Личен дневник

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
11 дена дозволив различни луѓе да пребаруваат низ мојот живот низ 11-те различни аспекти од него.
5 од нив беа задоволни што пронајдоа!
Другите мораа да заминат во неповрат.
Љубовта е закон, љубов под волја. Другото е илузија!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
После 17 дена на 150 километри од дома, не можам да си дојдам на себе. Од онаа безизлезна ситуација на дедо ми со здравјето... сите знаеме што ќе се случи, ама никој не кажува гласно. Само се одолговлекува заминувањето на оној свет, но нели на кого како му е пишано. Иако искрено се надевам тој да оздави, здравјето му е премногу слабо и на секој телефонски повик оттаму- потскокнувам. Кога наеднаш заминавме кај него, мислев дека веќе дошло најлошото. Но, имало Господ. На Божик му се подобри состојбата, па дури и јадеше и по некој збор кажуваше. А сега- штама....
 

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
36
Oхрид
Не сум пишувaлa дневник. Секoгaш некои рaбoти ќе oстaнaт сaмo вo мене и зa мене, a не нa хартија лист, а како сум пoминaлa и што ми се случилo и кaжувaм нa еднa другaркa тaa ми е жив дневник
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Чудна работа колку мислите во одредени моменти можат да не однесат на некоја спротивна насока. Можеш да помислиш се за секој, дури и 0 за никој.Тешка ноќ вечерва, мозокот јури 200 на саат, само книгава не ја гледа. Цигариве ко воздух станаа и тие сироти им се смачи од чадење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Мразам родендени и не ни го чекав иако ми беше осумнаесетти.
Овие два дена имав чувство дека светот врз мене ќе се сруши,напади на депресија-страшно.Преѓеска во осум вечерта си идам во градов после 3 дена,добивам повик од саканава за која што пукав од сомнежи и црни мисли...срцката ми вика дојди покасно да се видиме не можам сега ќе одам на кафе со бла бла.ОК.Одам онака послето со сила кај неа,влегувам у соба,торта на маса со осумнаесетка збуцано,среќен роденден у позадина....
И Бог знае дека сум ладен ко камен и тоа ме задржи да не заплачам ко бебе.Веќе 2 часа сум прероден јас.Ја добив најубавата вечер во животов мој,и го кажав најголемото ФАЛА и ТЕ САКАМ.
 
Последна промена:

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Драг дневнику
Сериозно планирам да си најмам психијатар, чисто онака да има кој да ме сослуша кога и мене ми се зборува.
 
Последна промена:

I love you

Полноправен Член
12 јануари 2015
29
17
8
25
Ах, ти моја прва љубов, само јас ли имам чувства или што е со мене,?
Само ти ли во глава ми се вртиш?
Зошто не можам да се сконцетрирам?
Ти ли си причината.
А да јас дознав единствено одговорот е Те сакам.....
Пеодолжува....
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ми се оди во Холандија на море.Никогаш не сум била. Сум била во кофи-шоп во лудите млади години ама не на море. Некоја река имаше чинам. Мислава ми се врти низ глава веќе подолго време...едноставно да седам на брегот покриена со ќебе, да зјапам во нечистото немирно море и да најдам решение за се што ми се врти низ глава моментално. Yeаp..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Давор

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Од каде да почнам?
Ај вака.
Тонам. Едноставно тонам. Се подлабоко и подлабоко. Маани здравствената состојба. Психички попуштив. Полудев. Веќе едноставно не можам да се контролирам. Цел живот се собирам во мене и кријам и премолчувам и... и ми пукна филтерот. Колку и да сакам да ги задоволам родителите, успеав да ги разочарам уште повеќе.
Успешна сум била. Абе :cenzura ти успеси кога единствениот успех ти е шо си успеал да се родиш, и да успееш и тоа да зажалиш шо си го направил.
Ми иде да викам додека не снемам глас. Да плачам додека не пресушат сите солзи. Да избегам оттука и никогаш да не се вратам.
:cenzura кучката шо станав. Премногу ми дојде. Носам само поголеми и поголеми товари на грбот и тешко ми е да дишам. Не можам да дишам повеќе.
Не знам што да кажам. Не знам.
Ми се вртат само зборови во главата, а не можам да ги фатам за да ги запишам.
Веќе нема утеха.
Од тука натаму оди само подлабоко. Се сомневам дека ова е дно на дното. Провалијата чека.
Се изненадив кога не успеав ниту да се израдувам на пликото што го очекував толку долго време.
Сфатив дека едноставно ништо не можам да имам, “не ми било дадено“.
А до кога вака?
Не се издржува. Не се издржува веќе....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka and Y1K991