Ги сакам декември и јануари. Прекрасен ми е овој период од годината, празници и фамилијарни слави, топли домови, мирис на печени костени, насмевки, елки и ламбички во различни бои, лампиони..
Го сакам временцево иако е ладничко, се тресам кога одам по улица но некава топлина ме грее одвнатре.
Сношти ми беше толку убаво. Среќна бев затоа што одев да се видам со него, ме исполнуваше снегот кој се уште паѓаше, насмевка ми изнудуваа децата кои тркалаа топки по улиците или оние кои водеа снежни борби, ме радуваше кога гледав родители како ги тргаат децата со санките па час забрзуваа-час застануваа.
Едвај чекам да дојде саботава, да си ја украсиме елката и да се тепаме кој лампион кај да стои
Од мала кажав дека елката ќе се украсува на 15ти, неколку дена пред славата за гостите да видат како сум ја украсила и да ми остават по некоја честитка. Леле колку само им се радував...и уште им се радувам.
Те сакам зимо! Колку што си ладна, толку си и топла.