Личен дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Што е правилно во моментов?
Стребејќи кон својата среќа, уништувам туѓа среќа..
Дали сум себична ако сакам да сум среќна?
Ако сакам да ги направам работите кои мене ме прават среќна и задоволна?
Не се работи само за љубов..иако сфаќам дека и воопшто не знам што е љубов..
Се работи за мојата лична слобода во секој поглед на животот.
Дали тоа што ќе ги вршам обврските како робот, ќе ги задоволи другите?
Дали мојата лажна насмевка на задоволство ќе ги направи среќни?
Велат следи го срцето свое..
Би го следела, но се плашам дека на тој начин ќе оставам хаос позади себе..
Не за себе хаос, хаос за другите..
Со тоа што сакам да сум слободна, да го правам тоа што јас го сакам, а не некој друг,
ќе бидам среќна ..
Се чувствувам како птица затворена во кафез..
Која чезнее за слобода, која чезнее да го следи своето срце, своите желби..
Која сака да живее, да прави грешки..
Грешки кои можеби ќе ме направат помудра, ќе ми отворат нови патишта..
Ми фали храброст..
Храброст да се ослободам од се она што не го сакам, а го правам ..да би бил некој друг среќен..некој друг кој воопшто и незнае дека сонувам.. дека копнеам.. дека сакам да живеам..
Дали е себично од мене на повредам некој со тоа што ќе го кажам сето ова?
Прашања милион, без одговор..
Се трудам да го следам говорот на срцето,
се трудам да протолкувам што сака да каже..
И мислам го разбирам, тоа кажува..
но не го слушам...
Дозволувам разумот да ме води низ овие темни сокаци од животот..
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Многупати сум почнал , ама ме мрзи да пишувам и сигурен сум дека нема да го одржувам дневникот , па затоа и не пробувам повеќе . :rofl
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Срцето ми кажува едно...А умот друго.
Во мене е решението...
Во мои раце...Но не можам да повлечам црта.
Пред мене,голем предизвик е...
А јас талкам во место...
Се држам за сламка и барам решение...
Но не наидувам...
Време е да се завртам и да продолжам понатаму...
Да бидам старата... Да,знам дека можам...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Немам што да ти напишам дневниче.
Надвор врни,истура цел ден,од овде па се до Охридот,за понатаму не знам,не видов.
Патиштата катастрофа,ко селските улици,тоа не се дупки низ нив,кратери.
Знам,знам дневниче дека не ти пишувам ништо занимливо.
Денеска не ми е некако дојдено до претерувања,нит да ги читам а уште помалку да ги пишувам.
Убав е Охридот,но ми се чини дека сета жар што ја чувствував во мене за него,пеплосала.
Веке и состаноците таму ми се банални.
Ма дури и лицемерни се.
Можеби е подобро да не ги познаваш малку подобро лугето.
Колку повеке ги познаваш уште толку повеке се разочаруваш.
Секој за и од некого нешто крие,односно нема храброст да му каже.
Зошто бе дневниче?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and slb_bobo

