Личен дневник

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Драго дневниче.

Гледаш дека зачестив ваму...
Што да ти кажам?
Доста беше жалење...
Помина тој период...
Сега коцките се склопени.
Фали уште...
Уште еден детал :)
Сега се само смеам...
И уживам во животот...
Уште малку и Пролет...
Омиленото годишно време.
Прошетки во парк...
Низ град...
И дење и ноке...
Само...сакам и кученце...
Ама... останува само сон...
Бидејки е невозможно.

Поздрав.
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Значи сум водела дневник како помала и не знам кај го загинав тевтерот :(
али еве .. и денес, се гордеам на Барса, а ми го нема другарот за заедно да славиме, го нема ..... за жал никогаш повеќе нема да го има да ги р`чкаме заедно сите што навиваат за Реал и Милан..
Аххх.. другар, замина од светов, но Барса со себе во срцето ја понесе ..... проклет да е тој 3ти Јуни ! Ми фалиш, само едно знам, ќе те памтам само по насмевката и по тоа што беше најгорд Каталонец, другар најдобар, каков што не можеше да се најде во цело школо..
И денес кога разговараме за алманахот и за матурата - се сеќавам на договорот: Ќе бидеме партнери на матура ! Зоошто?! :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Вечерва е некако убава.
Посебно убава незнам зошто. Можеби затоа што младата месечина го осветлува небото така прекрасно.
Колку е силен нејзиниот сјај, или аура би ја нарекла иако е млада..
Додека сечкам компирчиња за вечера,
ја слушам Lady in red,
а и незнам зошто ја побарав таа песна.
Звуците сами ми дојдоа во глава.
Хммм.. никогаш и не сум и обрнувала внимание на таа песна или сум ја слушала посебно..
Изгледа подсвеста ја меморилала баш за вечерва.
Прекрасна песна.
Секое едно нешто околу мене е прекрасно,
сите детаљи ми се видливи.
Ме обвива некое внатрешно чувство на среќа и задоволство.
Се е така како треба да биде.
Ништо што се случува во моментов во целава моја животна збрка не е погрешно,
се си е на свое место, иако е се така неопишливо хаотично.
Хехехехе смешен ми е животов како живот.
Смешен и убав.
Имам некое чувство дека сум гладна за знаење.
Гладна за живот, гладна за се што доаѓа.
И гладна за решавање животни проблеми кои ми стануваат предизвик.
Го сакам животов,
со сите убави и неубави работи.
Со сите негови нијанси и бои..
Lady in red, завршува и продолжувам со вечерата..
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Денес понеделник, ама убав е, арен е.. со малце стресови од рано сабајле дека проектната треба да се предаде до 20ти март, а тоа да ти било 31ви март - значи имам време.. :zelen
утре вторник, 19ти март .......... со душа го чекам денов да дојде.. да се извидам со сите, најмногу со сонцето ......... :igra
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Ти кажувам здраво дневниче на еден вака убав и сончев ден. Младо и старо излегло по дворовите и улиците се топли на пролетново сонце, а јас дома седната во пижами бдеам над книга. Е, а знаеш шо е најтрагично? Само шо ќе ми заврши колоквиумската времево ќе се расипи. Знам јас, се знам каков баксуз сум.
Е, и најдобрите книги ги наоѓам тогаш кога имам најмногу за учење. Едвај чекам да поминат наредниве две недели па да го живеам и јас животот како човек се’ до мај -.- Па ова е претеризам бе. Од шо сум напната и под стрес јадам обилно по миљарда пати на ден. Сеа за празников ми идеше да ги чукам со камења по глава сите шо ми рекоа дека сум се здебелила. Не, не сум дебела, ниска сум :giggle
Друго шо сакам да ти кажам е дека повторно сум во контакт со стара другарка. Добро е да се разрешат стари недоразбирања. Барем мене ми е полесно на душата.

