Пишував дневник,до 4-5то одделение,и тоа детално опишување скоро на секој ден. Не дај боже да утнев ден да не пишувам,па тоа нервирање што било како домашна да сум заброавила да напишам Ми ги содржеше сите тајни,сите дешавки од школо и после школо,имав симпатија во тоа време па имаше и опис за секој пат кога ќе го сретнев Имав еден без клуч и еден со клуч. Ми го имаа прочитано другарките,ама во поверење нели Строго беше криен од моите родители и брат ми,за на крај да го фрлам во ѓубре,да не ми го најдат и да ми ги прочитаат тајните
А се би дала за сега да го имам,да го читам и да се смеам, па утре ден и на свои деца да им читам што ми се дешавало во детството
Освен дневници,правевме и онакви споменари од тетратки со прашања на секоја страница на кои одговараше цело одделение, па на крај на последната со потпис , цртеж и песничка, во тоа време беше модерно кучето од 2ка и 5ка и нешто во стилот како „Жолта дуња,зелен бор, брзо чекам одговор!“ или „Мастика џвакам тебе те сакам“