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Брат, веќе не знам како да те наречам.
Би рекла, здраво хартијо!
Не, звучи како да сум се помрднала од здравиот памет.
Но од кај знаеш, ти си само хартија. Сакам да ја затворам оваа врата позади мене. И туркам со сета сила, туркам, туркам... Ама не оди. Не сум доволно силна. Ослабев уште од денот кога го запознав. Уште цели 26 дена до годишнината од нашиот прв бакнеж. Денес е годишнина од нашето прво запознавање тет а тет. Ми недостига толку многу што душата ми се кине на милиони парчиња. Година и 3 месеци поминаа откако тој првпат ми пиша. Точно две години, пет месеци и 22 дена откако за првпат го здогледав. И сето тоа ми се чини како да било пред сто години.
Луда сум? Не знам зошто, но помнењето на датите ми оди. Не сакам да паметам. Сакам се да заборавам.
И добро бе, од каде му е храброста да ми се јави, да ме праша со кој зборувам на телефон последнава недела, и како јаготка на шлагот да каже дека е љубоморен? Ах да, и не само на тој со кого зборувам по телефон, звани - персона Х, туку и цимерот негов, којшто го познавам одамна и сме баш добри пријатели. Зошто бе? За еден поздрав шо пратив? За смотаните повици кои ме одржуваат во живот? Или поради тоа што знаеш дека кога веќе ме загуби и нема да ме вратиш? Не можам да те разберам.
Сум слушнала многупати дека мажите се навистина едноставни. Она што го мислат, тие и го кажуваат. А ние џенцките... абе будали бе! Со часови анализираме што сакале да ни кажат кога тие веќе го кажале.
Со него, не е така. Никогаш не е така. Ретко зборуваше последниве неколку дена. Не знаев ни што мисли, што чувствува... Доцна е сега. Ја преминав линијата. Кажав работи кои никој не требаше да ги знае. Си дозволив да го спуштам заштитниот ѕид до половина, знаејќи дека можеш да го срушиш. Но брканицава, мора веќе еднаш да заврши. До кога вака? Следува ли уште една пролет во која постојано ќе ме бркаш? Уште едно лето кое ќе го поминам преиспитувајќи се и поминувајќи ја скоро секоја вечер со тебе? Уште една есен преполна со бури? Студена зима без малку топлина?
Не, тоа не ми треба. Дефинитивно веќе се затворам. Веќе никому нема да му дадам таков пристап до мене. Дури и ако ги има тие твоите очи што ме топат ко путер на загреана тава. Знаеш повеќе од сите. Преку ноќ станав ранлива, скорој секој збор допираше до мене. Не повеќе. Тука веќе ставам точка. Ќе треба многу повеќе од такви постапки, такви зборови, такви очи и таква искреност.
Не знам што да правам сега... Веќе се чувствувам како сите да ме напуштиле. Едвај чекам да заврши и ова полугодие, да отидам на проклетиот камп како што планирав и да се вратам со неколку контакти и можности повеќе.
Толку е... Готово е... Завршив со чувствата... Време е да се вратам на она што бев пред тие скоро две ипол години. Ладна, бесчувствителна, горда, самоуверена пред другите. Ја ископав таа маска од кутиите што одамна ги затворив. Не смеам да дозволам пак да се отворам пред некој друг. Едноставно, нешто одвнатре не ми дава. Како да има некое мало гласченце што ми вели да се приберам и пак да ја навлечам таа маска... За никој да не може да ме повреди.
Ха, почнав и гласови да слушам. Шизофренија, стаза 1?
Можеби, можеби и не.
Сега ми останува уште да легнам и да се отспијам.
Ете, така требало да биде.
Сега немам сила да појдам на тој пат со некој друг. Којзнае дали некогаш и ќе ја имам.
Сонував само еден. Го сонував само него.
Се плашам.
Ех, кога само би можела да го избегнам тој поглед барем еднаш. Ех, кога би можела...
Знам дека треба да продолжам, дека се мораше да заврши вака. Вкусно, невкусно, слатко и кисело во исто време, но постојано горчливо...
Мозокот се помири со таа одлука, а срцето?
Кутрото, мисли дека некој ден можеби ќе се вратиш, па си седи мирно, замрзнато...
И се што му останува е да чека и да види што ќе донесе иднината...
И да чека... И уште да чека...
Се до денот кога ќе престане да чука...
Ај, воздра.
До наредниот пат.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Здраво по втор пат дневниче..
Денов ми помина добро како и сите други денови..школо-пракса-дома но воглавно добар ден беше нема од што да се жалам..
Ама не..има една работа по кој се разликува денов од сите други..Сестра ми била на контрола денес да и направат ултразвук нормално бидејќи е бремена и многу се радувам поради тоа..штета што некогаш и не е до мене а е толку далеку но за 2-3 месеци конечно ќе биде со мене,со нас..
Ми покажа слика од бебето кое има 4 месеци и иако не се гледаше убаво преку скајп сепак му го видов барем главчето за полот не се знае се уште бидејќи му биле собрани ноџињата..и така едвај чекам да се роди ..осеќам дека ќе бидам најдобрата тетка на светот :sreken .. Ајт толку за денес се гледаме во друга прилика(wave)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дневниче јас пак дојдов.
Знаеш ли да ми кажеш што е инает?
Кој го прави,а зошто?
Да ти се пофалам,имав попладне со внуците.
Дури и тие веке знаат да го увидат квалитетот во оргиналите.
Да,да,дури повеке и од мене.Квалитетот и убавината ја распознаваат но разликата во цените не :svirka
Нека и се живи и здрави на тета.
Дур таа има сила да мрчи,ке има и начин како да им удоволи.
И повторно да се вратам на инаето дневниче.
До кога ке изгледа дека некому тераш инат,а ти уствари само си се вратил од патот по кој си имал тргнато,и си стоиш во место без да се движиш.
Подобро да не се движам,отколку да се движам по бесцелен пат.Пат без конечна дестинација.
Зарем треба да го одам?
Да,убаво е кога поминуваш и низ убави и неубави патешествија.
Добиваш,губиш,спознаваш.А ке има ли каде да застанеш и слободно викнеш....еве меееее,стигнав?
Се дур одиме по патишта без конкретна дестинација,се губиме самите себе си.
Биолошкиот пат ни е ограничен,друга пречка нема.
Значи ли ова дневниче дека ке можам со разумов да ја победам желбата,да,желбата,не срцето.Оти срцето бил само орган.
Дневниче,се изморив.
И од пишување во тебе,и од чекање да некои си ја средат баш својата суета.
Дневниче,прости ми,темите за срцето како огран и суетата се толку пресни што ги вметнав и во денешнава исповед.
Биди ми поздравен дневниче.Остани ми со здравје,чувај ја тајнава,само јас и ти да ја знаеме намерата,а богами и целта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во моментов седам во чекална кај доктор чекам некои наоди.
Околу мене многу луѓе жени и мажи облечени во црно како по договор.
Сите се облечени во црно.
Лицата им се толку тажни, погледите празни
како во нив да не постои живот.
Изгледаат истоштено,како да се уморни од животот.
Како во нив да не постои нешто што
им дава сила и енергија за понатака.
Како оваа туѓина да ги уништила.
Сивилата на оваа земја им ги има уништено
сништата, има направено искривена перцепција на патиштата по кои некогаш сакале да одат.
Се за што некогаш сонувале се претворило во желбата за пари.
Повеќе пари..
Работа и пари.
Да имаат доволно пари, со кои некогаш
ќе успеат да си купат дел од своите сонувани сништа.
"Само уште малку работа, само уште некое
време, ќе успееме да ги направиме милионте долари.
Тогаш ќе бидеме среќни,
тогаш ќе докажеме на другите дека ние успеавме во животот.
Ќе видат кој сум јас.
Ќе си купам мерцедес,куќа, најголемата куќа, ќе ја купам..
И тогаш ќе бидеме среќни.
Само уште малку пари."
Ја погледнувам свитканата слаба жена во ќошот.
И поклонувам широка насмевка.
Насмевка од дното на душава.
Ме погледнува и најверојатно е збунета, и
се прашува зошто и се смешкам.
Најверојатно пробува да се потсети дали ме познава од некаде.
И збунето ја врти ја врти главата.
Незнае да се смее, заборавила.
Мојата насмевка и е чудна, овде никој не се смешка, едноставно така.
Мора да постои причина за насмевката.
Кога би ја прашала:
Како си бабче?
Како живееш?
Би ми рекла, ах тешко синко..
Тешко, се нема пари...

