Личен дневник

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Пишував дневник,до 4-5то одделение,и тоа детално опишување скоро на секој ден. Не дај боже да утнев ден да не пишувам,па тоа нервирање што било како домашна да сум заброавила да напишам:giggle Ми ги содржеше сите тајни,сите дешавки од школо и после школо,имав симпатија во тоа време па имаше и опис за секој пат кога ќе го сретнев :D Имав еден без клуч и еден со клуч. Ми го имаа прочитано другарките,ама во поверење нели:zelen Строго беше криен од моите родители и брат ми,за на крај да го фрлам во ѓубре,да не ми го најдат и да ми ги прочитаат тајните:giggle
А се би дала за сега да го имам,да го читам и да се смеам, па утре ден и на свои деца да им читам што ми се дешавало во детството:)
Освен дневници,правевме и онакви споменари од тетратки со прашања на секоја страница на кои одговараше цело одделение, па на крај на последната со потпис , цртеж и песничка, во тоа време беше модерно кучето од 2ка и 5ка и нешто во стилот како „Жолта дуња,зелен бор, брзо чекам одговор!“ или „Мастика џвакам тебе те сакам“ :D
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Не сакам да сум болна бе дневник. Само шо се вратив од лекар. Ме отепаа праќање од одделение на одделение за на крај да ми кажат дека ми било на нервна база. A јас со температура 39, треска и болки во стомак. Грррр.. Битно ми дадоа апчиња ко стара баба да сум. Срце ме боли за парите шо ги дадов -.-'
И така еве си се долевам со чаеви, не смеам да јадам тешка храна а како би изела сега еден хот-дог или од палачинките на вујна ми :(
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Или јас цело ова време,сите 22год сум била слепа,или незнам што е ова што се дешава...можда па и си го откриваш вистинското лице. Јас сум среќна,ако и моите најблиски ,односно луѓето што најмногу ми значат се среќни. Или сум тажна кога и они се тажни. Тука сме нели,да ја делиме среќата,тагата и се остало. Ама не ми е јасно како па ти можеш толку да глумиш лудило а јас дури денес да сфатам... не , не ова не се случува,не е вистина....ццц дојде време да ми кажеш дека јас си го запоставив друштвото заради дечкото? Дојде време да ми кажеш дека сум се видела претходниот ден не мора и денес? Чекај малце бе, па кој фактор си ти во мојот живот да ми кажуваш што треба да правам и како да си го планирам времето? Кој фактор си ти,која си 22год до мене,сум те сметала за неродена сестра,а да покажуваш љубомора кон тоа што ми е преубаво во овие 2 месеци и уживам со дечкото? Како можеш да си го дозволиш тоа? Барем ќути,скриј го во себе да не биде толку видливо.Па уште трчаш како слепа кучка побрзо да најдеш и ти некој,било кој само за да се нарече дека ти е дечко? Само за да не останеш сама? Пошо Мила има а ти не? За греота си, искрено. За понашањето не сакам сега да коментирам,ама ќе спомнам само дека тек на 22 год си тинејџерка,малку појќе ќе почекаме да созрееш.
А друга работа што сакам да ја спомнам во денешниов пост,е дека мразам бе луѓе кога некој ми чепка по стварите!
Значи мразам...!
Мразам кога ќе речеш дека ќе дојдеш кај мене да се спремаш па да излезеш!
Мразам кога ќе си се намачкаш од рол-онот без да ме прашаш или сама да имаш осет дека не е хигиенски ко прво!
Мразам кога гледаш дека лакот за коса е на дно а упорно прскаш да го дотрошиш!
Мразам кога ќе бараш нешто за носење!
Мразам кога ќе ги употребуваш моите шминки-БЕЗ ПРАШАЊЕ!
Мразам кога ја миеш косата кај мене!
Мразам кога ја пеглаш косата кај мене!
Па што сум ја бе да му е**м мајката,салон за убавина?
Па уште на крај и гратис парфем? Па не ти се свиѓал едниот,па ај од другиот??
И да,највеќе мразам за пари кога се правиш на удрена! Плати го таксито па „ќе ти дадам“-у превод к*р шо ќе видиш пари од мене!
Ти го мразам детското понашање и твојата желба да се ку*чиш и пробувајќи да привлечеш внимание.
Нема што,ти го посветувам денов на тебе...! Ама од сега јас си знам како треба со тебе.(punch)



Друго шо сакав да ти кажам дневниче...аа да, си бевме прееска на кино со љубовта(happy) Малку ми се збуни од филмчето (What to expect when you are expecting) ама битно му се свиѓаше и не му беше досадно :) После си купивме донер и си јадевме во парк,гушкајќи се и бакнувајќи се(hug) За прв пат јадев донер и ми се допадна. Многу нови работи пробав со него,ми се свиѓа неговиот авантуристички дух :) Едвај чекам да дојде недела да си го видам пак иии така добра ноќ сега, време е за сонување(wave)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Се дотерав..што тука, што со гардероба. Скромно де, некои парталчиња што не ми беа баш најпотребни ама ми се допаднаа па ги зедов. Едвај чекам да ја стокмам комбинацијата. Звучам ко типична шмизла, знам.

За друго дојдов.
Знаеш, изминативе неколку дена набљудував што навистина се случува околу мене. И ништо ново не открив, го потврдив она што веќе го знаев. Сите брзаат некаде. Почнувајќи од дедото Петре што живее во уличката до мојата кој секое утро брза со велосипедот да стигне на ридот и да пукне со пушката за да убие некоја невина птица, до забавачињата што трчаат за побргу да се скријат од студот и да се најдат во колку-толку потоплите училници. Брзам јас за да не ми избега автобусот, брза момчето со актовката кое секое утро го среќавам на истото место во исто време, брзаат тутунари да го соберат и последното ливче тутун што останало во полето, брзаат возрасните да стигнат на работните места. Брза тетка Летка да ја отвори самопослугата, брза вработениот во Комуналец да го собере ѓубрето, брзаат таксистите, брза другар ми да се истурка и да купи топол бурек. Брзаат возачите на автобусите да стигнат на секое место во точното време, брза професорот за време на предавање за да предаде повеќе.
И знаеш, што се случува на враќање? Па истото!!
Дедо Петре брза да се врати и да јаде чорба од птичјото месо, брзаат учениците за да ги фрлат ранците и да се препуштат на играта, јас пак трчам за да фатам место во автобусот. Тутунарите се враќаат со полни кошови, се враќаат работниците на ручек. Тетка Летка ја чека смената за да оди дома и си ја фати домашната работа. Момчето не го среќавам на враќање. Можеби се враќа по различен пат, кој знае..

Се прашувам..тоа ли е целта на животов? Постојано трчаш од врата до врата, од место до место, за себе, за синови и ќерки, за внуки и внуци. И повторно, на крајот, останува ништо. Чекорите кои си ги направил ги брише времето..
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
прекрасна ствар дневник:)
одсекогаш сум пишувала дневник,откога научив да пишувам..
Порано ми го читаше брат ми со другарите:ladnoпа се смееше на мој рачун,потоа покасно макја ми,па си имав нон/стоп проблеми и сега,
мојот партнер,покушава ама не го разбира,се спремив на таа тема..
Ја научив еврејската азбука и пишувам на еврејски ракопис, па така да нема шанси да разбере ниту тој,ниту мама ниту бато :zelenшто пишува....
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Чудно ми е малце кога ти се обраќам.. стара навика да те викам со старо име, на новово некако не можам да се навикнам, па одбегнувам да те викам по име.

И така.. Си дојдов еве и имам главоболка од шо малце спиев. Чекам мама да го заврши ручекот, да се налапам и да пијам апче. После треба некој есеј да му напишам на либето, да си учи тој тоа што му е поважно. (inlove)
Е тек после може и ќе легнам да се одморам малце, за да можам да издржам на проба. Ама и да не можам..тие ќе ме разведрат. Колку големи извори на позитивна енергија се дечињата не си свесен. Им се радувам на секои среда и петок и едвај чекам да стигнам таму.
Ќе броиме и денес еден-два-три-четири, два-два-три-четири. Лева-десна-лева десна. :giggle
Малце е понапорно дури ги научат почетните чекори, ама има потенцијал во нив. Верувам јас во нив. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Здраво дневник.

