Можеби би било подобро да си го средам сопствениот живот пред да му дозволам да влезе во него.Заљубена сум од глава до пети. Мојата прва мисла, а и последна во денот е неговото име.
Го има сето она што од секогаш го барав во карактерот на еден човек.
Хумор,креативност,фантазија,чувствителност,уметност....а воедно и приземјениот и реален поглед на нештата.Стварно ме влече како магнет.
Неверојатно фантастичен карактер.
Звучи малку како клише од некоја спиритуална приказна, но решив овој пат да го послушам срцето.Нормално сум човек кој за се бара логично објаснување во животот, бара сигурност и разумни решенија.Мислев дека сум една од оние кои се слободни и им се препуштаат на приликите.Ги земаат нештата без многу размислување.Се лажев.Сосем сум поинаква.
Колку е чудно што ние луѓето мислиме дека се познаваме себе,а всушност сме сосем поинакви него што сме мислеле.
Како и да е..мирна сум, затоа што си признав некои работи,а и се помирив со многу нешта кои не сакав да ги увидам.
И некако си останувам верна на себе без да имам потреба да се менувам за некого.Чинам тоа беше она пресудното.Кога ми се смее се смеам,кога не ми се зборува не зборувам,кога ми треба одмор се одмарам,кога сакам да работам го правам тоа.Не се ставам под притисок да бидам или да правам нешто на кое немам волја.
И се чувствувам ебено добро.
Работата ја обожавам,луѓето со кои работам исто.Тeamwork е навистина нешто во кое уживам.
Му посветувам многу внимание на малиот и тоа ме исполнува.
И среќна сум.Затоа што избрав да бидам среќна.

Последна промена: