам против никоја тревка и сметам дека е апсурдно да забрануваш растение, немам ништо против тоа кој сака да си пуши марихуана ама да се тешат со глупости имам против. На друга страна ги имаш ванаби уметниците кои се тешат со тоа дека марихуаната ја конзумирале големите уметници и тоа е патот до постанување прав уметник.
Се согласувам и токму во ``тешењето`` лежи и најголемиот проблем, но тоа се обично луге кои себеси не можат да се контролираат па бараат изговори за да самите себе се убедат дека се во право. Јас лично познавам луге кои секој ден пушат и не им е убаво. Кога ке ги прашаш зошто пушат марихуана незнаат што да ти одговорат па почнуваат со тешењето, ги набројуваат сите оние изговори кои што ти ги наведе во твоето мислење, но тоа не значи дека истата нема такви или слични својства.
Сепак ке кажам дека легална или не, марихуаната не е за секого, злоупотреби и претерувања ке има секогаш.
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Голема е разликата дали ќе биде легализирана или не ..и огромна е разликата дали законот ќе ти дозволува конзумирање на истата.И како што самите велите дека тоа се опојни дроги и психотропни супстанци.. зошто би се легализирале? И како тоа не прави разлика дали е легална или не? Нормално ако имаш намера да кршиш закони, ќе кршиш, пред да те стегнат со соодветна санкција..ако така гледаш на работи зошто да има нелегални работи .. и вака и така ако си склон ќе го правиш нештото, така? Тие работи постојат за да имаш страв од нештото и за ограничување во некои норми и начела кои сите треба да ги почитуваат.И не набројувајте држави кои може да се избројат на една рака каде што била делумно легална марихуаната наспроти остатокот од светот.И да, се согласувам дека има многу други нездрави работи ..како сендвичарите што ги наброја.Ама сте се запрашале зошто не се забранети? Затоа што тоа што ти ќе начукаш килограми, холестерол и што уште не, не ја афектира околината.И не кажувај приказни од типот "Презумпцијата на некористење на наркотици ако се нелегални вс. нивно масовно користење ако се легални е триумф на неукоста. " затоа што верувај не е неукост туку нешто што се вика статистика(не велам дека сите ќе земаат марихуана, ама бројот ќе се зголеми).Ги гледам луѓето кај мене од населба..се надевам и ти имаш кој да видиш..и такво млитаво, незаинтересирано однесување со изговор дека нив им е убаво ми е многи незрело и глупаво."Општо добро? Значи постоење на организиран криминал и корупција која е испреплетена со сите нивоа на власт е општо добро."..што сакаш да кажеш со ова.. дека ако се легализира ќе им го укакаме бизнисот..? И верувај дека Лерин побрзо ќе си го вратиш со армија дебели неко со армија која реалноста ја бара во некој трансцедентален простор.На крај баш ме интересира што мислиш..зошто ја забраниле марихуаната?

И што ако тебе не ти се допаѓа како изгледа рајата `во маало`? Сериозно?
Мене не ми се допаѓаат еден куп ствари ама ми е сеедно кој и како си располага со својот живот додека не ми наштетува (или на некој близок). Дали ќе е трева дали алкохол дали тутун дали дијазепамче пред спиење... нивна ствар.
Многу берење туѓо гајле не е на арно. Не дека сериозно на моралистот му се јебе за ликот од маалото, повеќе е замислената прича.

Како не ја афектира околината? Знаеш колку чини болнички ден? Лекови? Или океј ти е да плаќаш од џеб (здравствено, па и даноците) за рандом Ставре кој го бајпасираат пошто 25 години се преждеравал ама те е*е во моралниот плексус коа ги гледаш напушените во маало. Јако. Work on your priorities.

Која црна статистика. Дај статистика за РМ пред да ја забранат дрогата и после, да видиме колку имало џанаци и кои се резултатите на `борбата`. Ако нема статистика, барем посочи некој пример од народното творештво, ете Цепенков собирал причи и преданија, дали постои некој синоним за наркос од минатото... кога афионот и конопот биле сеприсутни и легални. За пијаници имаш колку сакаш...