Неколку дена не функционирам ко што треба. Сношти не заспав, се виткав ко кифла спремна за печење поради болки. Неделава немам лабораториски (а баш сакав неделава да имам) и изгледа у четврок вечер си одам дома. Требаше да се видам со колеги и другари од Скопјево, ама ништо од тоа не бидна. Ах да, сум спомнал овие од One колку се услужни? Само 2 месеци чекаме за интернет. Мајке му, за 2 месеци крај на свет се случува овие интернет не можат да наместат. Услуга на нивоу.
Дневник, има едно џубре тука на форумов што сакам да го дружам што е можно почесто. Ми прија разговорот и некако се чувствувам ко да може најдобро да ме разбере и да ме изнасмее (и да ме најаде во Бургер Кинг :gladen).

Доста за вечерва. Сеа да го прашам овој нубот пред мене ако му се иде до Рептил да купиме банани и уште нешто. Ако не, здравје.

Поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Electra

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
13/11/12
Денот ми започна со традиционалното будење во 4:55. Станав се облеков во работнички, заминав на работа. Работевме шо работевме, дојде пауза. Се накркаваме. И в кантина видов список за плата. Ме преместиле од Комерцијална во Стопанска банка. После работа се изџидав во Стопанска. Ми направија трансакциска. ДЕвојките беа услужливи, не ко оние во Комерцијална :) Така да, утре че си ја земам октомвриската плата.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
I'm baaaaack!

Ха, ми изрипа Шелдон пред очи. Небитно. Дир дај’ри. Хау ар ју тудеј? Глупости...

Да почнам пак. Глупаво ми е. Ми лазат нервите по телото, но сеќна сум и нервозна и тажна и разочарана и возбудена и се... Каква каша е ова, никогаш нема да ми се разјасни.

Туку, трилогијава што земав да ја читам пред некој ден ми ги отвори очите. Да ги дочитам последните 30 - тина страници и ќе почнам со моето филозофирање.

Сакав да ти кажам, нешто се случува со Дарко...нешто не е во ред. но ќе почекам до петок, баш да видам што е.
Ми недостига нешто. Не знам што е.

Сакам да се шминкам, ама ме мрзи.
Би напишала реферат, ама ме мрзи. Освен тоа, Кристијан Греј чека... Мора да го дочитам.

Ај отидов ја.
Be Back Soon,
xoxo I wanna fly.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Дневник си пишував порано многу почесто, ама у последно време некако тастатурата ми се чине побрза. :)
Секако, пред недела-две си земав едно интересно тефтерче од другарка, за запишување на мисли, онака обично у random place ми текнуваат работи, шо после ги забравам :D

Јас пак, дневникот си го викам другарчето.
Епа поздрав другарче, првин тебе ќе те прашам: Како си?
Еј, фала на прашањето.. Искрено, многу расеано се осеќам. Толку ми се мислите одлитани шо не знам како да си ги присоберам. Денеска ми е еден од оние simple days дека мораш да си ги завршеш обврските и да мислеш за утре. Колку само ме иритира тоа! Едвај чекав да дојдам дома и да си легнам, а те залажа ме интернето.. Среќа шо си отворив страници да си прочитам нешто, па овај компјутер ме ебава толку многу, па сега и звучната треба да му ја оправам. Да не можеш Alice in Chains на раат да си ислушаш!

Како и да е, се поминува. Се изминува. Убаво се осеќам у собата, некако меланхолично ми делува надвор, а ја страшен метеопат. Е ајде де, bullshits in кофа.
Планирам како да си завршам побрзо обврските и Assassin's Creed да играам, да, бар така ми е релаксирачко, кога веќе не можам да се шетам.
Другарче, дај потсетувај ме на работите шо ТРЕБА и шо МОРАМ да ги правам, не за друг, за мене. Лошо е кога не мислам на самата себе. :)
Остани ми расположено, ќе те дружам почесто. (nod)