Личен дневник

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ах, дневниче ако ти се распишам и ти ќе се расплачеш и размрсулавиш. Затоа ќе си молчам.
Се си знаеш и да не те шкрабам зашто убав и чист си ми.
А, само да ти ги раскажам соништата-една тура .Потоа мераците, и се по ред. На крај, ќе ти го шепнам крајот и пак цмиздрење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Оу диар, мора да сум многу празна штом ни тебе не знам како да ти се објаснам што ми се случува. Летаргична везволна депресивна? Појма немам што ме радува. Дури и тоа најмногу ќеф што ми правело сега ми е meh....
Ај,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Има ли нешто подобро од искачување на Водно? Нема нормално.
Одење пешки денес од државна до крстот, нозете ми се салата. Битно бев добро опремен, вода, чоколадо и најбитното без кое не се оди никаде, кутија цигари.
Времето беше онака, јас не осеќав ни ладно ни топло, осеќав само болка во нозете ама ако. На пола пат веќе размислував за враќање назад, но бидејќи не можев да одам сакав да се качам во првиот што ќе наиде со кола. :)
Ама не, собрав сила и стигнав до целта. Кога стигнавме горе знам само дека воздухот беше чист и не сакав да си одам, дури и цигарата ми се згади кога ја запалив. Седење 2 саати скоро и посматрање на градот како се гуши. После 2 саати одмор и заебанции, дојде време за враќање во реалноста и дишење на отрови.
Среќа малце ме пуштија нозете па враќањето не беше тешко, и плус низ шума беше, ептен забегани филмови се прават низ тоа шумата. Спуштањето траеше малце подолго. Ќе траеше пократко ако не го утневме патот низ шумата па моравме да се враќаме назад и да го бараме патот по кој одевме. Луда работа. :)
Утре ќе ми треба инвалидска количка затоа што не можам да ги мрднам нозете.
Заборавив да кажам дека од горе има многу добар поглед, само не успеав да си ја видам куќата дека населбава моја е поблиску до Велес. :)
Почнаа и раце да ме болат, ај доста е. :)
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Наместо да спијам и утре да не бидам ко гроб ја си седам и си мислам со кој да разговарам , и си викам зш кога можам да си пишам иако утре ќе ја избегнувам темава на форум, највероватно зш хормоните удриле во глава па мислите во 1 после полноќ ми одат 300 на саат.
Не ми е јасно како може човечкиот ум да оди од една димензија во друга, од незамарање до 300 филма што би било ако би било, што нормално дека несакам да ги раскаажувам бидејќи на некој психата ќе му ја изреметам. И така мојов замина во 285 димензија и чекам да се врати, и наместо да си уживкам што работите секогаш може полошо да бидат , а сум успеала да ги направам подобри и биднало ете пополека, ја пак упорно влакно во сено барам , ебати перфркционизмот, а не дека нешто фали се е супер .
Ми се јаде сладолед , да знаеш дека сега да има ќе седнам пред печка и ќе јадам сладолед до 4 сабајле.
И да се вратиме на димензијата, зошто си го тупам мозочево, кога знам дека сум способна за мн повеќе , или моето кружење во место и страв да не пропуштам нешто , или страв да не се убавово замине кога ќе огрее сонце.
Не ми се работи утре , сакам да заминам некаде на ден два три , само се мислам каде, дали Маврово, дали некаде во друг град , да сменам околина и да наполнам батерии, алкални се моиве ама полначот бавно полни така да повеќе време ќе ми треба. 290та стасав, сите легнаа да спијат, време ќе е и јас а?
Ај белким ќе помине чувствово, до пред една недела бев силна ѕид ќе срушев со глава, сега некако прашалник ставам на себе.
300 стаса одам јас , бај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Еј диар,

