Личен дневник

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Одвреме навреме си се шетам во својот замислен свет и заборавам во колку г**на (проблеми) сум западнат и како мојов живот нема некој напредок и тешко се движи нагоре, како возам на угорница (калдрма) со фиќо и приколица назад со 1 тон. Но, и покрај сето ова нешто во себе си ми вика ( веројатно будалиот во мене) дека се ќе се среди со текот на времето, што би рекле стари „ времето лечи се' “.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Би пишал многу... премногу. Од настинкава која ми навлезе преку левото уво, преку борбата со администрации од почетокот на годинава, до оттуѓувањето кое Егзистенс погоре го опиша.
Но би сакал нешто друго, бидејќи тоа што најмногу погодува е кога почнуваш да чувствуваш дека работите недостасуваат. Особено боли тоа што блискоста не е блискост каква што некогаш била. А надежта те подгрева да бидеш будалчето и да веруваш во невозможни работи.
Неминовно беше тоа што другарка ми еден ден ќе купи карта во еден правец и дека ќе замине засекогаш од ова парче земја. Повеќе од година бев свесен дека денот ќе дојде, но искуството минато ме тешеше дека нема ништо страшно во тоа. Да се разбереме, сум испраќал неколку блиски другари, секој со различно множество на чувства, некои со индиферентност, други со силно стегање на раката и еден ветувачки поглед дека повторно ќе се сретнеме. Дури и во времето пред технологијава да стане толку масовна, кога постоеше само електронски писма. Па сепак сега иако поминаа нецели недела дена откако се имавме видено, веќе ја осеќам онаа носталгија на чувства дека можеби работите не би биле толку сериозни да не постоеше онаа приврзаност како брат што има со сестра. Свесен сум дека технологијата ќе ми помогне тука колку-толку, но од друга страна па отсуството на присутноста на неколку дециметри до мене ми долева благи меланхолични чувства на беспомошност. Викај ме патетичен песимист, но разбери го она чувство кога се судруваш со реалноста и не можеш баш богзнае колку да смениш. Ти преостанува само надежта да прогураш понатака. Барем тоа што посакавме еден на друг е да бидеме среќни. Па отом потом и ќе споделуваме.
So says Saladin...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and Luckky

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Воопшто не ме бива за реферати, и воопшто немам a way with words .. ама let's give it a try ..

Пуштен винамп у позадина со песна од Авенџед Севенфолд ..
По не знам колку време ја пуштив песнава, не знам зошто и не знам како ми текна на неа.
Како што почнува, така чуствувам нешто од внатре, чувство кое не можам да си го објаснам, или бар не сакам.
Си оди натаму песната, се будат за жал, поранешни, несакани спомени. Спомени кои (според мене) требаше да завршат поинаку, спомени кои не сакам да ги има, кои полека ги буткам воопшто да не дојдат на површина.
Ама не оди. Посилни испаднаа од мене. Тие ебани спомени, кои едвај некако успеав (ама изгледа за кратко) да ги искоренам од мене, за никогаш повеќе да не се појават. Цела така и болка, ми се врати назад, во еден здив. Ко да гледам некој флешбек пред очи, а не сакам. Со сила ме тера проклетата песна, ама пак убава ми е, и не сакам да и стиснам стоп.
А како продолжува понатаму, ме обвиваат убави чувства, чувства од денешницата. Со блага насмевка пробувам да ги покријам оние што се разбудиле предмалку, и полека успевам. Сепак се силни (за малку повеќе де.. ) оние од моменталните случувања, на кои што секогаш се буди насмевка, убави сеќавања и убави спомени. Наеднаш имам некоја мисла во главата .. дали она претходното требало да се заврши ? Дали постоел некој начин ? Начин да тие завршат, и повеќе да ги нема во мене ? Не сакам да ме обвива минатото, не сакам тоа да се повтори пак. Не смеам да си го дозволам тоа ..
После неа, не сакам да слушам музика денес. А утре, е друга приказна ..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Dear Diary,
I just want to go away from all the pain. I want...no, NEED it to stop. I can't do it anymore.
I just want it to go away...
Make it go away...
I can't do it anymore.. I can't...
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Многу се нервирам за ситници.
Еве на пример денес се беше океј, се додека не експлодирав без причина. Или можда беше со причина, или барем така си мислев тогаш.
Другар ми ми вели да чувам место за него и за братучед му, и јас океј, ќе чувам. Доаѓа друг другар и ме прашува дали е слободно местото до мене а јас му велам дека е зафатено. Потоа другар ми (овој кој ми рече да му чувам место) доаѓа и седи до мене. Доаѓа некоја рандом персона и прашува Слободно е таму? А овој ни еден ни два одговара со Да, слободно е. И јас WHAAAAAAAAAAAAAAAAT? А другарчево кое го одбив пред малце гледа во мене како ќе изреагирам, знаете колку ниско и гадно сум се чувствуел у тој момент? Ми се гадеше (puke) Цел час размислував за тоа како се чувствувал другар ми кога повеќе "преферирав" (големи наводници) да седи некоја рандом особа отколку тој.
По часовите се испокарав со другиот другар. Нели требаше братучед му да седи таму? Зошто ме направи да излезам ко кретен? Цел ден ми го уништи, наместо да внимавам на часот јас размислував за тоа што ќе си помисли другарот, дали повторно ќе ми презбори или нема да сака повеќе никогаш да ме види. Уште она кога реков Извини, не е слободно, тој ми рече Аааа,добро добро. Демек, ќе речиш ти нешто... Уште тогаш се осеќав за никаде, ама ова ги премина сите граници!! Да бев јас на местото на другар ми, најверојатно немаше да сакам да се видам себеси никогаш повеќе. Којзнае колку ме мразе во моментот :(
Си велам себеси да не паничам за џабе, ама шубе ми е. Ме гризе совеста, се чувствувам како најголемиот лажго, најголемиот криминалец. Зошто мора вака да биде се? Се надевам дека ќе заборави и ќе прости, иако јас никад нема да заборавам. И илјада пати да се извинам (а немам лице за тоа) мислам дека е малку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Стравувам од апатија зошто иронично, ја чувствувам. Се фаќам како се’ правам рутински и без никаква желба, а тоа уште повеќе ми создава нервоза. Ми е здосадено од искажување на било каква емоција или било каква мисла периодов. Не сакам другите да ме тапкаат по рамо, ниту да ми делат совети кои никогаш нема да ги применам. Имам многу идеи, имам многу креации и замисли, но немам желба да ги споделам со никој, а уште помалку да ги остварам. И сето тоа тапкање во место ме потиштува, а сите нешта што ми биле скривалишта во такви моменти ми се распаѓаат зошто ги чувствувам дека ми се надживеани како и сите останати работи. Како сето тоа да ми е изживеано и нема никаква иновација во него за одново да ме заинтересира. И тука следува цела фамилија, сите пријатели и познаници кои продолжуваат да ги туркаат своите сизифови камења низ животново секојдневие а јас како да гледам од страна и се чудам на сета несфатливост и превареност од те едно исто па исто или во најмала рака, слично. Здосадено ми е веќе познатото а немам трпение да започнувам да откривам одново. Можеби јас сум таа што прави нешто погрешно. Пробувам и си велам ми треба промена. И пробуваш да скршиш некоја навика, да воведеш некоја промена и наеднаш од нигде никаде ти доаѓа една мисла која ти вели дека се' е залудно. И немам мотивација и ми е сеедно. Заглавена во слободниот избор што сама си го овозможувам.
