Личен дневник

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
08:00 21.03.2013
Денес ќе биде убав ден.
20:09 21.03.2013
Не, не беше убав. Ужасен беше. Поужасен сум немал оддамна.
Го знаеш дневниче другарче она чувство кога се’ по што тргуваш заминува од тебе?
Така ми беше и мене денес.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and ZmajChe

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Ентузијазам.
Денес овој збор доби ново значење, моја лична нова дефиниција.
Денес се сакав себе си со налудничав интензитет. Не, не се заљубив во сопствениот одраз во езерото, се потсетив дека одамна го љубам она што сама го створив од себе.
...
Неговиот џемпер со боја на пепел секогаш ми мириса на страст. А, детергентот е ист за сите негови алишта.
Исполнета ми е секоја клетка со потреба од него, секогаш кога ќе ја ставам главата на тој сив џемпер, кога ќе се мушнам некаде измеѓу неговите раце.
Молчам.
Дишам.
И не, повеќе дефинитивно не сум алергична на волна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Lena

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Лека-полека се ослободувам од обврските со факултетот. Уште 2 колоквиуми и Freedom!! Едвај чекам да се приберам дома и еден цел ден да отспијам затоа што вака не можам да функционирам нормално. Ах златен понеделнику, каде си? Дојде ред и тебе да те чекам како шо чекам петок :D
Него, таман собрав парички да си купам книги од саемот, излезе дека воопшто нема да одам. Вештица нема да биде дел од мојата скромна библиотека :(
И ништо друго немам да ти кажам..единствено ако сакаш да ти раскажам нешто за мотивација или можеби некој дел од психологија.. Нечеш, знам бре.

Ај одам да кркам сеа од салатата шо ми ја направи мајка ми (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Си се прашувам уствари,
кој ми е филмот онака..
Во моментов живеам од денес за денес,
сите цели ми се ставени на Off,нити имам идеи
нити планови.
-Празна?
Не би рекла.
-Мрзлива?
Не..
-Без воља?
no...
Изгледа,
со поставеното прашање:Која сум јас?
навлегов во таканаречената"Midlifecrisis"..
А што е уствари финтава?
Од криза у криза.
Пубертет=криза
Таман поминал пубертетот 5-6 години раат,
па настапува периодот на барање на реални одговори на филозофските прашања


[-кој сум?
-дали постои Бог?
-Во што уствари верувам?
-Која е целта на моето постоење?
-до кога вака?
-а да фатам магла за Индија?
( прашањето одма го одговарам со:
Не, ќе умреш од глад, индиската храна не ја поснесуваш, знаеш дека три дена после тоооолку вкусното јадење трчаше у цв)]

наречен Midlifecrisis,
и таман ќе го пребродиме среќни што сме нашли некои одговори, што сме искусни и тапкајќи си на рамената во стилот на:
Ееееј баш си супер, помина и тоа,
настапува опасниот
"Климакс".
И што?
Од криза у криза, за на 60( кога сме ги поминале сите кризи)
да бидеме горди на себе колку сме поминале низ животот и да делиме совети на помладата генерација која незнае како сме живееле ние.
Фацит:
"Животот е фаза од три кризи,
кои кога ќе ги поминеме ќе сфатиме колку
сме глупи што не сме уживале во малите
нешта т.е моментите кои ни пружале среќа"
И кога ќе го сфатиме тоа ќе си речеме:
-Е од утре ќе бидам среќен...

Абе ај не забегавај...
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Ете ти.. денес четврток станата сум од 5 да учам и се надевам научив.. Сеа е време за трепење на 7 часа и 5 професори !
После одам да ми земат кројка за фустан за матура :sram се е совршено од самиот почеток на денот ........
КЕФ КЕФ КЕФ !
Уште поКЕФ понеделник оди мојата книга на печатење :sram со душа чекам, уфффффф ....... промоција на крајот на АПРИЛ ! Топој !
Се`, се`, се` е топ, само ми е жал што другарчето нема шанса да дознае за мојата книга и да присуствува на мојата презентација... Ми недостасуваш Емчо премногу........ другарчето од клупата, на кое се му беше едноставно и лесно...... И сега се надевам дека ти е лесно, таму горе на небото :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Драги дневнику...

Уште еден ден...
Уште една нова мисла и одлука...
Ја кревам главата и одам напред...
Како ништо да не се случило...
Како сето ова да е еден кошмар...
Од кој наскоро ке се разбудам...
Мило ми е што сфатив некои работи...
Конечно...
Долг период не ми беа јасни...
И се обидував да го најдам одговорот на нив...
Изминатите денови ги најдов...
И сум задоволна...Какви и да се.
И на крај затварам една книга и почнувам нова.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
После бура доага тишина, не знам што ке дојде после бурава што се случи. Боље би било тишина да дојде барем за мене.
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Ми се укажа прилика денес да пишувам есеј на тема „Херојот на мојата генерација“ од некој си конкурс кој трае до 20ти април.. ќе ти го посветам тебе другар, недостигаш !
Би сакала на момент да се качам на небото и да ти ја видам насмевката, да те гушнам, а потоа со тебе заедно да слезам долу, многу фантазија знам, но тоа се најискрените мои желби од дното на душата....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Marchisio

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се прашувам дали е можно вистинската љубов да се случи два или повеќе пати?
Дали ако првата е вистинска втората е можеби илузија?
Или пак првата била илузија а втората вистинска?
И дали секогаш исто се случува?
На ист начин?
Или секогаш на свој многу поразличен начин од таа другата?
Дали е секогаш чудна?Или е нормална?
Што би била чудна, а што нормална љубов?
Недефинирана?А која љубов би била тогаш дефинирана?
Дали мора секогаш да те тресне од земја за да знаеш дека е љубов?
Што уствари е љубов?
И зошто доаѓа ненадејно?
И зошто си оди ненадејно?
И дали во периодот од првата до втората или третата љубов не постои љубов?
Или го поминуваме празниот период љубејќи ја претходната љубов?

WTF is love?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and WomanInRed

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
хм...
Единствено што посакувам сега е да успеам..Но дали навистина ќе успеам..И дали ќе ми се допадне тоа?Ќе биде ли вредно за мојот труд??...Повторно незнам..Вечна дилема..Што ќе биде ако биде?? ... Се што ми преостанува е да продолжам да чекорам за да видам што има од другата страна..што и да е сигурно ќе биде подобро..