Од каде да почнам?
Ај вака.
Тонам. Едноставно тонам. Се подлабоко и подлабоко. Маани здравствената состојба. Психички попуштив. Полудев. Веќе едноставно не можам да се контролирам. Цел живот се собирам во мене и кријам и премолчувам и... и ми пукна филтерот. Колку и да сакам да ги задоволам родителите, успеав да ги разочарам уште повеќе.
Успешна сум била. Абе
ти успеси кога единствениот успех ти е шо си успеал да се родиш, и да успееш и тоа да зажалиш шо си го направил.
Ми иде да викам додека не снемам глас. Да плачам додека не пресушат сите солзи. Да избегам оттука и никогаш да не се вратам.
кучката шо станав. Премногу ми дојде. Носам само поголеми и поголеми товари на грбот и тешко ми е да дишам. Не можам да дишам повеќе.
Не знам што да кажам. Не знам.
Ми се вртат само зборови во главата, а не можам да ги фатам за да ги запишам.
Веќе нема утеха.
Од тука натаму оди само подлабоко. Се сомневам дека ова е дно на дното. Провалијата чека.
Се изненадив кога не успеав ниту да се израдувам на пликото што го очекував толку долго време.
Сфатив дека едноставно ништо не можам да имам, “не ми било дадено“.
А до кога вака?
Не се издржува. Не се издржува веќе....