Мислам дека низ животов настаниве ме туркаат по мапирани точки низ времето и просторот и тоа страшно ми оди на нерви. Заедно со мнозинството околу мене, без поголема можност за застранување и сите тие блуештини кои започнуваат да се планираат уште од времето кога ќе се родиш, ќе ти никне првиот заб, првиот од, започнувањето во училиште и целиот тој редослед па се' до старост. Си гаам илузија за старост иако не знам што ме чека утре зад врата. Не сакам да планирам ниту да ме планираат, а уште помалку вклучуваат во нивните планови. Ме нервираат сите глупави цитати за тоа дека најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот е да мислиш дека не ти оди во него и да го пропуштиш во меѓувреме. Исто колку што ме нервира и спротивната теза за планирање и како тоа те дефинира како одлучна личност. Кој ги измислува тие глупости... Како да дојдоа моменти кога златната средина не ме задоволува повеќе а екстремите се косат со моите гледишта. Безволно лутам наоколу, многу свесна за сопствената личност, своите размислувања и постапки. Не ме мачи депресија ниту некоја друга животна или идентитетска мака. Ја имам сета слобода да правам што сакам и како сакам на мој начин но едноставно не ми е грижа. Не сакам. Ги прифаќам работите да одат и доаѓаат со свесна сеедност. Можеби еден ден ќе жалам. И не сакам да размислувам за тоа, дека можеби ќе жалам. Глупав збор, можеби. Сакам само да бидам и постојам а во исто време да не чувствувам дека тапкам во место. Пробувам да разбистрам глава и си велам дека јас сум повеќе од сето ова, а во исто време и не знам која сум повеќе всушност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
После дождот иде сонце велат.Па облаци го прекриваат синото сончево небо.
Па дожд,па виножито,па магла..итн.Без почеток и крај.Некој нормален временски циклус на кој се навикнуваме.Учиме да живееме со него.Да се сносиме со сето тоа.Така и ние луѓето.
Погрешно е да целиме само кон среќа потиснувајќи ги сите останати нешта.Со нешта мислам чувства и животни периоди на тага,осаменост,депресија и што знам што.
Дел од сето тоа.Дел од целото.Ми се чини дека кога некој би ми ја резицирал душава би нашол се во неа.Би излетало се што постои на чувства како јато птици од секаков вид.Гаврани црни,врапчиња,лебеди,пеперутки.Радост,тага,среќа,самотија,љубов,омраза..
И сето тоа е дел од мене и ме претставува мене како целина.Интересно е од сето тоа да се направи еднаква компонента,да се избалансира.Да се претвори во едно.Да се изедначи.Чинам тоа е најтешкото.Да се биде умерен во сиот тој хаос на чувства.
Чинам од сите религии,од сите филозофии најблиска и наједноставна ми е таа на Зенот.Единствено таму го пронајдов она што го увидов на себе.Она горе наведеното.
Велат живеј го моментот.Без да размислуваш на минатото или иднината.Кога би било така едносѕавно да се испрактикува тоа.Live in the moment..yes I'll do that.
Секојдневно се трудам да бидам 100% присутна во дешавањето на нештата но не секогаш и ми успева.Ги мразам деновите кога ми налетуваат мисли поврзани со иднината и сум неорганизирана и хаотична.Ги мразам.Ме тераат да седнам да направам план и да одам понатака.Седнувам,медитирам и се држам стриктно по планот.Дисциплината ја усовршувам до ниво.Кога се мора,се мора.
Мхмммм...што сакав да кажам....
Понекогаш мислам дека сонувам.Ми се случуваат работи кои само си ги оцртував во главава како недостижни фантазиибез да имам намера да ги дофатам..
Не можам да верувам сеуште.
Исто како и него што си го цртам во глава веќе година дена..Којзнае може ќе посегнам по него...и тогаш,цак ќе го снема..да се гризнам за јазик,недај Боже да го снема.Ми поминува грч низ градиве на таа помисла.

Стварно го сакам уствари го обожавам животов,се сакам себе и ги сакам сите оние кои се дел од мојата приказна...љубов ах љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Драги,наминав да ти кажам дека неделава истрошив премногу енергија...исцрпена сум ... но затоа викендов ќе надополнам,се надевам дека ќе се појави сонцето да си ја наполнам батеријата + .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Хеј,пак наминав да ти кажам дека сум благодарна за сонцето денес што ни ја огрева душата. [emoji274] [emoji295] [emoji272]
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Огнот до мене гори, всушност насекаде околу мене. Ама ме гори и однатре. Само еден тенок слој кој не гори, ама е подгорен. Зошто на секое ми доаѓа да се изедам себе си, за она што сум го рекол без размислување? Ми доаѓа да застанам на сред крстосница и да си залепам шамар.:mad
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina