Уз разговор со друштво за хипотетичко киднапирање и барање откуп, сфатив дека мајка ми е тип на човек со кого разговорот би одел вака:
- Аљо, го имаме черка ти на граница и че му вадиме органи ако не платите 3 миљона сад одма.
- Мррррш бе, ѓубре едно. Не ти е срам во ниедно време да вртиш.
- Ама...
- И да ѝ кажеш кога ќе си дојде дома да си ја среди собата!
Ех...
Оно и друштвово не ми е ништо поарно...да беа, немаше да правиме договор чив родител да вадиме од памет со приказна за киднапирање.
А другаров ми донел какао, убаво замотано во хартија, изврзано со оние врвцине од табла за јајца....и тоа затоа што пред година дена му направив Несквик кога побара какао. Да сум знаела сега што е.
Додуша, прво мислев дека е сапун со кој (не толку) скриено ми кажува дека треба повеќе да се бањам.
Ги обожавам. Ја обожавам способноста да ме изнасмеат до солзи, макар тоа се граничело и со навреда.
Не знам што би правела да беа луѓе со тапа, obvious „смисла за (х)умор“.