Паааа...да. Ќе им секне изворот на приходи ако се легализира. Пошто ќе биде многу ефтина. И секој ќе може да сади. Нема пари=нема кримоси.
Примерите со Иран и некои сојузни држави на САД се поучни.
http://www.foxnews.com/world/2010/05/13/ap-impact-years-trillion-war-drugs-failed-meet-goals/

Пишував на темава порано, истото пак истото.... нелегалност и поголеми казни=поголем ризик за набавка на дрога. Поголем ризик поголема цена. Поголема цена=повеќе раја заинтересирана да се вклучи во нарко-бизнисот. Проблемот што моралистите не го гледаат е во побарувачката. А таа си постоела, постои и ќе постои. Зошто е така е друга прича.

Дури и директорот на америчката агенција за борба со дрога кажува како стојат работите.
Но во денешно време има и нова димензија во ситуацијата околу наркотиците.
На даночниот долар/евро/денар се прилепи армија душебрижници, морални крсташи кои во вид на разни владини и невладини агенции и религиски организации живеат од буџетите наменети за `борба` со дрогата. Повеќе вработени цајкани, бирократи, цариници, затворски чувари...сета таа армија паразитира на анти-џанки доларот. И нив не им одговара легализација бидејќи ќе мораат да бараат вистинска работа...

Не само Лерин туку и Врање и Ќустендил. makeдоnija веcna!

http://edition.cnn.com/2012/12/06/opinion/branson-end-war-on-drugs/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

shepherd

Нов член
10 јули 2014
4
10
3
Како ти што не береш гајле за никого освен за себе и за некои блиски, те заинтересира тоа што оние кои баратаат со ова остваруваат огромен профит ?И не ти е битно тебе што младинава оди во погрешна насока, него важни ти се парите што ги заработил некој од нелегални активности ..па дотаму те допре што смисли и генијален начин како да им го секнеш бизнисот.Инаку во врска со статистиката..не пишав никаде дека станува збор за Македонија..зборев за статистика во глобални рамки ..И не се секирај ти ќе плаќаш здравствено осигурување и др даноци од таков тип, без разлика дали на Ставре ќе му вградат бајпас или не..на крај краева тоа плаќање ти помага и тебе дури и кога идеш на обичен преглед..Утре не дај боже да ти се случи нешто да знаеш дека истиот тој Ставре ќе те плаќа тебе!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Живеам во надеж дека си трол, бидејќи ако си џенуин артикл тогаш не е на арно :zelen
Тревата е нелегална а сепак младината оди во лош правец? Шо така?
Во земја во која ентри левел плата за млад човек кој треба да се пробива во животот е 150 евра... некој да ти праи муабет за `насоката` во која младината ќе западнела ако се легализирала тревата е многу јако.

Која статистика во глобални рамки? Постои замја каде после исцрпни и детални студии била забранета тревата?!
Обично се работело за ефтина пропаганда, подржана од високоморални политичари, олигархиски лобија и религиска хистерија.

  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Сега во Холандија најнов изум,како што има електронска цигара има и Е-џоинт.Постои со десет вкусови,воопшто не е штетен,не ја содржи состојката тхц.така да кој сака да се откаже од пушење џоинти ете најнова цигара за замена.
 
B

Brick

Гостин
јас сум за легализација на марихуаната иако никогаш не сум пробала. легализирана или не, кој решил да проба, пробал или пак ќе проба. сметам дека сите отприлика доволно знаеме колку е штетна, но и колку е корисна во некои случаи, и сметам дека секој има право сам да одлучи дали ќе користи или не ,било тоа да е медицински или рекреативно
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Од вчера (мислам дека официјално од вчера) Washington DC ја изгласале марихуаната за легална. Односно, секој возрасен човек смее да поседува two ounces (не знам точно колку е тоа) и смее да расте 6 саксии марихуана за лична употреба. Нелегално е препродавање, но постојат дискусии за одобрување и на продавање така што ќе вклучат данок.