Хеј,
можам да ти се обраќам така нели?
Денов некако убаво ми почна, лесно.
Немам да ти понудам ниту напишам некои длабоки и филозофски мисли, туку едноставно да ти кажам дека конечно сум мирна.
Се чувствувам како да сум на прагот на нешто, иако не знам што е, ме фаќа некоја еуфорија.
Дури ни ограниченоста на колегите, со кој го поминувам секој ама секој божји ден мислам дека веќе не ме вади од такт.
Далеку од тоа дека сум подобра од нив, туку едноставно различна (клише нели, али јбг тоа е
)
Да сум сретнела некои од нив, надвор од работа не знам дали би можела да бидам пријател.
Кој да знае?
Само знам дека не можам веќе да им го слушам лелекањето.
Знам дека сите имаме проблеми, ама едноставно некои денови не сакам да размислувам колку е тешко вака, колку е тешко онака.
Знам дека е, многу добро знам дека е.
Али има периоди кога сакам да си го пуштам мозокот на пасење.
И уште нешто.
Ми фали многу, ама многу време за читање.
Паметам порано секаде ја носев книгата со мене.
На јадење, во дневна соба додека гледам телевизија, или додека седам на нет.
Ми фали да се соживувам со ликовите.
Ми фали откривањето на Зафон или на Кундера, прашувајќи се како порано не сум знаела за нив.
Ми фали да си откријам некој автор за себе, онака како кога прв пат се вљубуваш, па едвај чекаш да видиш каква хемија ќе има.
Ми фали. Се ми фали, дури и мирисот на нова книга.
Отидов јас.