И дури го пишувам ова сфаќам дека стварно сум се пореметила од учење чим не констатирав порано дека Навлечен на тебе ја слушам трет пат по ред. И дур седам овде и ти пишувам тебе можев да излезам и да свртам еден круг низ маало, ама знам дека ако излезам нема да се приберам. И така со голема мака ќе морам да те напуштам и да им се вратам на скриптите по психологија. Ајде, уште малце ми остана :*
 

My name is Mija

Баниран
20 март 2013
5
16
3
38
Учење,љубов, времево...
Се некои безвезни мисли ин ма брејн.
Би сакала да се врати времето кога размислував само на тоа:
Хмммм.... што ќе облечам денес?
Секој ден носи свои тешкотии, свои некои безвезни проблеми.
И секој ден се прашувам:
зошто сето ова?
Која е поентава на нашето постоење?
Дали постоиме само за тоа да би решавале секојдневно глупи проблемчиња?
И тоа би било најверојатно се.
Се раѓаш, раснеш, решаваш онака проблемчиња и проблеми и умираш.
Чудно е сето тоа.
Чуден е светов.
Неверојатно чуден.
А и времево е чудно.
Денес сонце, утре дожд,задутре снег..
Него ај да не забегавам многу одам да учам дневниче, нема ништо од многу мислење.
Од мислење глава боли, чинам....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Ghtalpo

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Драго дневниче...

Не е важно...
Ке заминам од неговиот живот...
Сега...
Веднаш...
Нека биде срекен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Почетокот на пролетта.
Наместо сонце да сјае, и птички да пеат весело,
почнува долго очекуваната пролет со снег.
Мокар снег кој ги мокри чорапите под зимските кондури кои наводно се отпорни на вода
( и затоа коштаат дупло повеќе, од оние обичните кои пропуштаат вода).
Како и да е,
конечно доаѓа денот на кој можам да почнам со делување.
Треба да се јавам за станот...
Тоа значи дека денес го правам првиот чекор во остварување на зацртаните цели.
Од денес почнувам да го одам патот од кој толку се плашев.
Патот кој избегнував да го одам.
Чувствувам дека не јас, туку нешто длабоко во мене ме раководи.
Ги превзема сите тие одлуки и делувања.
Ме бодри и прави посилна.
Сеуште постојат некои прашања во главава,
дали е тоа, тоа што го сакам.
Но тоа нешто во мене е сигурно, не дозволува мислите да ме предомислат.
Што е тоа, што ме води?
Инстинктот?
Душата?
Срцето?
Немам појма, и не е важно.
Чудното е што тоа нешто се појавува секогаш кога треба да одлучам нешто.
Тука беше и кога првпат отидов да го потпишам договорот за новата работа со шефот.
Осетив дека не треба да го потпишам договорот.
Тоа нештото ми даде таков, негативен сигнал.
Го игнорирав, потпишувајќи го договорот.
И на крај?
Видов дека беше погрешна одлука да го игнорирам "нештото во себе".
Шефот беше сељак кој неможев да го гледам.
И му дадов отказ.
Истиот случај,беше со фризерот-п***р(секогаш мислев педерите се само за фризери родени, ама овој бил исклучок)
кој ми ја упропасти косата( не дека е нешто битно, но и тогаш пред да влезам во салонот ми се појави ова чувство и ми даваше некој осеќај, да не влегувам во салонот)
го игнорирав и влегов со долга коса, излегов со кратка коса и шишки и исфенирана коса ко на некоја тетка од 50 години која се спрема да оди на свадба, без да го сакам тоа.
И сега, тоа нешто ми кажува дека ова што ме очекува и треба да го направам е она вистинското.
Така да, нема да го игнорирам овојпат.
Ќе го направам првиот чекор,
и ја вртам новата страница на мојот живот,
и започнувам да го пишувам воведот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
е па еве денес четврток.. нецели 24 часа сум дома.. а не сакам, убаво ми беше таму во тоа Скопјето ..... хммммм смештај бољи него у хотел ! Оуу јеа, глупости на мртво .. хаосмајстори со вујче :sram аххх .. али стварно мораше ли денес да бидам на натпревар и да се враќам? Хмм ...
ми фали Арон највишее !! Си ветувам дека во април пак ќе одам на викенд ! Си ветувам ... чесен збор ! :D
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневниче...

Знаеш некогаш колку и да немаш срека...
Сепак се смееш...
На тоа што останало...
Се смееш со оние кои навистина ти останале пријатели...
Ретки се ама ги има,а јас знам кои се...
Едноставни се...
Не се жалам..
Добро е...
јадам и милка.
А јас кога сум срекна,јадам благо...
Барем ако ништо друго...
И да...Имам зет,нов зет :igra