Хммм.. зарем парите,
изобилството на пари, имот, предмети
се причината за среќа или несреќа?
Зарем можеме да кажеме дека сме среќни
ако имаме пари?

Да среќна сум, имам пари..
(звучи глупо, ефтино,нереално)

Доаѓаат уште повеќе луѓе во чекалнава.
И како по договор сите облечени во црно
како да жалат.

И да....
сфаќам дека жалат..
Жалат за својата младост, своите сништа
и своите некогаш посакувани цели
кои ги изгубиле овде во сивата земја..
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Dude...Ме бива за глума... Така и ке продолжам.
Полека,и ке ја треснам вратата.
Драг дневнику,се надевам дека нема да ме издадеш.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Драг мој денвнику..Многу сакам да се испразнам некаде затоа тоа што сакам ќе ти го кажам тебе..знам дека нема да ми замериш..
Другарство..тој термин за мене го губи своето знаечење бидејќи откако знам за мене тешко ми е да најдам искрени другарки кои ќе ми кажат тоа што мислат за мене и кои ќе бидат фер спрема мене..Го пронајдов баш ваквото другарство но не било така..само сум се лажела цело време..Се прашувам зошто не можам да најдам некоја таква другарка?Зарем сите се променија?Не ..знам дека не е така..но ете јас ја немам таа среќа..Немам доверба во никого веќе...Зарем и јас кога сум нервозна треба са им се истурам нив?да им викам?не јас не сум таква..но тие се..колку лошо е чувството па и не ти се извинуваат после..не ја сфаќаат грешката..па уште полошо е чувството кога ја прашував нешто нормално а таа ми се развика ..најдобрата другарка ..веројатно и не била најдобра а и не е..второ-една мала услуга не сакаше да ми направи..ми направи но пред тоа ме направи подоле од го:cenzura но пред цел клас и потоа ме услужи..но што дека?џабе и е..стварно не знам ..јас ова не го заслужив ... не верувам во женско пријателство....Ах овој Февруари го мразам најмногу од сите месеци..толку е краток но сепак подолог и од јануари и од сите други месеци..ладен,мрачен..само со разочарувања ..добро е што овој му е последен ден..се си има свој крај па и тагата...исто како и среќата..