Личен дневник

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
3 април-2013 година-среда

Се пробудив со тежок мамурлак иако немав пиено никаков антидепресив вечерта (ги избегнувам иако во нужда понекогаш знам да се напијам).Надвор бликнало сонце ама што дека?Можеби подобро што не врне,нема барички...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
На пат сум да донесам луда одлука, која веројатно се граничи со разумот на сите нормални луѓе, но не и со мојот (не)разум :).
Времето ќе покажи дали тоа било вистински избор, или уште една промашена станица..
се надевам дека ќе добијам многу, затоа што ништо веќе го имам!
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Многу ми се измешани мислите...од ден на ден станувам се позбунета...до кога ли ќе трае оваа конфузност...?
Зошто сега во погрешно време?
Зошто не порано?
Мислам дека ништо добро нема да излезе од ова или пак се лажам..?
Пред мене уште едно гоооолемо искушеније...Стегај заби....нема да биде лесно....
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Многу ми се измешани мислите...од ден на ден станувам се позбунета...до кога ли ќе трае оваа конфузност...?
Зошто сега во погрешно време?
Зошто не порано?
Мислам дека ништо добро нема да излезе од ова или пак се лажам..?
Пред мене уште едно гоооолемо искушеније...Стегај заби....нема да биде лесно....
Времето никогаш не е погрешно;)
Се си е како што треба да биде, верувај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Минативе месеци животот полека ми се претвори во пекол. Полека го губам сето она што сакав да го имам. Како да се вратам на патот по кој чекорев? Како си дозволив да скршнам и да се најдам на слепа улица? Никогаш нема да ми биде јасно. Заслепеност? Да, јас би рекла дека тоа е само една од можните причини. Се кршам на милион парчиња. Никако не можам да се исправам и да речам доста е. Невозможно е. Би сакала да исчезнам и да отидам барем до другиот крај на светот, да се одморам малку. Ама ни тоа не може. Проблемите како постојано да трчаат по мене. Не ме оставаат на мира. Празни погледи, без топлина... Празни муабети... Се` е веќе само пуста навика, проклета рутина... Не се чувствувам добро, се држам за сламка... Се што ми треба е искрена прегратка баш сега кога ми е најтешко. Ни тоа не можам да го добијам. Цел живот трчање, цел живот нервози... Веќе и не паметам кога последен пат се насмеав искрено, од срце... Всушност паметам, ама прекратко беше за да биде вистинито. Паѓам во темнина, во безизлезна бездна... Самодоверба? Што беше тоа? Паметам дека некогаш одамна ја имав. Сега веќе не. Изгубив верба во се, само малку надеж ми остана. Ах да, и онаа маската што ја ставам секој ден. Никој не смее да забележи дека јас не сум јас. Дека се сменив. Дека веќе никој и ништо не може да ми помогне. Никој не смее да забележи дека нешто (или сешто) не е во ред. И така... Жими се, највеќе би сакала да излезам од оваа состојба. Веќе доста е. Дај нека се подобри веќе се. Не е интересно.
Сега сфатив дека моето минато постојано и брка в очи на мојата, каква - таква, скоро никаква, сегашност. Пишував не за еден, за двајца. Уствари тројца. 2+1 машки и женски. Па сеа скапирај ти кое што е и како е.
Како и да е, сакав да ти кажам дека додека се мачев со себеси и своите навидум мали проблеми, ми се накачија туѓите. И сеа нејќе, не оди. Епа нема да оди. Таман средив еден проблем, добив неколку телефонски повици и излезе нов. Да т’и**м работата.
И се прашувам, подобро ли е да се откажам од се? Велат дека сега сум подобра од било кога. Ви се допаѓа "bitch mode"? Тогаш останува во функција, се додека не ги сретнам тие зелени очи како во неделата. И ми се одлеми некоја жичка во мозокот, па иако престанав да пијам, ме дотолчи едно пиво (ликерот од пред тоа не се смета) и за малку ќе отидев да му кажам дека е коњ и дека сеуште го сакам. И веќе нема да играм карти.
Другарките се тука, ама не знаат дека умирам одвнатре. Ха, ни не мораат. I'm better off by myself in my own misery. Барам сакам да мислам дека е така.
Како и да е, приказнава не завршува тука.
Не се каам, што било поминало.
Ама време е за промена.
Почнувам од денес - рикверц на пократка коса и се надевам променета боја.
Чао.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Saladin

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Хеј,
можам да ти се обраќам така нели?
Денов некако убаво ми почна, лесно.
Немам да ти понудам ниту напишам некои длабоки и филозофски мисли, туку едноставно да ти кажам дека конечно сум мирна.
Се чувствувам како да сум на прагот на нешто, иако не знам што е, ме фаќа некоја еуфорија.
Дури ни ограниченоста на колегите, со кој го поминувам секој ама секој божји ден мислам дека веќе не ме вади од такт.
Далеку од тоа дека сум подобра од нив, туку едноставно различна (клише нели, али јбг тоа е:svirka)
Да сум сретнела некои од нив, надвор од работа не знам дали би можела да бидам пријател.
Кој да знае?
Само знам дека не можам веќе да им го слушам лелекањето.
Знам дека сите имаме проблеми, ама едноставно некои денови не сакам да размислувам колку е тешко вака, колку е тешко онака.
Знам дека е, многу добро знам дека е.
Али има периоди кога сакам да си го пуштам мозокот на пасење.
И уште нешто.
Ми фали многу, ама многу време за читање.
Паметам порано секаде ја носев книгата со мене.
На јадење, во дневна соба додека гледам телевизија, или додека седам на нет.
Ми фали да се соживувам со ликовите.
Ми фали откривањето на Зафон или на Кундера, прашувајќи се како порано не сум знаела за нив.
Ми фали да си откријам некој автор за себе, онака како кога прв пат се вљубуваш, па едвај чекаш да видиш каква хемија ќе има.
Ми фали. Се ми фали, дури и мирисот на нова книга.

Отидов јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
И сега што, ај да почекаме да помине време па да видиме,
некој дочекал некој не..
ми се смачи веќе од чекање, едноставно доста е.
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Драго дневниче :)
Денов ми започна прекрасно...иако не сум спиена воопшто,сепак сум полна со ентузијазам и енергија да го завршам..
Денес е посебен ден,денес е мојот ден!
Нема да дозволам никој да ми го упропасти тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
"Секогаш" е зборче.Убаво зборче.
Големо, многу големо зборче.
"Секогаш ќе те сакам"....
Прекрасно е да се чуе,но со себе носи
разочарување.
Што ќе биде кога тоа "секогаш"
ќе престане?
Ќе биде болно. Ветувањето поврзано со тоа зборче ќе биде нешто што ќе ни ја кине душава.
Не сакам кога ми вели "секогаш ќе те сакам".
Знам дека лаже.
Мижеби не намерно, но ми кажува нешто кое можеби за два месеци ќе се промени.
Секогаш е променливо.
Релативно.
Постои само во филмовите со Happy End.
Ј will always Love you.....
Ни Витни не остана со Боби Браун до крај, а му ја пееше песната..
Му велам: Сакај ме сега, доволно е...
Секогаш е голем збор, поврзан со
вечноста...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect