Која е смислата на животот?

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Животот нема некоја објективна смисла, само субјективна.
Животот е резултат на настан со мала веројатност да се случи, поради хемиските и физичките својства на два елемента од кои едниот настанал како резултат на фузија на Водород и Хелиум во јадрото на масивна ѕвезда од прва или втора генерација при процесот на експлозија во облик на Супер нова. Тоа се елементите Јаглерод и Водород односно нивните соедниненија кои со два збора се нарекуваат органски соединенија.

Бидејќи хемијата и физиката се идентични секаде во универзумот, шансите истиот настан да не се случи и на друго место и да постои живот се бесконечно мали, но не се еднакви на 0. Ние како збир на органски соединенија немаме некоја објективна смисла :) целосно сме уништливи без некоја посебна последица и целосно сме повторливи исто така без некоја особена причина.
 

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Животот нема некоја објективна смисла, само субјективна.
Животот е резултат на настан со мала веројатност да се случи, поради хемиските и физичките својства на два елемента од кои едниот настанал како резултат на фузија на Водород и Хелиум во јадрото на масивна ѕвезда од прва или втора генерација при процесот на експлозија во облик на Супер нова. Тоа се елементите Јаглерод и Водород односно нивните соедниненија кои со два збора се нарекуваат органски соединенија.

Бидејќи хемијата и физиката се идентични секаде во универзумот, шансите истиот настан да не се случи и на друго место и да постои живот се бесконечно мали, но не се еднакви на 0. Ние како збир на органски соединенија немаме некоја објективна смисла :) целосно сме уништливи без некоја посебна последица и целосно сме повторливи исто така без некоја особена причина.

(напрај ми интересно да ми е, те молам)

А, на каде целиш со ова?? Уствари, ние сме богови? Или како?
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Да го изживееш на свој , уникатен и единствен начин за да бидеш среќен и да правиш добрини на секое поле.
 

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
35
Па искрено јас имав многу одговори на тоа прасање но пред 3 години станав татко и гледајки го синот како секојдневно расти живее твори, мислам дека смислата треба да ја бараме само во размнозувањето, патем се слуцуваат сите лоши и добри работи, но мојот живот така доби смисла, покрај детето и јас се родив.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да ја спознаеш темната страна на животот, а да ја живееш светлата, лесно е да го напишеш тоа, а тешкото е да го постигнеш, животот е подарок, радувај му се со секое будење, смртта ќе ти го даде одговорот за смисолот, ако не лично, тогаш на тие кои ќе бидат сведоци на твојот погреб.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да се доискажам, пронајдов смисол во зборовите на еден колега, другар, пријател, људина, откако седнавме на пиво вчера после долго време, ми рече " Добро зошто не го правиме ова почесто", исто и пронајдов смисол и во зборовите кои ги помислив дур го пишував ова "Ме заболе ако не ме лајкувате", така да се додека имате личен избор, не ви треба смисол.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Headache and Beauty&Beast

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
Секој различно ја протолкува смислата на животот, јас би ја протолкувала дека е... Кога би остарела со мојот будуќни иден сопруг, кога би имале хармонија, разбирање и без кавги да си го поминеме векот. Кога би си ги изнеле децата на прав пат, во ова ненормално време и кога би биле спомнувани од истите, кога ќе се присетат со љубов на нас и со гордот да би се кажеле кој се, што се и во што израснаа. Толку! :)

Не би имало поубаво од тоа... Спокојството како во овој свет, така и во другион. И ние, а и тие што ги оставаме зад нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: adrenalin

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Најголема смисла во животот , би ми била кога децата ќе ми бидат сложни како додека сум била жива . Кога ќе бидат доволно човечни да пружат рака на оној кој нема , да имаат среќен живот со своите избраници , да имаат пристојна работа и да можат да врзат крај со крај . Тежнеам да бидат изведени на прав пат од мене како родител , се чуствувам одговорна да ги оспособам и самите да се снаоѓаат во животот , а не да бидат размазени ка шо имам примери околу мене , незнаат едно јајце да испржат , да не се мама и тате ќе умрат за јадење |-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Смислата на животот на еден човек е - да биде човек. Човекот многу одамна престанал да биде човек и затоа има потреба да бара смисол во се, чувствува дека неговото постоење не го исполнува она за што е создаден во овој универзум, само жалосното е што повторно одговорот се бара на погрешно место, во нешта што не се ни малку човечки.
Животните и децата не бараат смисол во нештата. Човекот кој перцепира рационално би рекол дека тоа е затоа што тие немаат развиена свест и ке се чувствува супериорно во однос на нив поради тоа што тој одамна го разбрал значењето на терминот - смисол, човекот емотивец би рекол дека тие не умеат да си ги распознаваат чувствата, ке се вообрази и ке сака да им наметне смисол, преправајки се дека знае како им чука срцето на послабите од него.
Вистината не е ниту во умот, ниту во срцето, туку во очите на оние кои живеат во секој момент и кои се среќни поради своето постоење, со и без смисол.
Смислата на животот е да се биде среќен и без смисла.
Да се биде она што си и без некоја посебна причина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe and corki