Уморна сум дневнику...
На крајот на оваа година јас се чувствувам толку емоционално исцрпенa и испразнета. Снемувам сили веќе во борбата сама со себе,односно борбата меѓу разумот и она другото по кое секогаш се водев.Секој нов ден ми е потежок од претходниот, се што правам е механички, без желба, без никакво уживање во истото.
Кога станав ваква, јас која секогаш сум го сакала животот, луѓето,која се радував и наоѓав задоволство во секоја една ситница што не била ни значајна, јас која и во најбезизлезните ситуации сум била оптимист а сега сум станала тотален опозит на тоа.
Пред некој ден и една блиска особа во мојот живот ми рече-многу си сменета,претходно беше многу поинаква,си станала најголем песимист,ништо не те радува веќе,во секоја една убавина ти ја бараш негативната страна.....реков знам,јас убавина веќе поодамна никаде не гледам...само причината за тоа никој не ја знаете.. си помислив во себе...само јас.