Дек си мори? Ела да те бацам!
Прецртав повеќе цели отколку што си зададов, може веќе и еден fast forward да се удри кон празниците што следат...пример Ден на Дрвото, еве...
После седум недели постојано влечење натака-навака цел ден, секој ден, конечно имам слободен викенд (за себе)...и не знам што со него.
Еве, седам во собава и ко да не е моја. Постојано мислам дека пак за саат-два ме чека некоја обврска и не можам да се опуштам.
Само еден филм изгледав и се избањав денеска...толку продуктивност во мене. А, кога сум некаде и кога брзам, постојано кројам планови како би си го редизајнирала и реактивирала блогот (неуспешно, по n-ти пат), како би си ја дочитала книгата, или пак имам неверојатна инспирација за цртање.
Ма, можам и симфонија да искомпонирам со десна рака, дури со левава ѝ го цртам каверот, и со едното око гледам серија, а со другото читам.
Дојдам ли дома, ко мртов коњ сум, тибам државата.
Е, ама си испеков јаболка и сега ме чека Documentary Heaven - красно откритие, уште да не беа пола од линковите мртви. Во последно време осеќам дека слабо стојам со историја, па време е да се потсетам и надоградам. А, после - серии...или прво сериите? Што попрво?!
Мене ми се смешни кога ми превртуваат очи дека викендот бил за урнебес и пијанчење.
Бич, и сред бел ден во вторник го правам тоа ако сум со правото друштво.
Аут ен(д) абаут.