Последно време јес да сум избуричкана, ама не е само до хормоните и до планетите е :) Некогаш се запрашувам што е тоа што ме кочи во животов да се движам нагоре, дали стравот од успехот или од неуспехот. Зошто често пати се наоѓам во „мртва точка“ муд, како да излезап од слепата улица без да се враќам назад, без да го поминувам истиот пат? Во тие моменти барам да прескокнам ѕид ама кога и тоа не го можам , се обидувам да поминам низ него, туркам со главата упорно. И нормално кога и тоа не го бидува, најлесна опција ми е да си постелам тука на крајот од улицата и да „спијам“ пред сите минувачи. Како за нив улицава не е слепа не знам, кај одат, како поминуваат? И пак и пак ќе речам едка се е до умот, до нашиот поглед кон работите.
АЈ се надевам ќе дојде и тој ден да се разбудам и да сфатам дека не се спие на улица, туку само кај што ти е удобно и пријатно...Кај што се чувствуваш дека си дома...Да, дома се спие....
Ај,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Еве ме и мене дневнику...и пак како и секогаш тука ти доаѓам само кога сум за никаде,како сега.
А ноќва е празна,само со тага полека се исполнува и мртвило,мртвило до бесконечност мислам.
Јас веќе и не знам како се чувствувам,се ми губи смисла,никаде не се пронаоѓам а тоа е многу грдо чувство кое претходно сум го немала и ме полудува.
И ме плаши помислата...што ако тоа не се смени во иднина,што тогаш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Tantara

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Единствено што мразам во мојов карактер е што секогаш имам што да кажам или што да прашам, и тоа стварно доведува до лудост кога едноставно треба да се ќути. Мислам дека ќе изнајмам личност само да ми одговара на прашања и да праам муабет, и додатно апчиња ќе и купам да не полуди хахах. Ми фали малце сонце и да ја земам колата и релакс музиче а ја си возам натенане, и си пеам. Ми фали некогаш некој да се труди околу мене, се осекам како да кренале раце бидејќи мислат дека ја можам се. ај доста е онака ми текна да пишам, иако за дневник мислам дека е лоша идеја,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Tantara

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Еј диар,
Животот станува подобар, кога почнуваме повеќе да си се цениме...Ок, е почнувам....Некогаш е потребно само див костен да ти падни на глава, за да ти дојде умот. Јбг, што и да кажувам пишувам џабе е кога ќе сфатиш некој колку те цени, колку му значиш..Доволна е само една постапка за да ти ги отвори очите. Доста е давање на душата за некој, не сакам да си останам без душа .

Ај,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and cakar_ulav

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И еден од тие денови, кога си ја пуштам омилената песна и (ретко, ама ете се случува) се чуствувам среќно и исполнето. И без никаква причина. Само поради некои ситници, толку многу ситни што човек би станал несреќен да знае дека некого можат да усреќат.
А песнава ме потсеќа на мината зима кога прв пат ја слушнав и чекав диџејот да направи пауза за да ми каже како се вика, па цела пауза му ја потрошив за да ми ја најде. И ми се враќа она убаво чувство од тогаш, крај на Ноември, полека почнува новогодишната треска, а јас иако ја мразам зимата, периодов најмногу го сакам. Ми се чини како тогаш секој да си заборава на маките, и ко единствена грижа да е големината на новогодишната елка. И мене ми е само таа.... А не дека други немам, колку само имам неплатени сметки, заостанати долгови, изгубени денови, пропуштени шанси и несреќни љубови... Ама ете.
Може само сега така се осеќам, утре ќе се разбудам пак со таа кнедла во грло и ќе се засрамам од оптимистичките мисли што ме нападнале вечерва во толку тешки времиња. Или, еднаш засекогаш ќе сфатам дека ситниците се оние кои треба да ме прават среќна и дека морам да се научам да ги гледам. А нив ги има насекаде. Дури и во пареата на манџата на баба ми која секое утро ме будеше и толку многу ја мразев и толку многу посакував да не сум принудена да ја мирисам исто толку колку што сега би дала се утре да ме разбуди една таква....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Tantara and Altaïr

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Кога бев во лудите години пишував. И после долго време кога седнав да го читам видов уствари колку сум била блесава, за што се сум се нервирала и плачела. Детски глупости. Сите тие работи сега ми се глупави, најчесто нели љубовни проблеми. Но, вероватно времето менува се. Го фрлив, не сакав да сум истата таа која ги има пишувано тие глупости, не сакав да се присеќам. Ах тие години...