Која е смислата на животот?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Понекогаш е омразата....понекогаш очекувањето на падот...der untergang...отсекогаш ми се допаѓал овој збор, односно од кога се појави филмот ама нема врска со филмот...
 

Јанасум

Нов член
16 јули 2016
21
10
3
Пред некој ден,после скоро една година,се сретнав со добра стара пријателка и се разбира дека седнавме на кафе моабет да видиме што биднувало за тоа време.Работи во пензионерски дом и кога ја прашав како и е на работа,ми одговори дека е исто како да работи во градинка:менува пелени,ги учи да одат,ги шета,ги рани,облекува,забавува,бања,им сече нокти,ги чешла,бричи,но сето тоа со една разлика,во градинка доаѓаат весели родители и насмеани ќе си ги земат децата за да другиот ден повторно ги донесат, а тука во домот,ретко кога ќе дојдат во посета блиските а камоли некој да ги земе и да ги однесе дома.Поентата ми беше на мислењево каде е тука смислата на животот?
Тоа е смислата на животот,само зависи кој ќе го разбере тоа:(
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
Вака сега, смислата на животот, постоењето наше, се е тоа искушение. Овој е лажен свет, свет полн со злоба и пакости. Ние луѓето сме многу злобни. Барајте ја смислата на животот со тоа што прво ќе си ја отворите душата и дозволите да и влезе светлина и многу, мнооогу љубов. Душевен мир, спокојство.
Верувам дека Аллах, за сите ни има скроено некој план... Јас верувам во задгробен живот, во светите книги. :*:)
А,треба и вие :(
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Смислата на животот (поетично издание)

Да го најдеш детето во старецот,
блискиот во странецот,
вистината во лагата,
среќата во тагата,
небото во облаците,
ноќта во ѕвездите,
стихот во римата и без неа,
љубов во ебењето,
поколението во луѓето,
ако ти се плаче,
плачи,
ако ти се смее,
смеј се,
ако ти се спие,
спиј,
и не чекај го утрото,
да го направиш светот подобро место,
и после тебе,
секако друг ќе ја бара,
таа смисла,
на која често забораваме,
без која можеме,
кога сакаме,
а знаеме,
така ебено да сакаме,
и одсакаме.
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
Смислата на животот (поетично издание)

Да го најдеш детето во старецот,
блискиот во странецот,
вистината во лагата,
среќата во тагата,
небото во облаците,
ноќта во ѕвездите,
стихот во римата и без неа,
љубов во ебењето,
поколението во луѓето,
ако ти се плаче,
плачи,
ако ти се смее,
смеј се,
ако ти се спие,
спиј,
и не чекај го утрото,
да го направиш светот подобро место,
и после тебе,
секако друг ќе ја бара,
таа смисла,
на која често забораваме,
без која можеме,
кога сакаме,
а знаеме,
така ебено да сакаме,
и одсакаме.

БРАВО...
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Семејството,мајка ми и татко ми,брат ми,најсаканите
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не знам за другите но за мене смислата на животот е самиот живот, периодот во кој што сме живи, дишеме.
Колку планови, сонови и желби да имаме во секундата кога ќе престанеме да дишеме ќе престанат и тие да постојат.
Затоа смислата на животот ја гледам во самиот живот, толку е кревок што без него и нас не нема.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Додека сме деца, смислата на животот ја гледаме во тоа да пораснеме. Кога ќе пораснеме пак, смислата ја гледаме во тоа да останеме деца барем во душата.Сепак одговорот е дека смислата на животот е индивидуална. За некој е материјална, да стекнат богатство, да купат, да изградат, за други е емотивна, да сакаат, да бидат сакани, да бидат слободни. Јас мислам дека вистинската смисла на животот доаѓа после него. Ако сме го проживеале животот и сме оставиле нешто вредно да не спомнат и да се сетат на нас и тогаш кога ќе не нема, дури тогаш нашиот живот добива смисла. Сме биле сакани поради тоа што сме биле, сме сакале доволно за да останеме во нечие срце и да бидеме спомнати, нашиот живот не бил залуден.
А до тогаш треба да живееме и да бидеме среќни, да сакаме и да бидеме слободни, да помагаме и да прифатиме помош, да продолжиме да ја бараме "смислата" преку развивање на свеста, да работиме на себе и да одиме понатаму.